Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Веќе видено

Фарко Шакири

Хулиганите меѓу навивачите не се нова појава на фудбалските стадиони. Во тој контекст треба да се гледа и симнувањето на македонското и кревањето на албанското знаме од јарболот на стадионот во Кичево пред средбата Напредок - Шкендија. „Балистите“, фанови на Шкендија, кои ја реализираа својата или нечија друга замисла, сигурно дека своето дело ќе го потпишат како тренд. Ако можеа српските хулигани минатата недела во Џенова да го запалат албанското знаме, демек протестираат пред европската и светската јавност поради прогласувањето на независноста на Косово, зошто тие да не го симнат македонското, исто така како чин на протест, само не се дозна конкретната и моменталната иритација. Можеби „балистите“ се на линија на барањата на некои опозициски партии меѓу албанскиот политички корпус, за пописот на населението наместо во април 2011 година, да се одржи во јули истата година. А, со оглед дека кај нас владее трендсетерски амбиент во однос на вакви појави, сега се поставува прашањето кое е идното знаме што ќе падне како жртва на незадоволството на фраерите, кои себеси се препознаваат во графата на патриотите. И се' така во круг до конечниот - деветти.

Како и да е, овој пат „балистите“, во блиска иднина „комитите“ или „чкембарите“, редоследот на нивните лесно предвидливи „јунаштва“ и не е битен, повторно се изборија за насловни страници, коментари, анализи. И секогаш заклучокот е идентичен. Секогаш најновиот инцидент треба да послужи како идеален пример да се заврти нов лист. Време е да се каже - доста е. Теророт на малата група педери затскриена зад клупските бои на својот клуб, маргиналци со загубен личен интегритет мора да престане.

Се разбира, замислата е да прекине толеранцијата за луѓето кои се удираат в гради ѓомити горди на својот тим, се' додека користат разни поводи за предизвикување нереди и насилства. Со други зборови речено, веќе видено и здодевно, но повторно успешно за сценаристите и за извршителите - уште еднаш се јунаци на денот. Меѓутоа, и успешното може да биде опасно, затоа што вакви изливи на чувства и емоции како кец на десетка им одат на нога на тие што сакаат повторно да распалат до крајни граници.

Овие хомофобични момчиња, а такви на овој проклет Балкан ги има насекаде, ги користат сите можни паравани за демонстрација на својата деструктивност. Тие навивачи се се' освен навивачи, непријатели на фудбалската игра, а не негови обожаватели. Токму поради тоа и чинот на „балистите“ во Кичево, пред се', е демонстрација на немоќ, фрустрација, а не бунтовност со причина или, пак, реакција на некоја неправда. „Балистите“ и сите други навивачки групи треба да се свесни дека веќе одамна се заложници на кујната на политичките манипулатори кои лесно ја моделираат нивната (не)свесна наивност за свои цели, кои немаат никаква врска со спорот, но треба да им донесе некој поен на нивниот политички полигон. Моментно политичкото, економското и социјалното милје во државата, за жал, е плодно за регрутација на нови партиски војници од навивачките групи кои ќе шараат низ Македонија и во име на своите политички ментори ќе демонстрираат незадоволство на спортските терени. Тоа е факт што загрижува. Не поради резонот на обожавателите, туку поради можноста работите да избегаат од контрола.

Италијанците на инцидентот на мечот со Србија му се посветија од сите аспекти, па таа тема стигна и во студиото на една забавна емисија, каде што беше изведен скеч, а во главна улога беше лажниот Иван Богданов. Прилично невкусните неколку минути биле доволни да предизвикаат смеа и гласни аплаузи на публиката, а на крајот елегантно целата приказна се спакува во кутијата резервирана за минатото. За Италијанците тоа е минлива епизода, без потреба да се размислува за последиците.

За жал, ние таков луксуз немаме. Не ни преостанува ништо друго освен да рециклираме текстови на вакви теми, да чекаме итни седници, одлуки, казни, реакции, осуди, пресметки и решенија.


#
Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар

Од: Stevce
Датум: 19.10.2010 14:01:07
Мили боже....читам и се чудам на вашиов текст....како можете да споредите....палењето на Албанското знаме од страна на хулигани од друга држава ..... Па луѓе божји....оние кои го симнаа знамето во Кичево не се од некоја друга држава....тие се од оваа!!! Тие имаат македоснко државјанство...зимаат социјална помош од оваа држава...плати од оваа држава....на кого се лути тие??? Мислам ...со ова само им давате потпор�� и понатаму да го прават истото!!!
Од: bezboen
Датум: 19.10.2010 18:06:30
Ocigledno Stevce ne goprocital tekstot. Ubavo napisano , no za zal ovie sluckinema da isceznat preku nok. Uste dolgo ke sme zaloznici na gladnite za vlast politicari koine biraat nacin da dojdat na vlast

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Доаѓа светската џез-сцена
Распнати меѓу корените и реалноста
Нова Камила во кралското семејство?
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Може само бурма
Трнлив пат за доаѓањето на папата
Македонската филхармонија вечер на „Манаки“
Црвен тепих за двокатниот автобус
Го нема Силајџиќ, тука е Додик
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Во Хрватска уапсени седум гинеколози
За секој Македонец - по 300 евра
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
Нема работа за младите во Косово
Франција не се плаши од Бин Ладен
Ветераните на Милан немоќни во Мадрид
Стил
Србија сака 1,4 милијарди евра за „Телеком“
Магазин
Закани дека пак ќе ни воведат визи
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
Професорот што лови кодоши немал двор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency