Закани дека пак ќе ни воведат визи
(20.10.2010г.-09:34ч.) Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман се закани дека Европската унија би можела повторно да го разгледа укинувањето на визната либерализација за државјаните на Македонија, Србија и на Црна Гора. Ова би било резултат на зголемениот број барања за азил на државјани од трите земји. Херман истакна дека само лани, 59 државјани на Македонија и на Србија побарале азил во Баварија, додека до 15 октомври годинава, тоа го сториле уште 260 наши државјани и 130 на Србија.
|