Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Каде ќе заврши шутот од „Космос“?

Инвеститорот е должен да исчисти, но засега му е забранет влез во објектот

Деспина Трајковска
Горан Адамовски


Купишта шут и натаму го „красат“ претсобјето на деловниот комплекс „Космос“ во скопска Гази Баба. Двата дена пауза по минирањето на објектот, за кој надлежните тврдат дека е надграден незаконски, ја легнаа прашината на земја. Што ќе биде понатаму, засега е нејасно, бидејќи од Општината цврсто уверуваат дека до крај ќе ги испочитуваат законските прописи, додека инвеститорот Фијат Цаноски е убеден дека до крајот на идната година ќе успее да го изгради станбениот комплекс. Во меѓувреме, битката ќе се пресели и во судовите.

Без оглед како ќе заврши овој случај, на кој многумина му лепат политичка етикета, градежниот шут ќе мора да се отстрани. Прописите предвидуваат дека тоа е обврска на инвеститорот.

„Но, како да исчистиме кога воопшто не ни дозволуваат да влеземе внатре“, прашува Катерина Цаневска, портпаролка на Фијат Цаноски. Од инвеститорот „Фине“ апелираа до надлежните да се повлечат за да можат нивни екипи да ја проценат штетата од уривањето, да го расчистат шутот, да го санираат тоа што може да се спаси и да продолжат со градење.

До кога ќе трае акцијата на надлежните и вчера не добивме одговор од Општина Гази Баба. Објектот и натаму се чува со полицајци и внатре не е дозволен пристап.

Од „Комунална хигиена“ и од ЈП „Дрисла“, кои се најискусни во подигањето на градежниот шут и ја поседуваат потребната опрема, потврдуваат дека досега од нив не е побарана услуга за подигање на шутот од „Космос“. Доколку одлучат да ги ангажираат, ќе треба да и' платат 480 денари за еден тон на „Комунална“, или 200 денари на „Дрисла“ за подигнат еден тон шут. Поевтина е услугата што ја нудат од „Дрисла“. Тие практично наплаќаат само за положување на непотребниот градежен материјал во специјалните локации што ги поседуваат за таа намена и кои, всушност, се единствените легални на подрачјето на Скопје.

„Кај нас истовар на еден тон шут чини 200 денари. За тие пари тој што има потреба од таква услуга, всушност, е сигурен дека нема да се соочи со никакви санкции, оти единствено истурен шут во ‘Дрисла‘ е легално истурен шут“, вели Горан Ангелов, директор на „Дрисла“.

Иако не е дозволено остатоци од урнати објекти и друг вид шут да се истовара каде било, што е законски санкционирано со големи парични казни, сепак, според Ангелов, не е голем бројот на оние што го фрлаат шутот во „Дрисла“.

„Не дека нема фирми или поединци што бараат услуга кај нас. Но, сепак, бројот е незначителен, имајќи предвид дека речиси преку целата година се гради или се урива од одредени причини“, додава Ангелов.

ОД ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека тие нудат комплетна услуга за третман на шутот, која чини 480 денари по тон. Претпријатието не само што го истовара шутот во легалната депонија во „Дрисла“ туку врши и транспорт на непотребниот градежен материјал. Дури овозможува и најмување на наменски контејнери од 5 или 7 кубици во кои може да се положи шутот.

Не е јавна тајна дека голем број фирми и поединци го разнесуваат шутот на недозволени локации, но досега јавноста не била информирана за тоа дека се соочил со големи парични казни. Општинарите, чии комунални инспектори имаат овластување да ги санкционираат недисциплинираните, често се правдаат дека недоволниот број инспектори е причината што не можат да ги „уловат“ оние што истураат шут каде што ќе стигнат. Досега, единствено од општините Карпош и Аеродром беа успешни во справувањето со недисциплинираните. Аеродромци во два наврата регистрираа и санкционираа фирма која недозволено истураше шут на кејот. На подрачјето на Карпош, пак, лично градоначалникот Стевчо Јакимовски „улови“ несовесен жител како исфрла непотребен градежен материјал на патот кон Нерези.

До неодамна јавна тајна беше дека омилена локација за истурање шут на несовесните им беше кејот во Аеродром, но откако таму масовно почнаа да се градат игралишта и објекти, практиката стана минато.


