Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Контрапункт

Спектаклук: болвја свадба

Никола Гелевски

Спектаклук ја објаснува малограѓанско-болшевичката потреба од големи гестови, во кои се вградени импозантни количества примитивизам и насилие

Во 1937 година, за време на најстрашниот терор на Сталин, двајцата советски гении, писателот Исак Бабељ и филмскиот режисер Сергеј Ејзенштајн, во домот на Ејзенштајн гледале едно филмче, кое режисерот го донел од Мексико. Филмчето се викало „Болвја свадба“. Во краткиот филм „играле“ болви: болва-младоженец во фрак, болва-невеста во чипки, налицкани болви-сватови... За оваа фасцинантна случка сведочи вдовицата на славниот писател Исак Бабељ, педесет години подоцна, во своите мемоари, се' уште чудејќи се како нејзиниот сопруг и славниот режисер Ејзенштајн имале волја да се мајтапат и да се шегуваат во исто време додека Сталиновата ноќ голтала стотици нивни колеги и стотици илјади по разни основи неподобни советски (а богами и доста несоветски) граѓани. Наскоро по таа весела вечер и Бабељ ќе добие куршум во чело. Ејзенштајн ќе почине десетина години подоцна.

Бабељ и Ејзенштајн не биле луди. Не биле ниту кукавици. Се бореле против теророт колку што можеле, најмногу со својата уметност. Но, таа чудесна сцена на гледањето на „Болвјата свадба“ како во себе да го сосредоточува целиот луд 20 век. Векот на крајностите. Векот во кој трагедијата и комедијата се преплетуваат во најшироки замави, како двете раце на некој чудесновишен куклар.

Има еден многу интересен ноар филм на Чарлс Лотон, „Ноќта на ловецот“ од 1955 година, во кој Роберт Мичам игра монструозен и психотичен свештеник кој прогонува две деца. Свештеникот е убиец, давител, кому на едната рака му пишува hate - омраза, а на другата love - љубов. Мичам тука ја најавува својата слична виртуозна улога во едно друго ремек-дело на ноарот, филмот „’Рт на стравот“ на Ли Томпсон од 1962 година. Постои и една посовремена верзија на „’Ртот на стравот“ на Мартин Скорсезе, од 1991, со раскошно тетовираниот Роберт де Ниро во улогата на суров осветник кој излегува од затвор. Мојот чудесновишен куклар, значи, не само што со двете спротивставени раце ги управува куклите и болвите, туку и самиот има спектакуларно ишарано тело, иако се наоѓа зад сцената. Има едно антологиско парче во поновиот филм на Скорсезе, кога стариот Роберт Мичам и Ник Нолти го гледаат во полициска станица, зад стакло, соблекувањето на опасно набилданиот и со десетици пораки и цртежи истетовиран разбојник, Роберт де Ниро, кој згора на се' преку целиот ’рбет има врежан огромен крст.

А тргнав, всушност, да пишувам за скопскиот плоштад!? За споменикот на Александар Македонски висок 22 метра! Тргнав, ама заталкав. Не ми излегува од глава дека „Болвја свадба“ е единствениот наслов што може да ја опише културната политика на една Влада сосема поместена и од умот и од вкусот. И тешко дека некој може подобро да го долови планираниот спектаклук на градскиот плоштад од телото на Роберт де Ниро во Cape Fear - чиста ликовна еманација на лудило и агресија.



Спектаклук, исто такa, е збор којшто кај актуелните дрматори успева да го долови чудниот спој меѓу нивната амбициозност и простаклук; зборот спектаклук токму ја објаснува малограѓанско-болшевичката потреба од големи гестови во кои се вградени (просто како скелет, како крстот на грбот на Де Ниро) импозантни количества примитивизам и насилие.

А, всушност, ептен не ми се пишува за нив. Текстов е гледање „Болвја свадба“, на некој начин. Кипот на Александар Македонски, колку и да е голем, всушност наликува на болва-младоженец во фрак. Иако во политичка смисла таа скулптура е Тројански коњ (како што суптилно забележа сосема аполитичниот архитект Минас Бакалчев), таа сепак е болва; во културно-уметничка, во архитектонска и урбанистичка смисла таа статуа е болва врз телото на македонската култура (иако современата македонска култура во моментов повеќе наликува на клопче болви и крлежи отколку на жилава скопска џукела; со неа владеат партиски идеолошки и пропагандни мислители кои имаат длабочина на кафена тацна и интелигенција помала од бројот на чевлите што го носат).

