Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Oсум новозаболени случаи од сида

И натаму сидата најчесто се пренесува по хетеросексуален пат

Годинава во Македонија се регистрирани осум нови случаи на сида. Со нив од 1987 година, кога се појави првиот случај заклучно до вчера, во земјава се откриени 111 ХИВ заразени лица, од кои 60 се починати. И натаму сидата најчесто се пренесува по хетеросексуален пат. Меѓу заболените доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, и најголем дел од нив се од машкиот пол.

Со тоа што годинава има само осум новозаболени, министерот за здравство, Бујар Османи, кој вчера, по повод 1 Декември - Меѓународниот ден за борба против сида, го посети Центарот за доброволно советување и тестирање на ХИВ/сида, при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, истакна дека Министерството за здравство прави максимални напори Македонија да ја одржува во земјите со ниска преваленца на вирусот и тоа преку тринаесетте центри за советување и бесплатно тестирање за ХИВ/сида. „Во соработка со меѓународни организации ние ја покриваме целокупната терапија што им е потребна на заболените лица, а се дава според најсовремените протоколи“, изјави министерот Османи, кој додаде дека Министерството ќе продолжи со промоција на пропагандни материјали за да се подигне свеста за ризикот и последиците од ХИВ/сида.

Националниот координатор за ХИВ/сида, Милена Стефановиќ, додаде дека осумте новорегистрирани случаи се веќе заболени од сида, а двајца од нив се починати. Таа апелираше за навремено тестирање од вирусот кое, пред се', како што рече, е добро за пациентите и нивно контролирање и лекување.

Во 13 центри во земјава лоцирани на Инфективната клиника, во поликлиниката „Бит-пазар“, во Републичкиот завод за здравствена заштита и во десетте Заводи за здравствена заштита, во последните шест месеци се направени околу 1.000 тестови за дијагностицирање на ХИВ. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 1095 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Петто спомен-обележје за бранителите на Карпалак
Велешки семејства чекаат стан со години
Нов изглед за запуштеното Тумбе-кафе
Не се знае колку деца се незапишани во матичните книги на родени
Бранителите бараат достоинство
Македонија останува доследна за членство во НАТО