Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (9)

Распнати меѓу корените и реалноста

Моето минато е сврзано со Македонци, а и јас сум Македонка, но истовремено припаѓам на Бугарија каде што се школував, вели Здравка Итева

Виктор Цветаноски

Бугарските власти во матичните книги во Пиринска Македонија со пенкало ги прецртале зборовите Македонец - Македонка и над нив со црвено мастило напишале Бугарин - Бугарка. Тоа најилустративно говори за насилната денационализаторска политика на Бугарија и притисоците што таа ги вршела и се' уште ги врши врз Македонците.

Матичната книга што имавме можност да ја видиме е постара и датира од третата деценија на минатиот век. По Првата светска војна, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија, кои масовно биле иселувани во Бугарија, по доаѓањето биле запишувани во посебни книги. Сите се запишувале како Македонци. Од книгите не може да се утврди кога зборовите Македонец - Македонка биле прецртани и над нив напишано Бугарин - Бугарка, но, најверојатно, се случило по наредба на комунистите во шеесеттите години од минатиот век.

И ден-денес бугарските власти немаат валидно објаснување како и каде исчезнале близу 200.000 Македонци колку што во последните два повоени пописа се декларираа како такви. Тоа е болна тема за официјална Софија. Бугарската национална телевизија во една документарна емисија се обиде да понуди некакви аргументи, но сето тоа на луѓето што ги познаваат приликите им изгледаше многу наивно.

Во емисијата со претенциозен наслов „Хроника на едно национално предавство“, ќе бидат обвинети тогашните комунисти на чело со Георги Димитров, кој сакал Пиринска Македонија да и' ја даде на Титова Југославија. Авторот, кој доби посебна награда од ВМРО на Каракачанов, тврди дека луѓето биле против тоа да се пишуваат Македонци и слепо ги исполнувале задачите на Коминтерната. Очигледно беше дека соговорниците беа селективно одбрани, главно, следбеници на Ванчо Михајлов.



Во Бугарија многумина Македонци се плашат да зборуваат за тие години кога од државата биле прогласени за Бугари. Но, има и такви кои не стравуваат од последиците. Градежниот инженер Спас Калчев, роден во Влахи, селото на Јане Сандански, ни раскажа: „Се случуваше спротивното од она што ни беше претставено од телевизијата. Македонскиот јазик го изучувавме доброволно. Никој не ја поставуваше дилемата дали сме Македонци или Бугари, зашто сите се чувствувавме Македонци. Кога беше донесена одлуката да се затворат училиштата на македонски јазик и кога не' правеа Бугари, цело село се спротивстави. Откако не помогнаа сите убедувања, дојде специјална полиција и целиот реон цел месец беше блокиран. Ги викаа ’црни бригади‘. Никој не смееше да го напушти селото. Сите беа детално испрашувани. Тие што не се согласуваа беа малтретирани и иселувани во други краишта на Бугарија“, вели Калчев.

Борис Џаџев од Самоилово, Петричко, кога се преселил во Софија, имал проблеми не само во работата, туку и во бракот. Неговата сопруга, инаку Бугарка, работела во полицијата и деновите кога застанала пред матичар, била условена да ја напушти работата во полицијата.

Во емисија не го слушнавме мислењето ниту на еден од повеќето десетици илјади Македонци кои со години не сакале да ги вратат назад старите лични документи на кои стоело дека по националност се Македонци, бидејќи во новите им се менувала националната припадност. Меѓутоа, нивните отпори биле скршени на мошне умешен начин. Никој не можел да се венча, да заведе новородено дете или да патува во странство ако пред тоа не извади нови документи во кои задолжително стоело дека е Бугарин. Емисијата беше повод еден софијанец, по потекло од село крај Банско, да ни раскаже како неговиот татко повеќепати бил повикуван во полиција за да му биде дадена новата лична карта. Не сакал да ја прими зашто во неа пишувало дека е Бугарин. Еден ден отишол сам и притоа на службениците им се обратил со зборовите: „Вие можете да напишете дека сум Марсовец, но јас ќе останам Македонец“. Во Софија се прераскажува и случајот со еден инженер од Сандански, кој поради тоа што не сакал да се напише Бугарин, си заминал во тогашна Чехословачка.

Здравка Итева, некогаш уредник на литературно детско списание, сега пензионер во Софија, преживува вистинска драма што ја носат во душата многумина Македонци во Бугарија, распнати меѓу минатото и сегашноста, меѓу сопствените корени и реалноста. „Чувствувам органска потреба да не ги кинам врските со минатото, со роднините кои живеат во Македонија. Тие потекнуваат од Егејска Македонија, тие се потомци на браќа и сестри на мојот дедо. Ги има и во Грција. Пред десетина години се видовме првпат. Јас сум цврсто емоционално поврзана со тие луѓе. Го слушам плачот на баба ми, на мајка ми и на татко ми по родните места, а сега чувствувам како лека-полека се кинат тие врски. А, зошто? Зошто има граница или зашто некои ти кажуваат: ти си ваков, ти си онаков“, своевремено ни раскажа Итева.

