Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
3410

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (6)

Егзархијата погубна за идентитетот на Македонците

Формирана како самостојна црква, Бугарската егзархија преку училиштата на Македонците им всадувала бугарска национална свест

Виктор Цветаноски


Појавата на Бугарската егзархија во 1872 година и формирањето на бугарската држава шест години подоцна, се главните причини зошто Македонците еден период биле нарекувани Бугари, нешто што сега Софија го користи како најголем адут за да тврди дека тие имаат бугарски корени, дека македонската нација е коминтерновска творба, а македонскиот јазик дијалект на бугарскиот. Егзархијата, формирана како самостојна бугарска црква, се изборила да назначува свои митрополити во седум македонски епархии: Скопска, Велешка, Охридска, Неврокопска, Пелагониска, Дебарска и Струмичка.

Според д-р Крсте Битовски, една од основните задачи на егзархијата била да го шири бугарското национално и политичко влијание во Македонија. Преку отворањето голем број училишта �� преку употребата на бугарскиот литературен јазик во нив, како и во целата црковно-училишна администрација и преку воведување нови, типично бугарски обреди, обичаи, требало да се создадат национално свесни Бугари и да се подготви терен, во даден момент Македонија да се присоедини кон Бугарија.

„Согласно со турските закони, кои ја изедначувале верата со народноста, со создавањето на егзархијата, покрај графата ’Рум-милет‘, за оние што ја признавале новата црква се отворила и графата ’Бугар-милет‘. Така припадниците на еден ист народ, дури и припадниците на едно исто семејство, во зависност од тоа која црква ја признавале, официјално ќе бидат Грци или Бугари, а подоцна и Срби“, објаснува д-р Битовски.

Бугарската пропаганда во Македонија се зголемила со формирањето на Кнежевството Бугарија (1878 г.). Егзархијата, која и натаму имала седиште во Цариград, била финансиски обилно помагана од бугарските влади и имала можност да развие силна религиозно-просветна дејност и да постигне завидни резултати.

Во учебната 1896/97 година егзархијата на територијата на Македонија имала 843 училишта во кои предавале 1.306 учители, а се школувале 31.719 ученици. Пред Балканските војни бројот на училиштата се зголемил на 1.371 со 2.266 учители. Во нив се школувале 78.584 ученици. До Балканските војни (1912) бројот на учениците достигнал над 100.000. Кон таа бројка треба уште да се додаде и бројот на учениците во полугимназиите, средните училишта, потоа на студентите од Македонија што учеле во Бугарија. Покрај тоа, егзархијата под своја управа во Македонија имала 1.331 црква, 294 капели и 273 манастири преку кои на македонскиот народ со верата му ја всадувала и бугарската национална свест.

До појавата на егзархијата, посебно годините меѓу 1840 и 1878 година, биле години на идентификација и делумна афирмација на македонската идеја. Во ова етапа, македонското културно-национално движење, без оглед на неразвиеноста, себеси си поставило задача да се здобие со правото на духовна (црковна и просветна) автономија, развој на македонскиот јазик и неговата кодификација како литературен јазик и обновување на Охридската архиепископија како самостојна македонска православна црква.

Академик Иван Катарџиев во книгата „Македонија 100 години по Илинден“ го посочува примерот на Никола Поп Филипов од Банско во 1948 година, кој реагирал на наметнувањето на бугарскиот јазик во образованието во Македонија и во писмо ќе му предложи тогаш на познатиот бугарски филолог Најден Геров да се создаде „заеднички јазик што ќе го разбираат сите во Бугарија и во Македонија“. Ќе реагира и македонскиот фолклорист Кузман Шапкарев во 1869 година. „Кај нас (во Македонија - н.з.) од најмалиот до најголемиот не знае да чита бугарски, та како би можело да се воведе лесно“, ќе напише тој. Дека не станувало збор за спор на луѓе што говорат на две наречја, говори и една статија за македонското прашање на Бугаринот Петко Рачев Славејков, во која вели: „Некои Македонци се делат од Бугарите по тоа што тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари“.

Во тоа време и Македонија и Бугарија биле дел од Отоманската Империја, а македонскиот и бугарскиот народ ја делеле истата судбина на ропството и на асимилаторската политика на грчката патријаршија, имале иста вера, јазична блискост и исти стремежи за ослободување од турското ропство и од грчката духовна потчинетост. Меѓутоа, бугарската буржоазија, која била помоќна од македонската, се наметнала врз македонското преродбенско движење.

