Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“

Се проширија гласишта дека француски сеизмолози предвиделе земјотрес за два дена што ќе го срамни Скопје

Билјана Ангеловска
Тони Гламчевски


Скопјани можат мирно да спијат, градот нема да го погоди катастрофален земјотрес, ниту деновиве ниту, пак, во блиска иднина. Сите најави за евентуален голем потрес се чиста шпекулација, велат експертите.

„Нема никаква научна основа за гласиштата дека на еден прецизен датум се очекува земјотрес на едно точно утврдено место, во случајов во Скопје. Ваквите прогнози не се научно втемелени, бидејќи актуелните познавања на науката не само што не дозволуваат да се даваат прецизни прогнози туку тие прогнози се невозможни“.

Ова стручно-научно мислење од Централното сеизмолошко биро и Научната опсерваторија на Земјата со седиште во Стразбур, една од најпознатите опсерватории во светот што се занимаваат со проучување на Земјината топка и сеизмолошките активности, го побаравме откако до редакцијата на „Утрински весник“ допреа шпекулации дека француски сеизмолози предвиделе оти Скопје, во периодот меѓу 21 и 24 октомври, ќе биде срамнето од катастрофален земјотрес. Дека не станува збор за новинарска, туку за чаршиска „патка“ може да се заклучи и од фактот што по долгото пребарување на Интернет-страниците и на форумите на францу��ки јазик не наидовме на вест или какви било пишувања што зборуваат дека се очекува катастрофален земјотрес во Скопје.

Француските научници што работат на ова прашање категорично ги демантираат овие вести. Во едно сеизмолошко подрачје, како што е регионот, секогаш е можно да се очекуваат сеизмолошки кризи. Па и кога има серија земјотреси, статистичките податоци со кои располага науката не дозволуваат да се прогнозира поголем катастрофален земјотрес, без разлика на кој дел од планетата се појавува. Скопје и Македонија воопшто не се ни споменуваат на овај план. Затоа изгледа неоправдано и опасно да се шират вакви гласишта, кои немаат никаква научна основа, предупредуваат француските научници.

И македонските сеизмолози се категорични дека ниту смее ниту, пак, може да се предвидува појавата на земјотреси. Може да се зборува за очекувани потреси и тоа е според статистичките истражувања што ги третираат трусните подрачја, но никако не може со сигурност да се каже точно кога, каде и со каков интензитет ќе погоди земјотрес во одреден регион.

„Какви било изјави од кој било експерт за времето кога евентуално ќе се случат земјотреси се несериозни. Јас гарантирам дека нема таква изјава од стручњак во која било држава, нема шанса некој да зборува такво нешто, а уште помалку да кажува датум кога би се случил земјотрес“, вели проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Сеизмичките поместувања на земјата се резултат на долготрајно акумулирање на текстонските напрегања во Земјината кора, кои траат непрекинато. Постојат подрачја во светот каде што нема вакви тектонски напрегања и тие се релативно малку и најчесто кај старите планини и карпи. За жал, Македонија се наоѓа во подрачје на тектонски напрегања и појавата на земјотреси се смета за нормална.

Во денешната конвенционална сеизмологија прогнозата за земјотресите се врзува со конкретни подрачја и се базира врз статистичка обработка на случените земјотреси во подолг временски период. Прогнозата се сведува на одредување на периодот на можна појава на земјотрес со одредена јачина. На територијата на Македонија често се јавуваат серии слаби земјотреси со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала -1998 и тоа барем три до четири пати годишно. Според статистичките истражувања, најсилниот земјотрес што може да се очекува кај нас во период од 500 години е со интензитет од 10 степени по ЕМС-1998 (скалата има распон од 12 степени). Во покуси периоди се очекуваат земјотреси со послаби интензитети.


#
Статијата е прочитана 3348 пати.

Испрати коментар

Од: sasho
Датум: 19.10.2010 13:24:53
Mnogu nozbilen komentar na avtorot na ovoj text deka " nitu moze nitu smeee da se predviduva zemjotres". Site znaat deka zemjotres nemoze od se predvidi od milion pricini.. Ama koj veli deka nesmee? I zosto? Ako ne smee togas da se vratime vo sreden vek i da gi progonime i proglasime za ludi site seizmolozi i naucnici koi se obiduvaat da go resat ovoj neskojdneven problem. A sto ako nekoj najde metod za predviduvanje na zemjotres? Pa nisto, najverojatno istiov avtor ce go vospeva do nebesa. Pa neli i toj e covek i treba nesto da napise da zaraboti za leb.
Од: seismo
Датум: 20.10.2010 04:43:50
Ha, ha. Ovie Francuzive prodavaat prikazni za mali deca. So ogled na statistikata na katastrofalni zemjotresi sto se slucuvale vo Skopje, nareden silen zemjotres (do 6.5-7 po Rihterova skala) bi mozel da se ocekuva za edno ~300 godini. Toa e ako se odi spored nekoja si nesekojdnevna statistika. Postoi vo seizmologijata "ocekuvanje" na zemjotres vo nekoj region (t.e. region koj e frekfentno pogoduvan po nekoj si "redosled"). Makedonija ne se naoga na granicata na tektonskite ploci (ne kako Chile, koj posleden pat bese pogoden godinava, a prethodno takov zemjotres ja pogodi zemjata vo 1960). Ova na Francuzive se babini lagi. Mnogu od Grcite naucile, ocigledno.
Од: Do Sasho
Датум: 20.10.2010 06:20:07
Sto tropas be coveku. Pa normalno deka NESMEE da se predviduva zemjotres, osobeno ako ne si kompetenten, ako ne si siguren i go imas toa potkrepeno so odredeni ispituvanja, i posebno nesmee da se iznese javno na ovoj nacin. Toa ti e isto kako lazna trevoga za bomba ili sl.Se sozdava panika megju lugjeto. Za takvi raboti ne ti gine koja godina zatvor. Mene bas me cudi kako organite ne interveniraa za vakov incident, da se najde storitelot.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Доаѓа светската џез-сцена
Распнати меѓу корените и реалноста
Веќе видено
Нова Камила во кралското семејство?
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Може само бурма
Трнлив пат за доаѓањето на папата
Македонската филхармонија вечер на „Манаки“
Црвен тепих за двокатниот автобус
Го нема Силајџиќ, тука е Додик
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Во Хрватска уапсени седум гинеколози
За секој Македонец - по 300 евра
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
Нема работа за младите во Косово
Франција не се плаши од Бин Ладен
Ветераните на Милан немоќни во Мадрид
Стил
Србија сака 1,4 милијарди евра за „Телеком“
Магазин
Закани дека пак ќе ни воведат визи
Професорот што лови кодоши немал двор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency