Во Хрватска уапсени седум гинеколози
(20.10.2010г.-09:27ч.) Седум лекари - гинеколози се уапсени во Хрватска поради сомневање дека извршиле 103 кривични дела, меѓу кои и нелегални абортуси. Лекарите од Вараждин, Бјеловар и Копривница наплатувале меѓу 150 и 400 евра за прекинување на несаканата бременост. Во лекарската документација, лажно ги претставувале абортусите како медицински оправдани поради, наводна, патолошка бременост.
|