„Македонците, кои самостојно ја започнале својата духовна преродба со нагласена македонска цел – училишта во кои наставата се изведува на македонски јазик со македонски учебници, под притисок на околностите се определуваат за македонско-бугарски компромис во учебното дело. Тоа значи заеднички учебници пишувани на двата јазика. Но, тоа е желба на македонските преродбеници, но не и на бугарските. Тоа, всушност, е почеток на фаталното скршнување од самостојниот развој на македонскиот национален културно-образовен процес и отворање простор за бугарско духовно и национално влијание во Македонија“, оценува Катарџиев.

Д-р Стефан Влахов Мицов нагласува дека македонската нација е создадена врз принципот врз кој биле создадени и другите балкански нации, дека таа не е исклучок, а потврда на правилото. „Пред создавањето на балканските држави, авторите на националните док��рини во регионот гледаат на определбите ’грчки‘, ’српски‘, ’бугарски‘ и друго, не толку на етнички, а, пред се', на политички инструмент за ослободување од ропството, бидејќи самите се нации со политичка конструкција. Во практиката, пред појавата на одделни балкански нации, улогата на национална политичка лушпа се исполнува од религијата, а тоа што Хобсон го нарекува ’протонационализам‘ го вклучува фолклорот, преданијата, обичаите, дијалектните говори, т.е. духовната јатка на еден народ. Полемиката меѓу Бугарите и Македонците за учители, книги и учебници на ’мајчин јазик‘ и црковна самостојност покажува дека Македонците поради својот космополитизам и поради тоа што не и' даваат суштествено значење, ја прифаќаат бугарската политичка лушпа, но само под услов, да ја зачуваат својата народносна јатка“, објаснува Влахов Мицов, подвлекувајќи дека бугарската егзархија и бугарското кнежевство настојувале на Македонците да им го наметне поимот ’бугарско’ и како етничко, а не само како политичко определување.

Притисокот од страна на бугарската држава и егзархијата предизвикал реагирања кај Македонците. „Во прво време Македонците што живееја во кнежевството ја напаѓаа директно бугарската национална политичка лушпа со посредство на организациите, како што се ’Таен македонски комитет‘, ’Словенско-македонска книжевна дружина‘, ’Млада македонска книжевна дружина‘. По забраната и нивното отстранување од Бугарија, нивната дејност продолжува среде Македонците во Санкт Петербург и во Белград. Поумерената варијанта за напад на бугарската политичка лушпа, со акцент врз заштитата на македонската јатка, ја лансира ВМРО, создадена во 1893 година во Солун. Од една страна, внатрешната организација се бори со бугарската државна пропаганда водена преку Врховниот македонски комитет во Софија, а од друга, преку парирање на егзархиското влијание врз животот на Македонците. На егзархискиот пробив во училиштата и школувањето на бугарски јазик и мешањето во раководењето на општините, ВМРО одговори со идеи за автономна и самостојна Македонија“, објаснува д-р Влахов Мицов.

Дека во тоа време верата ја изедначувале со народноста говори и еден документ што го посочува руската историчарка Лина Жила за создавањето на бугарската нација. Во Московскиот универзитет постои писмо од 1845 година од Бугарин, кој се потпишал како Грк. Во писмото пишувал дека на Московскиот универзитет му подарува одредена сума пари со обврска дел од нив да бидат употребени за школување на бугарски студенти кои откако ќе завршат и ќе се вратат во Бугарија, да му објаснуваат на народот дека се Бугари, а не Грци како што се сметале дотогаш. Бугарите во тоа време биле под Грчката патријаршија и се чувствувале Грци, според нивната верска определба.

„Освен документи за Македонија, јас го истражував и пишувањето на печатот. Започнав да барам и книги од периодот на Сталин кога многу интелектуалци беа ликвидирани, а нивните книги уништени. Притоа открив книга на автор што не е познат во Македонија. Станува збор за Русинот Булацел, кој емигрирал во Софија и таму престојувал во1922-23 година. Во неговите статии и во книгата ’Политичкиот живот на Бугарија‘ Македонците ги прикажува како посебна нација“, вели Лина Жила.