Но, кога велам дека Александар е болва врз и онака сосема истоштеното тело на нешто што некогаш се нарекувало „македонска култура“, не мислам дека треба да го занемариме спектаклукот на нааканите примитивци, да се затвориме дома (како што сме затворени) и да го пуштиме филмчето „Болвја свадба“, тешејќи се дека и нивната свеќа ќе згасне, како секоја што згаснала.



Потребен е отпор. Потребни се најразлични форми на отпор. Шега и пародија - да, секако, но и создавање подобра уметност и култура од онаа на кичерските варвари што пустошат корумпирајќи и заплашувајќи. Можам да го разберам дури и игнорирањето на реалноста, на пример, занемарувањето на македонските медиуми, од кои добар дел го слават преродбеничкото лопатарство и груевистичкото устројство-растројство. Сето тоа се трудам да го разберам, зашто и самиот сум фатен во стапицата; животот, умот, вкусот, сензибилноста и суптилноста ни ги изедоа обидите да му се спротивставиме на растројството што постојано ни го продаваат како устројство. Од друга страна - нема друго. Мора да се спротивставиме. Секој според својата мерка. Самите треба да бидеме токму мерката на она малку што преостанало од цивилизираноста во нашата средина. Формите на тој отпор, повторувам, можат да бидат најразлични, но сите нив ги поврзува минимумот одговорност за градот и државата и минимумот граѓанска с(о)вест.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 1682 пати.

