Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Уапсен прилепчанецот што стрелаше во свој сограѓанин

За пукотоницата што се случи во понеделникот попладне, а во која со тешки повреди се здоби прилепчанецот Дарко Ирене (29) со прекар Мафијата, полицијата го осомничува 31-годишниот Василчо Димески од Прилеп. Осомничениот, кој извесно време беше во бегство, од завчера е во рацете на полицијата.

„Полицијата го реконструира случајот. Се' се случило околу 16,50 часот на булеварот во центарот на Прилеп кога 29-годишниот Дарко го паркирал автомобилот марка „алфа ромео“ и потоа се упатил кон „голфот“ со бугарска регистрација, паркиран во непосредна близина. Одеднаш од голфот излегол Димески со пиштол во раката и испукал седум куршуми во Дарко. Иако тешко ранет, тој успеал да влезе во такси и бил префрлен во Градската болница“, појасни портпаролот Ѓоко Стрезовски.

Според Стрезовски, совозачот на повредениот Дарко се спасил од куршумите бегајќи со возилото „голф“.

Пријавениот Димески го фрлил пиштолот в река, но по направена парафинска ракавица, било утврдено дека тој пукал во Мафијата, за кого од Градската болница потврдуваат дека бил опериран и е надвор од животна опасност.

Како можен мотив за обид за уби��тво, според осомничениот, биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Имено, Димески и Ирене се запознале пред две години и заедно биле во Германија, каде што сега ранетиот бил во затвор, наводно, поради растурање дрога, а во изминатиов период тој бил на привремена работа во САД.

Од полицијата велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава. (Х.Р.)






#
Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Полицијата заплени 1,5 килограми висококвалитетен кокаин
Тетовец ранет од заскитани куршуми
Кривична пријава за поранешниот директор на битолски „Бетон“
Ограбен маркет на „Макси Д“
Притворен помагач на осомничен за убиство
Пронајден труп на маж што бил исчезнат