„Кој како се чувствува е негова интимна работа. Тие што се како мене се чувствуваат како да се распнати на крст. Припаѓам и на минатото и на сегашноста. Моето минато е сврзано со тие луѓе, кои се Македонци, кои биле Македонци, а и јас самата сум Македонка. Истовремено, и' припаѓам на оваа држава зашто тука сум добила образование, средно, високо, специјалност... Се омажив за Бугарин. Кога се зедовме не гледав дали е Македонец или Бугарин, Американец или нешто тр��то. Ниту пак тој гледаше на тоа дека мене во пасошот ми пишува народност Македонка. Синот е роден тука, во Бугарија, школуван во овдешните училишта. Се чувствува Бугарин. Со него морам да зборувам на еден начин, а со моите роднини што ме посетуваат понекогаш на друг“, додава таа.

Прашањето за националната припадност е чисто човечко прашање, на секој поединец, смета таа. Според неа, државните институции и политички сили, кои кажуваат кој што е, во крајна сметка имаат свои интереси и со тоа ја покажуваат сопствената меркантилност или политичка комерцијалност. А луѓето, обичните луѓе, тие што, всушност, ја создаваат цивилизацијата и човечките заемни односи се распнати, тие ги поднесуваат емоционално и судбински сите тие раздори - политички и национални, и мораат да го трпат диктатот на силните.

„Ние треба да се погрижиме да пронајдеме форми кои припаѓаат на современа Европа и на светот. Да ревидираме некои наши сфаќања. Да ја согледаме реалноста и оттука да тргнеме“, размислува гласно Итева.

„Татко велеше, каде и да одам, јас се чувствувам Македонец. Тој не сакаше да си го смени пасошот за да не му ја сменат националноста. Поради тоа, со мајка ми не можеа да ги посетат нашите роднини во Скопје. Пријателите го убедуваа да го смени, а тој упорно одбиваше. Често знаеше да и' рече на мајка ми: ’Дали во ова шише има лимонада?‘. ’Да, тоа е лимонада‘, ќе му одговореше таа. ’А ако му ја сменат тапата, дали во него пак ќе си остане лимонада?‘. Не успеаја ни заканите дека на неговите деца, мене и на мојот брат, може да ни се случи нешто“, се сеќава Итева.

Итева признава дека не направила голема кариера токму поради тоа што се чувствувала Македонка. „Јас сум од тие што го кажуваат тоа што го мислат. Зошто да правам компромиси. Јас не се вклучив во онаа група оратори што кажуваа: ’Не Македонија, туку Бугарија‘, ’Тие од другата страна се Бугари, а не Македонци‘. Не сакав да правам кариера со лажно самочувство. Често кога ќе му пречев на некого ќе речеше: ’Таа е валкана Македонка‘ или ’загубена овца‘. Јас познавам многумина кои на тој начин направија кариера“, вели таа.

Притоа, посебно нагласува дека македонскиот јазик е самостоен јазик, а не дијалект на бугарскиот. Ни ја покажува монографијата за селото Бапчор напишана на македонски јазик. Таа смета дека ако била напишана на бугарски јазик, немала така силно да ги одрази суштината и животот на луѓето на оваа село во егејскиот дел на Македонија. „Самата македонска фраза, акцентот, вокалната звучност, фонетските и лексичките разлики го прават посебен македонскиот јазик“, вели Итева, која има дипломирано бугарски јазик и литература.

Таа посебно нагласува дека станала член на Бугарско-македонското друштво за пријателство поради тоа што не можела да прекине ниту со минатото ниту со сегашноста. „Не сум од тие што ќе пресечат. Од една страна, на крстот се преживеаните спомени, сето она што се наталожило од минатото, ме влече во еден правец. Но, овде во Бугарија имам син кој се чувствува Бугарин, а тоа е реалноста. Меѓу македонскиот и бугарскиот народ не треба да има не само физичка, туку и духовна граница“, заклучува Здравка Итева.