Испрати коментар

Од: stefan
Датум: 12.05.2009 00:08:24
odlicna kolumna
Од: Itar Pejo
Датум: 12.05.2009 00:19:08
Sega se dozna skulptorkata na statuata. Veli deka bil objaven konkurs, se kandidirala so svoj proekt i pobedila na konkursot. Do pred nekolku dena seto toa bese drzavna tajna. Sega da prasam: kade bil objaven toj konkurs, kj bile drugite kandidati, koga i koj ja proglasil za pobednik? Legano li e seto toa?
Од: sasko
Датум: 12.05.2009 00:28:31
Samo napred ti Nikola Veliki (covece...) so tovjata ideja za nasilen otpor protiv ovaa nenarodna?!? nekomunisticka vlast. Izlezi na branikot na tatkovinata, demokratijata, komunizmot i socijalistickata ideja i udri po TIRANIJATA. Ama covece vece ednas izlezi ko maz i objasni gi na rajata ideite za socijalistickata renesansa. Daj nekoi konstruktivni predlozi za izlez od torturata na demokratijata. Ocigledno narodot ne znae sto e dobro i treba da mu se kaze vise ednas
Од: mitko da dopolni
Датум: 12.05.2009 01:27:06
Nekako slaba ti e statijata, ama barem temata ti e na mesto. Da pocneme, toj golem spomenik ke prestavuva svedostvo za dosega nevidenata duri i na ovie balkanski prostori mizerija na eden narod koj e nesposoben da napravi bilo sto drugo osven da krade tuga istorija Luge od cel svet ke doagaat tuka i ke se slikaat pred nego i potoa cel zivot ke se smeat na smesnata slika. Volkav prostakluk, nekarakternost i beda jasno ke sozdade mnogu golemi problemi so nasite sosedi (ne samo Grci) koi nedvosmisleno ke dojdat do zaklucok deka e vreme da se obracunaat so Makedonceto i deka pri toa mnogu lesno ke pominat. Seta ovaa rabota drasticno ke se iskomplicira so licata koi sega masovno zemaat bugarski pasosi. Prasanje: Dali mislite deka ova nacija so luge koi koga im treba pasos lazat deka se Bugari a koga ke go zemat toj pasos lazat deka se potomci na Aleksandar Grcki ke prezivee? Dali takva mizerna nacija zasluzuva drzava? Drzava clenka na NATO i EU?
Од: Unreal city
Датум: 12.05.2009 02:31:30
"Nikogash ne go preziraj zloto, kolku i da izgleda malo. Zloto nikogas ne doagja samo, tuku se povrzuva so drugi, isto kako i mozaikot na srekjata." Gracian, 1601-1658
Од: Ace od Avstralija
Датум: 12.05.2009 03:41:36
Otporot ce pocne koga cela garnitura od SDSM ce si odi na celo so Branko, plus takvi pristrasni novinari do daska kako tebe sto glumite neutralni i " intelegentna svest" na Makedonija. Do togas, VMRO ce vladee spokojno i daj Boze vo sekoj grad i selo po eden spomenik za Aleksandar i site anticki heroi da niknat, za da puknete od maka i da se otarasime od takvi elementi sto ja mrazat svojata zemja i poteklo.
Од: Marx
Датум: 12.05.2009 03:59:33
Seloto se osvetuva na Gradot, moj Koljo i od toa nema spas. Kako zombi, poleka no sigurno ja zazedoa sekoja peda od toa sto bese grad. Ne samo Skopjevo, cela Makedonija e ista. Avtohtonite gradski vresdnosti izumreja. Otpor, kanso e za otpor moj Koljo, ruralnata tiranija ke potrae....
Од: goce
Датум: 12.05.2009 04:03:25
mislam deka aleksandar da se sporedi so bolva e mnogu navredlivo i nisko da go kaze nekoj nepismen covek a ne pak diplomiran novinar -kultna licnost koj ostavil tragi vo zivotot na mnogu narodi i sekoja drzava bi go sakala da bibe nejzin nacionalen simbol.Vtoro nema zasto da se sprotistavuva narodot- mnozinstvoto si rece sto saka a na nekoj ako ne mu se dopaga ova moze samo da negoduva
Од: petko
Датум: 12.05.2009 06:27:08
Gele imas pravo , spomenikot na Aleksandar ke izgleda kako bolva vo sporedba so 3te stokatnici sto gujo ke gi gradi odsprotiva na holidejin .
Од: Alek
Датум: 12.05.2009 09:02:11
Да Колја, треба отпор, колку и да е доцна. Да се надеваме дека од обиколката наГЕМ ќе произлезе некој поконкретна иницијатива. РУРАЛНА ТИРАНИЈА велиш, Marx? Брилијантен термин за еден дооооолг процес на губење на вредностите, ставање на провинцијализмот на пиедестал (не ме сфаќајте погрешно, и јас сум од внатрешноста) и уназадување на македонското општество. Комплименти!!!
Од: seuste kulturen
Датум: 12.05.2009 09:11:29
Bravo Kolja, arno ama ne se davaat ovie moderatorive na Kic mitologiiite! Nacional socijalizmot divee i vo svojata orgijasticka ekstaza ke postigne klimaks so ispoganuvanjeto na se ona sto bi trebalo da ni bide zadovolstvo i nacionalna gordost. Poganstinata e taa sto stana karakteristika na primitivcive od ekipata na Gruevski! Kuceto lae karvanot vrvi, denes ke se promovira uste eden spomenik preku likot na Djole Stick! Arno ama ne im se davam, kreteni, ama ova kuckanjevo ne pomaga dragi prijateli!
Од: tanja
Датум: 12.05.2009 09:18:38
Inteligentno i pismeno kako i sekogas. Sekoja cest.
Од: NATO-JATO
Датум: 12.05.2009 09:36:24
Bravo za komentarot na Ace-Avstralija. Da bese spomenik na Tito i od 220 metri ke molcea a sega se im smeta samo da se doberat do vlast i rodenata majka ke si ja prodadat. A, kolku za prostaklukot se vide Ma-kraduli vcera toa e nivnoto nivo!
Од: Quo vadis?
Датум: 12.05.2009 09:55:14
