Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Петто спомен-обележје за бранителите на Карпалак

ТЕТОВО - Со пригодно чествување на загинатите десет бранители во конфликтот од 2001 година, во саботата на банкина од автопатот Скопје-Тетово беше поставено спомен-обележје. Оваа е петта по ред спомен-плоча што се поставува на местото на тешката трагедија од 8 август 2001 година. Четири пати непознати бандити во ноќно време го кршат спомен-обележјето. Овој пат, заменик-министерот, Емил Димитриев, побара да престанат вандалските посегања со што „ќе престанат и малтретирањата на семејствата на загинатите“.

„Сквернавењето на спомен-обележјето, свесно или несвесно, од ниеден аспект не е оправдано, особено од религиозен и се посега по почитта спрема мртвите. Буди непријатни чувства и не оди во прилог на градење граѓанско општество. Конфликтот е зад нас и ќе остане во колективната меморија на сите граѓани, а постконфликтните случувања не водат кон залечување на раните“, истакна Емил Димитриев.

Првата спомен-плоча на Карпалак ја постави Здружението „Карпалак“ од Прилеп во 2002 година. На влез во кањонот на 8 август 2001 година припадници на ОНА поставија заседа и убија десет припадници на прилепскиот гарнизон на АРМ кои доаѓаа да го бранат Тетово. Во невидениот кошмар и силна оружена акција во која беа нападнати петте возила со 120 резервисти, загинаа: Ноне Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар

Од: bivs skopjanec
Датум: 01.12.2008 02:08:36
Slava Im!Koj ne gi pocituva zivite, ne gi pocituva i mrtvite. Vo svetot duri i ubicite gi ostavaat vo mir pocinatite. Nedostiga naj osnovnoto domasno vospituvanje.Nema komunikacija pomedju generaciite vo edna familija. Ostavete gi na mir umrenite za da pocnete da ziveete vo prava smisla na zborot.
Од: POMNI i NE ZABORAVAJ
Датум: 01.12.2008 04:34:59
POMNI narode i NE ZABORAVAJ!
Од: shkupi
Датум: 01.12.2008 05:33:27
pak ista mermerna ploca, ova kao nekoj da saka da se sluci istoto pak da se skrshi memoralnata ploca, se prashuvam zashto ne se postavuva ploca koja ne ke mozhe da se iskrshi ili pak se nadevam ovoj pat mozebi ke postavat kameri, bidejki ako eden ludak pak ke projde natamu i ke mu tekne i ajde ke ja iskshi ,pa posle se napaga celiot albanski narod i se napagat dvete strani , se nadevam deka ovoj pat nema da se sluci istiot nastan
Од: Itar Pejo
Датум: 01.12.2008 10:42:28
A zosto ne se obnovuvaat i drugite ispokrseni spomenic, od borcite od NOB?
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 14:06:05
abe itar pejo---da ne sakas i od krale marko plocata da ja postavat? koi be borci? za koja kauza? jas bi srusil sekakvi grobista kako engleski,bugarski,francuski..na tloto na makedonija...sto ke ne potsekjaat?deka tuka bile kako okupatori? ili da ne storile nesto dobro?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Oсум новозаболени случаи од сида
Велешки семејства чекаат стан со години
Нов изглед за запуштеното Тумбе-кафе
Не се знае колку деца се незапишани во матичните книги на родени
Бранителите бараат достоинство
Македонија останува доследна за членство во НАТО