#
Статијата е прочитана 3046 пати.

Испрати коментар

Од: ....
Датум: 19.10.2010 12:13:57
Drn,drn,jarinja!Abre luge ako imase tolku mnogu ugneteni makedonci tamu,dosega ke trebase da ja prevrtat Bugarija naopacki.Zarem ne gledate sto napravija 200000 albanci vo Makedonija?Zamislete sto mozat da napravat 2 mil.makedonci vo Bugarija?Ama samo koga bi gi imalo.I dali i tie silni 2 mil. se anticki ili sloveni????
Од: pameten
Датум: 19.10.2010 12:26:19
Od 1913 do 1934 Pirinska Makedonija bila samo formalno vo ramkite na Bugarskoto carstvo. Celata vlast bila vo VMRO. Crkvite i uchilishtata bile Bugarski ushte ot Tursko. Nitu imalo teror, nitu proteruvanija kako vo drugite delovi na Makedonija. No za VMROvcite na Mihajlov nemalo zakon. Mnogumina bile srekjni koga Sofiskata vlada stavila kraj na ova "avtonomija". Po 1944 za 20 godini imalo politika na "Makedonizacija", koja shto nekoi prifatile, drugi ne. Ovoj bil period na zhestok komunizam, polna nacionalizacija, logori, zatvori. Denes i vo Rep. Makedonija i vo Pirinska Makedonija ima i takvi, koi shto se osekjat Makedonci i takvi koi shto se osekjat Bugari. Razlichen e soodnosot, poshto razlichna bila i istorijata. Pomiruvanjeto megju Bugarija i Makedonija odi preku pomiruvanjeto megju Bugarite i Makedoncite koi shto zhiveeat zaedno vo dvete zemji.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 19.10.2010 14:11:15
Можеби денес ќе ме прогласат за Албанец,или Гркоман!?Читателите кои коментираат и лесно лепат етикети,би било убаво да го читаат текстот до крај.Не знам како од текстот дека “токму потомците на силниците кои Подлегнале на Идејата дека Македонците се (Македонски)Бугари ги лепат етикетите за некакви мои „српски школи“-некои заклучија дека сум ги прогласил Македонците за Бугари?Всушност несомнено е дека во МК има и Бугари.Мешавината е природна појава на Балканот!Проблемот настанува кога тие се кријат зад големиот Македонски патриотизам!Тогаш доаѓаме до наци-појавата за протерување на поинаквите и на оние кои се чувствуваат како Бегалци во сопствената земја!
Од: Драган
Датум: 19.10.2010 14:22:16
Во Пиринско никогаш немало 200.000 „етнички“ Македонци. Барем сега може без виза да се отиде во Пиринско и да се прошета таму. Пробајте речете му на некој Пиринец дека не е Бугарин, па ќе видите што ќе ви се случи. Гореспоменатите пописи се правени во времето на комунизмот, и има документи во кои по наредба на Комунистичката партија на Бугарија СЕ НАРЕДУВА при пописот во Пиринско сите Бугари (освен тие кои се доселени од Софиско итн., како и Циганите и Турците) да се попишуваат како Македонци. Тоа е времето кога се планираше да се создаде Балканска федерација, а за комунистите многу поважна беше идеологијата отколку нацијат��. Откако се скараа Тито и Сталин и Бугарија не влезе во федерацијата, сите тие попишани „Македонци“ во Пиринско, на следните пописи се попишувале според својата волја и ние сега се чудиме како тие 200.000 Македонци „исчезнаа“. Време е наместо со лаги за 5.000.000 Македонци по светот (како што не учеа), малку да не просветлите со факти и вистини.
Од: Dimitar Vlahov
Датум: 19.10.2010 14:31:51
do pameten: Vo periodot 1918-1934 gg. vo Pirinskata Makedonija vlasta na Vančo Mihajlov i negoviot VMRO- vrhovisti ubija, utepaa, dvaeset tri iljadi Makedonci, vo glavno selani. Pročitaj memoarite na mojot dedo. I toj e bil cel na atentatot na Menče Karniču, odnosno Vančo Mihajlov lično, no mojata baba ja teško ranila atentatorkata karniču, koja krvava izbegala i ostavila svojot pištol, što go upotrebila policijata vo sudskiot proces protiv karniču. I denes VMRO na karakačanovci i ponatamu sproveduva teror i valkana denacionalizacija na Makedoncite, što se gragjani na Država Bugarija. Pzzz.
Од: ДО Димитар Влахов
Датум: 19.10.2010 15:17:51
Кога зборувам за македонскиот народ ги имам предвид на прво место македонските Славjани. Под името македонски народ по тоа време мекедонските деjатели го разбираа целото население на Македниjа, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер ...Кога револуционерната организациjа беше основана и почна да работи, jа започнува своjата работа наjнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари.. —Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970
