Притворен помагач на осомничен за убиство
Кумановската полиција го откри и го спроведе со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово соизвршителот на делото убиство, извршено над Бранко П.(62) од Куманово.
Имено, по претходен план и договор, соизвршителот В.Љ. (22) од село Черкеско Село имал задача да го следи, а кога Бранко П. ќе пристигне пред менувачницата да му се јави на мобилен телефон на извршителот Р.З. (22) од Куманово. Откако ја извршил договорената обврска, односно откако В.Љ. му се јавил на Р.З, тој си заминал, а малку подоцна се слушнале истрели од огнено оружје.
Истражен судија по извршен распит, на В.Љ. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, а кумановската полиција работи на утврдување и докажување на евентуалната инволвираност и на други лица. (Љ.С.) |