Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

На Балканот творат талентирани луѓе

Споредувајќи ја наградата „Балканика“ со „Гонкур“ и „Букер“, Василе Андру, рече дека таа креира литерарни вкусови

Невена Поповска

До синоќа во Скопје пристигнаа речиси сите автори и членови на меѓународното жири за доделување на наградата „Балканика“. Годинава единствено Труција е без свој претставник, додека доцна синоќа пристигнаа претставниците од Грција и Албанија. Од денеска веќе ќе почне жирирањето за престижното литературно признание што веќе единаесет години се доделува. Претседателот на жири-комисијата, романскиот писател Василе Андру на вчерашната средба со новинарите, наградата „Балканика“ ја спореди со „Гонкур“ и „Букер“ и потенцираше дека сите членки на Фондацијата треба да работат на тоа таа што подолго да опстане. „Балканика“ создава вкусови, рече Андру, таа креира литерарни вкусови со тоа што препорачува дела од овие простори наспроти агресивниот настап на презентирање на американските или европските писатели.“

Покрај признанието кое еден автор го добива со наградата „Балканика“, според пропозициите на Фондацијата секоја издавачка куќа членка на Фондацијата има обврска наградениот роман да го преведе на сопствениот јазик. Досега тоа некако бавно се одвива. Единствено бугарскиот лауреат Антон Дончев е преведен на 17 јазици, романот на Василе Андру, „Небесни птици“ е преведен на пет јазици, а „Папокот на светот“ од Венко Андоновски е преведен на српски, грчки и бугарски јазик.

За тешкотиите околу сппроведувањето на оваа обрска, како и за преведувачката работилница која функционира веќе две години во рамките на Фондацијата информираше Николај Стојанов, претседател на Фондацијата „Балканика“. Според него тешкотиите со преводот се најмногу од субјективни причини со кои досега Фондацијата успешно се справувала, заменети се издавачите-членови на Фондацијата кои не ги завршувале обврските навреме и се надева дека во најскоро време ќе бидат објавени преводите на албански, романски и турски јазик на романите на досегашните лауреати на ова признание. „На Балканот творат многу талентирани луѓе и таа литература треба да се претстави на европската и светската јавност“-рече Стојанов.

Македонски претставник за наградата „Балканика“ е делото „Приватни светови“ од Лилјана Дирјан, а „Хамам Балканија" од Владислав Бајац, претставник од Србија, од Романија – Аура Кристи со романот „Северни елегии" – поезија; од Грција - Такис Теодоропулос со романот „Левата Рака на Афродита", од Бугарија – Алек Попов со романот „Црната Кутија" и од Албанија - Башким Шеху со романот „Ангелус Новус". Член на Меѓународното жири од минатата година е Елизабета Шелева, која како што информираше сеуште активно ги препрочитува преводите на делата кои се во конкуренција за наградата.

Според пропозициите гласањето ќе се одвива во три круга во текот на денешниот ден, а одлуката ќе биде соопштена и свечено врачена в недела во 14 часот во хотелот „Холидеј Ин“.

Наградата „Балканика“ се доделува од 1997 година. Таа година му беше доделена на Давид Албахари. Во 1998 година наградата ја доби бугарскиот писател Антон Дончев, во 1999 година-Никос Баколас од Грција, 2000 година-Василе Андру од Романија, а по него следеа: Венко Андоновски, Фатос Конголи, Офер Тунч, Димитур Шумналиев, Маро Дука и Ташин Јукчел.


Статијата е прочитана 132 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
Виктор Фридман стана „Духовен воин“ на Македонија
Валтер Карвалјо ја прими „Златна камера 300“ за животно дело
Богата програма на „Скопскиот џез-фестивал“
Во Битола ќе се одвива паралелно затворање на „Браќа Манаки“
Новото ЦД на кларинетистот Тале Огненовски оценето како феноменално