Do Mitko: I jas mnogu cesto si go postavuvam toa prasanje i pratejci ja Istorijata na ovie prostori nanazad, se prasuvam kakov sklop i entitet prestavuva voopsto "homus macedonicus". Sto e voopsto, sto saka da bide i sto ima vo sebe?Inakum statijata e odlicna kako satiricna asocijacija na ova nase komicno kicerajsko ludilo. Toa sto nekoi ne ja razbrale , ne im zameruvajte.Tolku im se mentalnite kapaciteti i mocta na rasuduvanje.
Од: Bobi
Датум: 12.05.2009 10:03:12
Poleka ama sigurno OTPOROT pocnuva. pssssssss Branko doaga ne se plasete ke gi snema ovie lazni kic patrioti .
Од: Ozi
Датум: 12.05.2009 10:16:37
Konecno dobra kolumna posle podolgo vreme. Bez kukanje i baranje greski vo drugite. No komentarov go pisuvam poveke do moderatorot koj navistina treba da go cenzurira (barem potpisot na) gnojot Ace "od Avstralija" koj ocigledno dezura na kolumnite na Kolja po direktiva i doaga direktno od centarot na makedonskata metropolalalala. Makedoncite od Avstralija so magla vo glava kako taa na Ace ne go citaat Kolja a uste pomalku i go razbiraat. A da ne zboram deka ne dosle vo Makedonija so godini da znaat sto napravil SDSM pa so toklava omraza samo edno te isto da verglaat protiv SDSM. Ace mi zvuci ko Vlatko Gorcev, to pa to pa to...
Од: јас
Датум: 12.05.2009 10:41:50
До Ace od Avstralija ! Тие шо се' уште си ја сакаат своојата земја , останаа во неа , а таквите како тебе ЈА НАПУШТИЈА .! Тие се предавниците на Македонија, а не оние кои се борат Македонија да биде подобро место за живеење.
Од: skopjanka
Датум: 12.05.2009 11:10:22
g-dinot d-od avstralija neka dojde malku tuka da pozivee pa da go vidam koga ke nema da gi skoluva decata koga ke mora da go stiska sekoj dinar da go prezivee mesecot lesno e od strana seir da se gleda i um da se dava ,so tie pari sto gi frlija na spomenici koi se vprocem najgolem kic i nikako ne se pklopuvaat vo ambientot ima mnogu popametni raboti da se storat vo ekonomijata za narodot da raboti i da zema dohod.koj kako ke dojde na vlast si leci frustracii i trosi narodni pari .jas samo se prasuvam kade e inteligecijata da se krene protiv ovoj vid na obezlicuvanje na gradot?
Од: Predrag Terzioski
Датум: 12.05.2009 11:20:59
Kolja , kaj e drugar ti Aco Depresija da se sprotivstavi? Samo go cekam sekoj den da se pojavi so vo svoj stil "visokostrucno"i "teoriski podkovano"pozitivno mislenje za idiotlucive. Za toa i go plakaat zar ne, a od nesto mora da se zivee?
Од: Hefajstion
Датум: 12.05.2009 11:25:00
Do Ace od Avstralija;: Sto znaes, kutar ti i golemata bulumenta takvi kako tebe od dijasporata za Aleksandar? Sto ste procitale za nego? Koga na edna vecera, sto si ja organiziravte na skopskoto Sajmiste ( ne se sekavam koja godina bese), vi bese ponudena da ja kupite knigata " Istorija na Aleksandar Makedonski"i od Kurtij Ruf. Jadevte, pievte, peevte patriotski pesni, plativte golem ceh, a od 2000 golemi i gordi Makedonsci na vecerata, samo trojca ja kupija knigata. Drugite se si znaat, ne treba da citaat koj bil i sto pravel Aleksandar za da zasluzi tolkava ljubov od vas. Nepismena raja ( cest za isklucocite), koi se djilitaat kako znalci i "patrioti", Podignete mu spomenik vo selata od kade sto ste emigrirale; ne se obiduvajte da ni go nagrdite rodniot grad. Da te prasam, znaes li koj bil Hefajstion, ti sto znaes se i vo sekoja mandza sakas da bides mirudija. Da si umen, bi se trudel da si go skries prostaklukot i ignorancijata.
Од: јована
Датум: 12.05.2009 12:08:41
Лесно е да си патриотски настроен кога мевот ти е полн и си ги ладиш нозете од другата страна на океанот.Да си невработен и да не знаеш како да го поминеш денот, како да заработиш за леб ќе ве видев колкави патриоти ќе бевте.Александар сакал да го обедини светот освојувајќи го.И Хитлер тоа го сакал .Во што е разликата?
Од: kleopatra
Датум: 12.05.2009 12:32:20
Spomenik na Tito od 22 metri ce bese opravdan, bidejci toj ja kreira Makedonija. Da ne bese toj, kako sto vece napisa nekoj citatel, na site preziminjata ce ni bea na -ic. Srpski. Prema toa, Tito bese zasluzil spomenik. No vakov narod, bez nikakov oset za identitet i nacionalnost, koj den denes se proglasuva Bugarski zaradi pasos, gi pluka Grcite a redovno letuva na nivno more - ne ni mu treba nadvoresen neprijatel. Samounistuvacki narod. Ako nekade postoi vo svetot podobar primer za samounistuvacki narod, javete mi.
Од: MMM
Датум: 12.05.2009 13:25:32
Odlicna kolumna no za zal malku lugje kje ja razberat. A povekjeto kje reagiraat kako onoj od avstralija koj sto verojatno izlegol od nekoja niva i sega cisti tamu wc inja i se pravi pameten. Na site takvi makedonci patrioti treba da im se zabrani vlezot tuka. Ova go kazuvam od svoe iskustvo. Imav prilika da ziveam i rabotam vo pariz 2 godini kako inener po informatika i od druzenjeto so makedoncite zakluciv deka se najlosot nessto sto moze da postoi na svetov. Neverojatni karakteri , frustracii samobendisanot a povekjeto rabotea kako prodavaci i argati u fabriki i doma jadea patlizan i leb za da dojdat u skopje na shoping i na familijata d ai se pokazat. Zalosno e kakvi lugje sme - za razlika od hrvatit pa i od srbit ekoi ziveea tamu. Pozdrav

Најди! во Утрински
Мислења