Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Цивилното општество и реформите во безбедносниот сектор

СТРУМИЦА - Република Македонија и по Букурешт 2008 година останува доследна на трајната определба, својата иднина да ја остварува како дел од европското семејство и НАТО.

Ова е една од поентите на работилницата „Цивилното општество и реформите во безбедносниот сектор“ што се одржа во Струмица, во организација на Центарот за демократија и безбедност од Скопје.

„Македонија мора и во иднина да го продолжи својот реформски курс во сите области, вклучително и во безбедносниот сектор. Реформата на безбедносниот сектор, која треба да ги опфати сите негови делови, е показател за демократскиот капацитет на државата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови слободи и права“, истакна м-р Атанас Козарев од Центарот за демократија и безбедност.

На работилницата учествуваше и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Кекеши, кој ги пренесе искуствата од неговата земја во зачленувањето во НАТО и во ЕУ.

„За десет години станавме членка на НАТО, а за петнаесет години членка на ЕУ. Имавме широк консензус во државата околу главните политички цели, како што се евроатланските интеграции. До зачленувањето во НАТО моравме да ги средиме нашите односи со соседите и јавно да кажеме дека сме против промени на постојните граници. Но, и да истакнеме дека ќе се грижиме за унгарското малцинство во соседните земји каде што живеат околу пет милиони наши граѓани“, истакна унгарскиот амбасадор. (Е.П.)


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Петто спомен-обележје за бранителите на Карпалак
Oсум новозаболени случаи од сида
Велешки семејства чекаат стан со години
Нов изглед за запуштеното Тумбе-кафе
Не се знае колку деца се незапишани во матичните книги на родени
Бранителите бараат достоинство