Хороскоп
Овен
Имате променливо расположение, намуртени сте и незадоволни и тоа без посебна причина. Полесно ви е да паднете во депресија и од се' да кренете раце отколку да преземете нешто конкретно. Не предавајте се! Разменете го искуството со пријателите, така ќе најдете излез.
Бик
Имунитетот ви е на долната граница, но, сепак, сте активни. Знаете да им одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце. Отворете се за вистинските пријатели.
Близнаци
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и признанието отстрана - сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност и' давате на работата и на меѓучовечките контакти.
Рак
Ве очекуваат убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови може да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања можете малку да влијаете, но не нервирајте се, се' ќе се среди.
Лав
Вложувате голем напор и фанатично и' приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканото лице.
Девица
Многу од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, склони сте кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.
Терезија
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се на ваш својствен начин да ги санирате, да сочувате здрав разум и од кризата да излезете како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.
Скорпија
Се колебате меѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денеска се врзани за домот и за семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.
Стрелец
Причината поради која сте нервозни навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.
Јарец
Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложеноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовна еволуција.
Водолија
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.
Риби
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многумина од вас се чувствуваат повредено, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи ви недостига одлучност.
|