#
Статијата е прочитана 1548 пати.

Испрати коментар

Од: Тони
Датум: 19.08.2011 00:42:02
нека му го истоварат на тој сељакот Тони градоначалникот.бидејќи не добил станови како мито,му ги покажал селските мускули на Фијат.која селедра од држава ни направија ова вмровците.божееее
Од: meri
Датум: 19.08.2011 03:07:19
koj rusi toj i da go odnese smetot. a kade? pa kaj tie sto naredile da se rusi , a moze eden del i kag gazdata i familijata mu,da im gi krasi dvorovite vo velelepnite vili, aa gazdata moze da si go zakiti balkonot. i se tie da platat!
Од: da_mi
Датум: 19.08.2011 06:10:12
До кога ќе ја замајуваат јавноста дека требало да проценат каква била штетата, да санирале што можело да се санира и да продолжеле со градење... а објектот отстапува од маркицата од темел. Значи, објектот треба целосно да се урне и ако сака инвеститорот од ново да почне со градба на објект со габарит по одобрението за градба! Изгледа му е страв дека ќе почнат измамените купувачи на станови да си ги бараат парите назад, бидејќи сигурно е дека никој не бил свесен дека купува стан во дивоградба!
Од: zoki
Датум: 19.08.2011 06:38:38
Najdobro pred Vladata.........od tamu e stignato NAREDJENJETO..........
Од: jimmy1
Датум: 19.08.2011 07:33:55
Tie sto miniraja treba da go ocistat sutot i da ostavat cisto kako sto bilo pred rusenjeto. Del od sutot da se isturi kaj ovcata Toni a del pred vladata i pred stanovite na lopatarot. Fiat da im dadese po 2-3 stana na lopatarot Grujo i na ovcata Toni nemase Kosmos da se rusi, togas sve ke bese gradeno zakonski. Taka e koga kaj nas lopovite caruvaat, VMRO-ovska lopovska banda
Од: џубраџија
Датум: 19.08.2011 08:15:30
Многу добар и информативен напис. Дали имате информации каде ќе може да го истовараме дворскиот шут кога ќе се смени власта? Дали ќе биде дозволено фрлање во Вардар?
Од: snajper
Датум: 19.08.2011 11:10:42
Fijat canovski treba da gi dade na sud site zamesani vo stetata sto mu e napravena, no toj odi tokmu kaj volkot vo usta, bara pomos od branko, a ne gldea deka se raboti za udbaska koalicija sdsm-dpmne.. koga se dpmne na vlast toj treba da e so branko, koga se sdsm na vlast treba da e so grujo, a i ednite i drugite mu go pravat istoto.. i velija treba da gi dade na sud prvo brankovci za ne isplata na sredstva so koi toj trebase da si go pomiri 'dolgot' to tokmu brankovci i grujovci mu go napravija.. no se dodeka ne go napravi toa, i ne mu se razjasnat rabotite (sto ke bidi za skoro vreme0, do togas ke bidi vo pritvor, a site vistinski krivci za slucajot so sestrinskite firmi poveke ne se vo pritvor, site tie direktori od tipot na kociski i ostanatata udbaska bagra..
Од: princ od torbesija
Датум: 19.08.2011 15:48:36
se secavam toa bese neodamna od kako PEI na celo so Fijat Caniski go pokrena prasanjeto na Torbesite , na najstradanite od site malcinstva vo ovaa drzava koj na DPMNE mu e trn vo oci i toa sega e osveta na site Torbesi, prvo pocna so Skay Wings na Adnan i Ajan Gaferoski dobro znaeme kako VMRO gi skina tifko i tajno , potoa A1 na Velija Ramkoski i negovite firmi koj i den denes trmi po zandani ,a sega dojde na red Fijat Canoski koj odluci da se trgne od koalicija so VMRO i toa e sega osveta voedno i da gi skroti Torbesite od nivnite sposobnosti so eden zbor .Torbesite nese pozelni vo oaa drzava ,ama edno da nese zaboravi Torbesite izdzale so vekovi i mnogu maki ce go izdrzat i ovie od VMRO i ke preziveat ,,selam Torbesi,, allah e so nas, ve molam objavetego ovoj komentar fala

Најди! во Утрински
Политика
Жешко писмо од Хилари Клинтон до Никола Попоски
Иванов и Груевски на ифтарска вечера
Политиката сака да им биде старател на младите
Ифтар за тетовци на турски начин
Беџети членува, ама без право на глас во Судскиот совет
...И уште нешто

"""