Од: ВИСТИНАТА Е НА МАКЕДОНСКА СТРАНА
Датум: 19.10.2010 18:44:28
Вистината е на страна на Македонија. Пред 1913 имало повеке Македонци и од Грци и од Срби. Денес 1/3 од населението во Бугарија се со македонско потекло. Такви во Грција има 800.000. Во Албанија и Србија по 200.000. Во Косово 40.000.Тежок егзодус присилна асимилација. Ни еден дел од Македонија не е на соседите. Грци имало само 8 % во егејска. Државата на туркотатарите и на Србите требала да биде помала од Македонија. Не само што се проширија на туѓо туку од Србија ни додоа 200.000 Албанци. А и Албанија е оштетена од Србија и Грција. Е тоа е вистината. Мицов Мак Идентитет стр238 Во 1967 К.Црвенковски Живков расправа Од 300 писатели 100 се Македонци. А во ЦКБ 50%Македонци демек и овие Мак. се изјаснувале како Бугари.Попис 1956 Пирин 180.000 Македонци. Писатели Македонци после 1989 се Александар Христов Славе Македонски Магдалена Македонска Ангел Каратанчев Михаил Сматракалев Серафим Гоцев Марија Македонска Петар Стоев Кирил Апостолов Иван Сингартијски Кирил Вел��в Кирил Апостол Крум
Од: TETOVCANIN
Датум: 19.10.2010 21:05:38
UVELICAN GOSPODINE PROFESORE VIKTOR CVETANOVSKI uste ednas bi sakal da ve potsetam deka sum roden Umakedonija i skoro sum vo stari godini a za vasa i za vasite makedonci USTE ne sum SRETNAL makedonec od PIRIN nemam pojma kako makedocite od PIRIN vo opste izgledaat dali i tie kako i nas tuka Umakedonija imaat po dve ili po cetiri OCI I USI nemam pojma i ako nekoj zivee U makedonija a je od PIRIN bi ve zamolel da go SLIKATE i stavetego vo vesnikov pa pred da UMREM sakam da vidim kako izgleda i kako zboruva toj vas makedonec od bugarija.Bi sakal da go vidam i cuem mojot izmislen brat od bugarija.
Од: ivan nj USA
Датум: 20.10.2010 00:54:26
Do Dimitar Vlahov A koj e tvojot dedo da gi procitam memoarite,tvojot dedo tie 23000 ubieni makedonci verovatno gi istresol od rakav, Sega ti procitaj gi memoarite na mojot dedo Gustav Vlahov, no za da ti bide uste pojasno procitaj ja knigata "Macedonia betveen balcans and second world war" pa ke ti pomogne da sfatis koj sa ubivani i zasto. a 23000 e daleku od vistinata.
Од: nacional-patriot
Датум: 20.10.2010 01:28:03
Posle vtorata svetska vojna pocnaa pomekite obidi za "bugarizacija"na etnickite Makedonci vo pirinska Makedonija.Posilnite obidi od Sofija pocnale nekade okolu 1960 godina so represii i zakani.Zatoa podocna Makedoncite vo Pirin ne se popisuvaa za Makedonci,a i denes Makedoncite tamu se pod zakani za rabotnite mesta i drugi kazni,ako izjavat deka se Makedonci.Neka prestanat sofiskite represii vo pirinska Makedonija i Makedoncite tamu ke mozat slobodno da si ja iskazat nivnata pripadnost.
Од: Принцот Газафер до ВИСТИНАТА
Датум: 20.10.2010 08:55:30
Секое набројување на Македонците е без нас ,Хумзите,за Индијците и да не зборам! Навистина не си фер!Што ти згрешивме? Ме интересира каде се тие други бројни Македонци,што ги набројуваш?Дали се невидливи како оној американски авион,мислам дека го викаа "steelt"? Колку книги на македонски напишаа тие сто писатели-Македонци од Бугарија на македонски јазик? Зошто тие 50% од ЦКБ не донесоа одлука Бугарија да се припои кон Македонија,штом ја имаат целата власт? Ако Грците имале 8 % од егејска,кој го имал остатокот?Да не беА на Турците? Многу прашања,а немаш ниеден одговор! Поздрав од мене и принцезата Ранија:

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Доаѓа светската џез-сцена
Веќе видено
Нова Камила во кралското семејство?
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Може само бурма
Трнлив пат за доаѓањето на папата
Македонската филхармонија вечер на „Манаки“
Црвен тепих за двокатниот автобус
Го нема Силајџиќ, тука е Додик
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Во Хрватска уапсени седум гинеколози
За секој Македонец - по 300 евра
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
Нема работа за младите во Косово
Франција не се плаши од Бин Ладен
Ветераните на Милан немоќни во Мадрид
Стил
Србија сака 1,4 милијарди евра за „Телеком“
Магазин
Закани дека пак ќе ни воведат визи
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
Професорот што лови кодоши немал двор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency