Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Валтер Карвалјо ја прими „Златна камера 300“ за животно дело

Светскиот кинематограф од Бразил Валтер Карвалјо е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело која ја доделува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Наградата на Карвалјо, за неговиот придонес во светската филмска уметност, му беше доделена прексиноќа од страна на директорот на фестивалот Томи Салковски. „Доделувањето на наградата ’Златна камера 300’ за животно дело ја вреднуваме како најважен дел од нашиот фестивал“, рече Салковски, кој потсети дека Карвалјо е најмлад и трикратен победник на „Браќа Манаки“.

„Оваа награда е најзначајна награда во мојот живот и прави да се чувствувам како да почнувам со мојата работа од почеток. Наградите носат многу задачи и одговорности“, рече Карвалјо.

Валтер Карвалјо, кој работи и како сценарист, режисер, фотограф и продуцент, има создадено над 60 играни филма и освоено над 40 престижни награди. Добитник е на „Златната мечка“ во Берлин во 1998 година за фотографијата во филмот „Туѓа земја“. (К.Р.)


Статијата е прочитана 62 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
Виктор Фридман стана „Духовен воин“ на Македонија
Богата програма на „Скопскиот џез-фестивал“
На Балканот творат талентирани луѓе
Во Битола ќе се одвива паралелно затворање на „Браќа Манаки“
Новото ЦД на кларинетистот Тале Огненовски оценето како феноменално