Дождливо, ветровито и посвежо
Вечерва и утре ќе настапи позначителна промена на времето, со обилни врнежи од дожд и засилен ветер, најавуваат метеоролозите. Локално ќе има и невреме со пороен дожд од 20 литри на квадратен метар, силен ветер, грмежи и град, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од задутре се очекува заладување со променливо и посвежо време. Температурите ќе опаднат во просек од 8 до 10 Целзиусови степени, а ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер. (Сн.К.) |