#
Статијата е прочитана 2827 пати.

Испрати коментар

Од: od mene
Датум: 15.10.2010 12:37:30
Да бидеме прецизни! Во таа статиjа бугаринот П.Р. Славеjков НЕ ВЕЛИ, туку ЦИТИРА " Много пати сме слушале од македонистите дека тие не биле Бугари, ами Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале некои докази за тоа, без да ги дочекаме… Сме слушале и друг аргумент. Некои македонисти се делат од Бугарите по друга причина, по тоа што тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам што…"
Од: atanas
Датум: 15.10.2010 13:41:57
postojat verodostojni pismeni izvori a i usni predanija deka gragjanite na grad veles i naselenieto od okolnite sela uste vo 1858 god na samostojno se izjasnile i pobarale od turskiot sultan otvaranje na bugarski crkovni ucilista znaci 12 god pred formiranjeto na bugarskata egzarhija e kako e toa mozno ako toa naseleni togas vo makedonija taka da se izjasnilo osven ako tie tpgas bile makedonski bugari a ako bile anticki makedonci zosto ne pobarale od turskite vlasti crkovni skoli na makedonsko grcki jazik
Од: ЧИТАЈТЕ НЕОСВЕСТЕНИ
Датум: 15.10.2010 13:51:31
Ете зошто се појавувала грчка или бугарска свест. Одкако формирале држави во содејство со отоманите формирале грчка патријаршија и бугарска егзархија. А народот одел во двете цркви и повеке во бугарска ради јазикот иако јазикот е македонски т.е Бугарите го зеле од Македонците како и пола Европа. Ова е така добро објаснето во книгата Македонскиот јазол од Лотар . Ама разни коментатори напаѓаат измислуваат неверуваат тресат пропаганди од гркобугарсрпско школо. Дури и нова егзархија имаме од Јован. Ех поединци колку не сте освестени.
Од: Штипјанин
Датум: 15.10.2010 16:36:31
Најголемата егзархиска образовна установа во Македонија - „Солунска Б'лгарска Машка Гимназија“ е основана од Кузман Шапкарев, каде служел и како директор 1880-1881 год. Даме Груев во 1894 год. станува професор во бугарското егзархиско училиште во Штип, а Гоце Делчев истата година станува егзархиски професор по бугарски јазик во соседно Ново Село. Професори во бугарските егзархиски школи биле и Григор Прличев (Солун), Ѓорче Петров (Скопје, Штип, Битола, Солун) итн... Ако е точна тезата на авторот дека „Егзархијата била погубна за идентитетот на Македонците“, зашто преку училиштата „насадувала бугарска национална свест“, ��огаш нужно следи дека гореспомнатите наши дејци биле насадители на бугарска национална свест, односно - предавници. Кој ќе го фрли сега првиот камен? И уште нешто, во 1874 год. на плебисцит организиран од Портата, жителите на Скопската (91%) и Охридската епархија (97%), т.е. најголем дел од тогашна Македонија, се изјасниле за приклучување кон Бугарската Егзархија.
Од: DO “ЧИТАЈТЕ НЕОСВЕСТЕНИ”
Датум: 15.10.2010 17:37:38
“НЕОСВЕСТЕНИTE” да читат и вистински историчари како Keith Brown ( “The past in question”), Loring M. Danforth ( “The Macedonian conflict”), Frank J. Warne ( The Immigration invasion”), Hugh Poulton (“Who are the Macedonians?”) т.н. Сите овие се светски познати специалисти-историчари, а не како Лотар коj што бил студирал во Дрезденската Политехника на бившата ГДР. Тамо црно на бело се посочува дека Македонците до пред 1 век се изjаснувале како Бугари.
Од: ivan nj USA
Датум: 15.10.2010 23:28:40
Citiram del od gorenavedeniot tekst. „Македонците, кои самостојно ја започнале својата духовна преродба со нагласена македонска цел – училишта во кои наставата се изведува на македонски јазик со македонски учебници, A ne mi e poznato na koj dialekt tie makedonci ucea ,Kumanovski Ohridski ili Malesevski koi i den denes ne se razbirame edni so drugi ako ne go koristime knizevniot makedonski.
Од: sime
Датум: 16.10.2010 10:46:27
Kolku kako narod sme naivni i nasednuvame na propagandi. Konkretno jas bev ucenik vo prvo o vtoro odelenie pod bugarrska okupacija.Zboruvavme i ucevme na makedonski jazik koj i denes go zboruvame.so napomena deka car Boris III e nas hranitel... 1945 bev treto odelenie i trebase da se opredelime "demokratski"koj e za veronauka a koj ne saka i taka poveketo se opredelivme za sekularno obrazovanie.Pozdrav

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Фарко Шакири
Поглед
Соња Маџовска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски
Франција не се плаши од Бин Ладен

Принцот Хари
Нова Камила во кралското семејство?

Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари

Тони Кертис
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy