Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Доматите донесоа профит, грозјето во була

Земјоделците прават математика кое производство носи ќар, а кое загуба

Александрија Стевковска


Производителите на домати, пиперки и на краставици добро поминаа оваа година. На нивните конта „шушнаа“ многу пари од пласманот на овие производи на пазарот, па тие финансиски потковани се подготвуваат за нова производна офанзива. Со истите производи во нови победи. Лозарите, пак, не беа со таа среќа. Нивното производство не се позлати. Родот скапа, површините под насади се намалија, бидејќи гневните лозари, поради тоа што пласманот не им одеше, ископачија добар дел од насадите. Тие в година нема да берат грозје.

Сето ова ја наметнува дилемата дали ако сите удрат на производство на домати и на краставици в година ќе имаме хиперпродукција од овие култури, па нивната цена ќе паѓа, додека, пак, од друга страна недостигот од грозје ќе ја зголеми побарувачката, што во превод би значело скок на неговата цена. Математики има многу, а есапот ќе се види на крај, кога ќе се сублимираат податоците од производната година и кога пазарот ќе го даде последниот збор и ќе пресуди - кој добива, а кој губи.

„Годинава на пазарот најдобро поминаа доматите и краставиците, житните култури и јаболка, додека грозјето и млекото донесоа само чиста загуба за производителите. Она што е дилем�� во ваква ситуација е како да се планира наредното производство? Дали повторно да се сади она што донесе победа на тимот и се позлати како производство годинава или, пак, треба да се менува нешто, бидејќи останува неизвесноста дали она што сега поминало ќе помине и в година. Како и да е, земјоделците се раководат од нивната перцепција на стварноста, која можеби некогаш не соодветствува на пазарните движења. Всушност, веќе не постои страв дека ќе се јави хиперпродукција на храна и оти таа ќе се фрла и гази, бидејќи светот е гладен за храна, исто како за нафта“, вели претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров. Според него, што и да се произведе и во колкави количества наредната година пазарот ќе ги апсорбира, бидејќи се градат откупни центри, се отвораат нови млекарници.

Експертите се едногласни - земјоделството се' уште е стихијно, не' чека уште многу работа на планирање и организирање.

„Земјоделството кај нас се' уште е стихијно и најчесто без бизнис-план. Она што добро поминало годинава земјоделците ќе сакаат да го садат и наредната година и тоа во поголем обем. Во таа намера, сепак, ги ограничува земјишната површина што ја поседуваат. Желбата за зголемување на производството во голема мерка треба да биде во сооднос со можноста за пласман, односно мора да се поработи на градењето стабилен однос меѓу производителите и откупувачите. Единствено тоа може да обезбеди стабилност на производството и следење на синџирот од нива до трпеза, посебно кај едногодишните култури, како што се градинарските“, вели деканот на Земјоделскиот факултет, Драги Димитриевски.

„Долгогодишните насади, како што се лозовите, ги погодува секоја криза, бидејќи вообичаено станува збор за производство што не е егзистенцијално и без кое може да се живее. Во овие случаи може да се ископачи дел од насадите, но тоа не се случува со целите површини, бидејќи се знае дека кризата ќе се преброди, иако полека“, додава Димитриевски.

Според него, најважно за стабилизирање на македонското земјоделско производство е подигнување на образованието на производителите на храна, кое ќе ги насочи не само како да работат, туку и да планираат како ќе работат.

„Мора да се подигне образовната структура на земјоделците, кое ќе им го трасира патот за менаџирање во секторот“, објаснува деканот на Земјоделскиот факултет.


#
Статијата е прочитана 1387 пати.

Испрати коментар

Од: a.makedonski
Датум: 19.10.2010 12:37:39
Nemojte da zaboravete deka podiganjeto lozovi nasadi e skapa investicija , a prviot rod doaga duri posle tri godini. Zatoa promenata vo druga kultura e teska, macna a pred se skapa odluka.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 19.10.2010 14:46:22
Ne gledam dali nekoj ke kaze zosto se prodade zelencukot>>> za da se sadi poveke pa vprolet ke kukame pred vlada i ke zatvarame patista. Ako poplavite vo Evropa ovaa godina ja zgolemija pobaruvackata na zelencuk neznaci i vgodina. Dali imame priblizni analizi sto ni se slucuva deka nie srabotivme kvalitetno ne mi se veruva.
Од: Трпе
Датум: 19.10.2010 15:22:54
Македонскиот народ е пијани ,затоа неможе да види како работи ова блада на чело со мистер мр Рејтинг.Нормално дека е пијан ,кога многу пие ефтина ракија а нема пари за салата.А на бладата баш овој народ им одговара.Само да не заборавиме дека салатата (зеленчукот )е потребен и за децата.
Од: demokrat agronom
Датум: 20.10.2010 08:18:43
Lesno mu e na Vejo Tantarot pisuva knigi za koi vladata mu plaka pa sega ke ja reklamira rozovata programa so novi otkupni centri, i novi mlekarti , dosta mlekari vodoa Bitolcani kolku skapo im go plati Sved milk mlekoto. A za pcenicata i jacmenot da ne zboruvame 7 i 8 denari kilo airlija neka e , e sega koga 90 % zemjodelci go dadoa zitoto 10 pcenicata a jacmenot 11 airlija. Za grozjeto da ne zborime Vladata subvenciji za podiganje na novi nasadi i toa dobri pari 120.000 denari po 1 hektar popdignat lozov nasad a sega neka gi krcat istite lozovi nasadi pa pamet imaat li ovie vo Vlada.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Доаѓа светската џез-сцена
Распнати меѓу корените и реалноста
Веќе видено
Нова Камила во кралското семејство?
Може само бурма
Трнлив пат за доаѓањето на папата
Македонската филхармонија вечер на „Манаки“
Црвен тепих за двокатниот автобус
Го нема Силајџиќ, тука е Додик
Младите полни со идеи за бизнис, ама без пари
Во Хрватска уапсени седум гинеколози
За секој Македонец - по 300 евра
Со децении криел од семејството за вонбрачната ќерка
Нема работа за младите во Косово
Франција не се плаши од Бин Ладен
Ветераните на Милан немоќни во Мадрид
Стил
Србија сака 1,4 милијарди евра за „Телеком“
Магазин
Закани дека пак ќе ни воведат визи
Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“
Професорот што лови кодоши немал двор






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency