Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

БЈР

РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Бившата југословенска република Црна Гора накратко застана во редот на фиромизаторите на Македонија, кревајќи им го притисокот на гледачите на А1 што го следеа директниот телевизиски пренос од музичкиот фестивал „Песна на Медитеранот“ во Будва. По „техничка грешка“, истите тие гледачи имаа можност да гласаат за Калиопи од „БЈР Македонија“, како што стоеше на телопот во долниот лев агол од екранот, а за тоа задоволство уште требаше да платат 50 денари плус ДДВ!? Калиопи, каква што ја дал Господ, вресна до небо, партал ги стори организаторите, заканувајќи се со демонстративно напуштање на манифестацијата, па следуваше официјално извинување преку водителот Оливер Млакар. Тоа не ја смири ерупцијата од незадоволство во македонскиот табор, кое индиректно го покажа Дарко Димитров со заблагодарувањето на „мојата земја, која се вика Македонија“ при примањето на наградата за најдобар аранжман за песната што ја изведе Ламбе Алабаковски.

Човечки е да се прифати извинување, но „грешката“ ја видоа милиони гледачи од регионот со посредство на 11 ТВ-куќи, колку што вршеа пренос од приредбата до лани позната како „Будва фест“. Бадијала туфкањето на организаторот кога веќе замина возот. А и за каква тоа техничка грешка може да стане збор кога се додава кратенка до името на државата. Може да се згреши, на пример, со тоа што при испишувањето да се испушти или да се додаде некоја буква, па да се добие Макоданија, Макадонија, Макдонија и сл. Но, залепувањето на фамозните три букви до државното име, за кои се знае дека ги навредуваат Македонците, едноставно, не може да биде случајно. Исто како што не би било ��лучајно или обична техничка грешка да се напише БЈР Црна Гора. Дотолку повеќе што најмалата од шесте републики на некогашна СФРЈ со новиот устав донесен по минатогодишното раздружување со Србија се дефинира себеси само како Црна Гора, без префиксот република.

Сепак, не се кабает (само) Црногорците за горчливиот вкус по најновото фиромизирање на отворена сцена, иако тоа најмалку можеше да се очекува од народот со кој Македонците повеќе од пола век живееја во иста држава, а кому некои радикални српски кругови исто така му го оспоруваат идентитетот. Затоа, веројатно, и повеќе нервира овој гест, но ако сме толку чувствителни и принципиелни, зошто не реагираме на ист начин и кога на „Евросонг“ нж именуваат со ФЅР Мацедониа? Да не зборуваме, пак, за несреќната букурешка епизода, кога запнавме да влеземе во НАТО токму со референцата под која државава е примена во Обединетите нации.


Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Хуманитарна аукција на битолскиот „Монмартр“ за доизградба на манастирот на Тоше во Крушево
Со годините станувате дел од семејството на своите гледачи
Вистинско празнување на животот
Јас сум средината помеѓу Барбара и Ивана
Шоуто на Опра Винфри најдобро и најплатено