Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Црвен тепих за двокатниот автобус

Министерот Јанакиески го бендиса прототипот на даблдекерот што ќе се вози по скопските улици од наредната година

Од нашиот известувач
Деспина Трајковска

Женгжоу (Кина)- На црвен тепих, украсен со балони и панделки вчера во Женгжоу, Република Кина, забрмче моторот на прототипот вонсериски двокатен автобус со ретро дизајн, наменет за скопскиот јавен превоз. Кинезите ја сработија првата верзија на владината нарачка, а сефте на прототипот во кругот на фабриката на производителот „Јутонг“ направи македонската делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, придружуван од технички лица од ЈСП, Машинскиот факултет, Бирото за метрологија. При десетминутната тура очите на патниците беа вперени првенствено кон дизајнот, но не изостана ниту интересот за функционалноста и економичноста на двокатниот автобус.

Паѓа во очи препознатливата црвена боја на автобусот со драп покрив и заоблен преден дел на возилото, карактеристичен за автобусите што возеле по скопските улици во 50-тите години. Но, неизбежен е впечатокот дека возилото има европски внатрешен изглед, со вкупно 60 седишта и 20 места за стоење, како и извонреден систем за ладење и за греење. Само неколку минути се потребни да се доживее невообичаената атмосфера возејќи се на горниот кат од даблдекерот. Токму таму, на чело на патниците, беше Јанакиески, кој речиси без емоции, карактеристично за хороскопска Девица, накусо прокоментира дека првиот впечаток за двокатниот автобус е ОК.

„Прототипот е многу блиску да се постигне идеалното. Првично сме задоволни од дизајнот на кој инсистиравме. Очекуваме во скоро време стручните лица да го одобрат исто како и техничките карактеристики“, изјави Јанакиески.

Тој објасни дека по одобрувањето се очекува да се направат втора и трета верзија од прототипот, во која ќе бидат сублимирани сите елементи од аспект на дизајн и безбедност, по што ќе почне и производството. Но, претходно, „третата рака“ на прототипот ќе се промовира и по скопските улици најдоцна до март наредната година. Се очекува тој автобус од Женгжоу да тргне со брод за Македонија на 25 декември и да стаса за шеесетина дена.

Освен реакциите на македонската делегација, свое видување за двокатниот автобус дадоа и од менаџментот на „Јутонг“, за кого автобусите за Скопје се ново дело, имајќи предвид дека станува збор за вонсериско производство, наспроти дневното производство на 170 автобуси, што ја вбројува компанијата на второ место по обем на продажба, веднаш зад „Мерцедес бенз“.

„Ретро дизајнот на кој се инсистираше беше предизвик за нашата компанија да произведе вакви автобуси. Иако дизајнот беше поспецифичен, сметаме дека сработеното го завршивме на бараното ниво“, прокоментира Ниу Бо, генерален менаџер на „Јутонг“.

Во согласност со договорот, 202 двокатни автобуса кинеската компанија треба да испорача во четири тури, во првите две по 68 автобуси, а во наредните по 66. Крајниот рок за првата пратка е ноември идната година, а останатите треба да се реализираат до 2013 година. Два автобуса ќе бидат со отворен покрив и се наменети за туристичко разгледување, а едниот ќе се користи во Охрид.

Инаку, дека Македонија избрала сериозен партнер за зделката вредна приближно 40 милиони евра, според Јанакиески, потврдуваат неколкуте награди што „Јутонг“ ги добила на неодамна одржаниот саем за автобуси во Шангај. Компанијата добила гранд-при за најдобар автобус, за безбедност на автобусите, а истовремено и за заштита на животната средина.


#
Статијата е прочитана 1746 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 19.10.2010 12:26:58
Е Скопјани-Скопјани што ќе дочекате ако дочекате.Да сисе возете во Автобуси ко тие што некогаш ги гледавме на филмови снимени по 45 година.Сега спреметеја градежната оператива и сите надвозници да се рушат.Побудала ВЛАДА нити имало нити ќе има.Да растеа Рогови на будалите ќе се познава вака сами треба да ги препознаваме.
Од: Д. Петров
Датум: 19.10.2010 12:27:53
Добро е што дознавме што е во хороскоп министерот. Уште барем да дознаевме кој го плаќа патот и сместувањето. Чисто онака не интересира како даночни обврзници. Поздрав до далечна и пријателска НР Кина!
Од: deli
Датум: 19.10.2010 13:30:59
"Retro dizajn, na koj se insistiraše..." Za sreka, vo antičko vreme, i za vreme barok ili renesansa - NEMALO AVTOBUSI!!! :-)
Од: Кемал Ататурк
Датум: 19.10.2010 14:10:33
На телевизија видов вчера многу биле високи автобусиве посебно горниот кат дури ни министерот не можеше исправен да застане цццццццццццццццццццц
Од: Vladimir
Датум: 19.10.2010 15:04:41
Aj prosetajte malce niz London pa posle komentirajte.. Ne tuku tropajte gluposti bez da prosetate malce i bez da se informirate..
Од: Добро е
Датум: 19.10.2010 15:15:44
Само уште два пати ќе одат во Кина.
Од: Ige
Датум: 19.10.2010 17:00:55
Sto se bunite? Poevtino e toj da odi do Kina i nazad neg avtobusot da go prakaat tuka pa posle da go vrakaat. Neiziveani skeptici.
Од: Bond James
Датум: 19.10.2010 21:22:07
Epa cim ministerov se ubedil vo kvalitetot na kineskite avtobusi vednas da go smeni sluzbeniot Mercedes so nekoja kineska kanta.
Од: boris
Датум: 19.10.2010 21:57:53
Па со граѓани како Владинир,Скопје сигурно како Лондон ќе го направиме...,само уште Лондон му фали за да биде!
Од: petar amerika
Датум: 20.10.2010 01:24:49
jas rabotev vo vremeto na bivsa jugoslavija vo FAS 11Oktomvri i sesekavam nie im prodavavme na kinezite avtobusi a sega tie ni prodavaat nas [Makedonija]nie pravevme po150 avtobusi mesecno itoa pred 30 godini kaj nas dojde i predsedatelot na Kina a sega ovaj pilistar od minister ke ni uvezuva od tamu stramno i zalosno

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Доаѓа светската џез-сцена
Распнати меѓу корените и реалноста
Веќе видено
Нова Камила во кралското семејство?
Доматите донесоа профит, грозјето во була
Може само бурма
Трнлив пат за доаѓањето на папата
Македонската филхармонија вечер на „Манаки“
Го нема Силајџиќ, тука е Додик
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Во Хрватска уапсени седум гинеколози
За секој Македонец - по 300 евра
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
Нема работа за младите во Косово
Франција не се плаши од Бин Ладен
Ветераните на Милан немоќни во Мадрид
Стил
Србија сака 1,4 милијарди евра за „Телеком“
Магазин
Закани дека пак ќе ни воведат визи
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
Професорот што лови кодоши немал двор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency