РАДОВИШ - За нецели две недели, се случи второ убиство во Радовиш. Седумдесет и осумгодишната Славка Трајчева завчера била пронајдена мртва во семејната куќа на кејот ,,Осми септември“. Нејзиното безживотно тело со видливи траги на насилство го пронашол нејзиниот постар син Цветко Трајчев, кој веднаш повикал лекар, но само констатирал смрт. Тој го пријавил случајот во полиција, со сомневање дека неговиот брат Раде ја убил нивната мајка, која често физички ја малтретирал. Според полицијата, главен осомничен за убиството е помладиот син на Славка, 43-годишниот Раде.
„Здравјето на брат ми му е нарушено. Често ја тепаше мајка ми, иако таа криеше од нас, но соседите ни го кажуваа тоа. Пријавував и во Центарот за социјални работи и во полицијата, но никој не презеде мерки досега“, вели Цветко, постариот син на Славка Трајчева.
И соседите вчера го потврдија физичкото малтретирање. Според нив, секогаш кога од куќата на Трајчеви се слушала гласна музика, знаеле дека Раде ја тепа мајка му.
Осомничениот е приведен и предаден на истражен судија,а телото на починатата е предадено на обдукција. Истрагата е во тек. (Е.П.)
Pazi go komentarov:"Според нив, секогаш кога од куќата на Трајчеви се слушала гласна музика, знаеле дека Раде ја тепа мајка му".Epa gospoda site vie ste soucesnici vo ova,a za policijata da ne zboram.Sramota za site sto znaele za ova a ne prevzemale merki...Sramota.....nema opravduvanje....Pozdrav
Од: nekoj
Датум: 05.05.2010 09:17:12
Katastrofa. Do koga instituciite ke molcat na vakvi prasanja , ima li nekoj nadlezen za vakvite rabotii vo Makedonija ???, a zemaat plati za srabotenata rabota Socijalcii i MVR katastrofaaa ,sramotaaaa
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 05.05.2010 10:46:43
Monstrum. Kako moze nikoj so prst da ne mrdne? Radovis e bukvalno selo i siguren sum deka mnogumina znaele niz sto proagja j kutrata zena? Ova e gnasen zlocin do krajnosti. Ova e dokaz za gnilo opstestvo, kade nikoj za nisto ne mu e gajle.Vo Sidnej kade ima kriminal od poim na golem grad, dosega neme procitano vakva vest. Site tonete, samo nemam zborovi kako da vi kazam.