Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Регионална ракометна лига – втор пат

Лигата ќе стартува во август 2011 година со 16 клуба од седум земји, меѓу кои и Металург и Вардар про

Роберт Димитриевски

Речиси една деценија по неуспешниот обид со т.н. Средноевропска ракометна лига, в година ќе стартува Регионална лига со 16 клуба од седум земји, меѓу кои и Македонија. На третиот состанок на претставниците на ракометните федерации од регионот одржан во Белград е договорено Лигата да стартува на 23 август 2011 година, да се игра по двокружен бод-систем и таа да заврши на 31 март 2012 година. Во првото издание по три екипи ќе даваат Словенија и Босна и Херцеговина, а по две Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Унгарија. Шампионот на Лигата ќе се добива преку фајнал-фор, загарантирано место во неа ќе има само освојувачот, а по завршувањето сите учесници ќе и' се приклучат на завршницата во националните првенства.

„Во Македонија со големи симпатии е прифатена идејата за организација на регионална лига, не само во ракометот, туку и во целата спортска јавност. Ние во Македонија веќе ги донесовме сите одлуки: го променивме системот на натпреварување и решивме во Лигата да учествуваат двете најдобри екипи. Значи, никој нема да биде претплатен на учество, туку секој ќе мора да се избори за тоа“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Михајло Михајловски. „Ова е добро за ракометот во сите држави-учеснички. Добро е за клубовите, за ракометарите, за федерациите“.

Михајловски е и спонзор на Вардар про, кој има искуство од настап во регионално ракометно натпреварување преку спомнатата СЕРЛ, која згасна по само една година, со чести откажувања на клубови и со одложување и неодигрување натпревари. Покрај црвено-црните, во инаугуралното издание на Регионалната лига македонскиот клупски ракомет ќе го претставува и Металург.

„Ова ќе значи многу и за нас и за македонскиот ракомет. Дефинитивно, ќе се излезе од летаргијата со неколку силни меча со Вардар, плус настап во еврокуповите. Регионалната лига е можност за полни сали, за комерцијализација, шанса и на спортски и на финансиски план. Со нетрпение ја очекуваме и веќе две години се подготвуваме за неа“, вели Филип Христов, координатор на машката и на женската екипа на Металург. „Ние и Вардар инвестираме околу еден милион евра годишно, а не ни се враќа ни приближно преку домашното првенство. Вака, добиваме евтино, а квалитетно натпреварување, згора и можност да заработиме“.

За да се излезе во пресрет на Регионалната лига, во македонската Вип- суперлига во сезоната 2011/2012 ќе играат осум екипи двокружно, без Металург и Вардар про. Тие ќе се приклучат во пролетниот дел, кога заедно со четирите првопласирани од Суперлигата ќе формираат мини-лига, а останатите ќе разигруваат за опстанок. Двата најдобри тима во мини-лигата ќе добијат право на учество во Регионалната лига.

Од Словенија е извесно дека во Лигата ќе играат Целје Пивоварна Лашко, Цимос Копер и Горење од Велење, а од БиХ речиси сигурно Босна, Борац од Бања Лука и Извиѓач од Љубушки. Унгарија ќе ја претставуваат Веспрем и Пик Сегед, Загреб Кроација осигурање и Нексе од Нашице се најверојатните учесници од Хрватска, Колубара и Црвена звезда од Србија, а од Црна Гора засега сигурен е само Ловќен.

Натпреварувањето ќе биде администрирано од Загреб, каде што ќе биде седиштето на Ракометната асоцијација на Југоисточна Европа (СЕХА), а спонзорот Шпаркасе банка, неофицијално, ќе издвојува по 400.000 евра за сезона. За ракометната правда ќе се грижат по две најдобри судиски двојки и делегати од секоја од земјите-учеснички, а службен јазик ќе биде англискиот.

Во почетокот на декември секоја од седумте федерации ќе потпише договор со спонзорот на Лигата во Сараево, кога и практично ќе профункционира новиот обид за ракометно обединување на земјите од просторот на поранешна Југославија. Ним во почетокот им се приклучи Унгарија, а има(ше) настојување тоа да го направи и Романија.

Во моментов во регионот егзистира женската Регионална ракометна лига, во која од Македонија настапува Металург.


#
Статијата е прочитана 496 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ферари очекува трка до последниот метар
Мирно четврто коло на меморијалот „Таљ“
Мицов запрен на главниот турнир во Анталија
Петта победа во низа на Орландо над Атланта
Соседството вреска, ама никако да победи
Бабунски ги одбра „малите“ за Мали






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'