Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Двоен судски аршин за избрканите шеќеранци

Пресудата за некои гласи да враќаат пари за придонеси додека штрајкувале, а за другите се бараат докази од УЈП

БИТОЛА - Дали судот во Битола има различен аршин за избрканите штрајкувачи од битолската Шеќерана? Со вакви сомнежи излегоа дел од поранешните шеќеранци откако судот за десетина од нив пресуди да и' вратат на фабриката по 24 илјади денари за платени придонеси додека штрајкувале, а за петнаесетина нивни колеги бара докази од УЈП, дали било плаќано за надоместоци. Избрканите работници со право прашуваат врз кои докази судот претходно заклучил дека тие се должници на бугарските газди, а подоцна се коригира во ставот.

„Пресудите на битолскиот суд дека треба да враќаме пари за придонеси што фабриката ги исплаќала во време на штрајк беа критикувани како скандалозни. Одлучувајќи по другите предмети сега судот ретерира. Во процесот што се води за останатите 14 избркани работници бара нови докази од Управата за јавни приходи и од Шеќераната како се плаќани придонесите. Системот бруто-плата подразбира и придонеси. Но, ние не зедовме плата за време на штрајкот“, обвинува Пеце Милошевски, еден од избрканите.

Од Основниот суд во Битола објаснуваат дека предметите на шеќеранци се поделени кај двајца судии. Оттаму кажуваат дека е индивидуално правото на секој судија да носи одлуки, па и тогаш кога станува збор за исто прашање.

„Судечките судии сметаат дека секој предмет е посебен без разлика дали станува збор за штрајкувачи во група. За оние штрајкувачи за кои се донесени одлуки, надоместокот се бара откако штрајкот претходно беше прогласен за незаконит. Значи, за овие постапки што се во тек, право е на судијата да оцени дали треба да се прибават некои докази или не“, истакнува судијата Милка Бизевска, портпарол на Основниот суд во Битола.

Во ваквиот двоен судски аршин поранешните шеќеранци - штрајкувачи гледаат некаква друга позадина. Особено по првата одлука на судот штрајкот на вработените да го прогласи за нелегитимен.

„Се' уште стоиме на ставот дека ова е голема игра на некои моќници во државата што и' овозможиле на Шеќерана да работи на ваков начин. Владата е акционер со 47 отсто капитал во фабриката, а ниту еднаш досега не покажа интерес како функционира и што се случува со вработените, особено за време на штрајкот и по одлуката на судот да го прогласи штрајкот за нелегитимен. Ваква судска одлука не се памети во ниту една судска практика во ниту една демократска држава“, коментира Милошевски.

Судот не сака да ги коментира одлуките на делителите на правдата. „Доколку не се задоволни, правната заштита ќе ја остварат на повисоките судски инстанции“, препорача Бизевска.

По минатогодишниот шестмесечен штрајк на стотина вработени од Шеќераната, кои бараа повисока плата и попристојни услови за работа, газдите отпуштија 24 лица. На вработените им се заканува уште една тужба од бугарските газди. Според поранешните работници, фабриката води спор против нив и за надомест од 21 милион денари по основа на материјална штета што ја претрпела Шеќераната за време на штрајкот. Шеќеранци најавуваа жалби до Врховен суд, а за нелегитимноста на нивниот штрајк веќе се жалат и пред Судот за човекови права во Стразбур. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 466 пати.

Испрати коментар

Од: Nation judge
Датум: 27.05.2010 08:00:06
Се додека судии не почнат да спроведуват со лисици на рацете ако направиле злоупотреба нема да бидеме држава. И да го загубат правото на пензија. Така тоа е во земјите со стара демократија.
Од: Mite
Датум: 27.05.2010 08:46:21
Ima i edna Bugarska Banka vo drzavava na koja drzavava nisto ne i moze. Raboti kako saka. Neznam sto scenario e ova so Bugarskite "investicii", dali planot na Bojko za "okupacija" na Makedonija pocnuva da se ostvaruva, pa veke si se ponasaat kako da se vo sopstvena drzava. Del od politicarite sigurno veke i si gi smetaat za "svoj", stom im dozvoluvaat samovolie vo rabotenjeto.
Од: вераг
Датум: 27.05.2010 13:00:51
Нешто не ми е јасно-штрајкувачите не земле плата а треба да враќаат придонеси кои ги земала државата. Па зашто судот не ги бара придонесите од државата,кпја всушност ги земала/ А ова правило дека секој судија може да пресудива како му фаќа умот крајно време е да се напишти,биделчи и тие може да се глупи па да донесуваат глупи пресуди,а нокој ништо не им може.
Од: terezija
Датум: 27.05.2010 13:31:31
Lele, leleee... shto ne' snajde...??! Off leleee ushte shto doprva ne' cheka...??! Najteshko bilo ; "...da imash - pa potoa da nemash..." (od materijalna gledna tochka). No imalo ushte poteshko i pobolno (od aspekt na dushevna bolka) ; CHOVEK da se rodish, a kato B'lgarin da zavrshish ... Gospod da Vi plati i naplati (Gj. Ivanov neka kaze do koe koleno...) - novokomponovani izdajnichki "PATRIOTI"-otpadnici i trulezi = IZRODI na Makedonskiot narod.

Најди! во Утрински
Политика
Болните од мултиплекс склероза без терапија?
Изработени атласните карти за границата
Конгрес за ревитализација на Сојузот на борците
Укинати два члена од Законот за експропријација
„НАТО во современите меѓународни односи“
Затвор за германскиот агент и љубовникот
ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 23,1 а СДСМ - 10,5