Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Нашинците праќаат дома се' помалку пари

Приливите од приватните трансфери се помали поради падот на откупот на ефективата

Александрија Стевковска

Нашите иселеници во странство испраќаат многу помалку пари од очекуваното. Вака заклучила Народната банка на Македонија, која поради тоа направила и надолна корекција на нето-приливите од приватните трансфери во најновата ревизија на макроекономските проекции за 2011 година. Имено, нето-приливите од приватните трансфери оствариле понегативни движења поради повисокиот годишен пад на нето-откупот на ефектива од 12,2 отсто наспроти 9,5 отсто според априлската проекција. Освен во овој сегмент, каде што се бележи негативен тренд, останатите делови што учествуваат во креирањето на поволниот економски амбиент покажуваат позитивни поместувања, што ги крена очекувањата за раст на БДП и за пад на инфлацијата до крајот на годинава.

„Врз основа на макроекономските движења, за 2011 година се очекува повисок раст на економската активност во однос на очекувањата и достигнување на бруто домашниот производ од 3,5 отсто наспроти претходните очекувања за раст од 3 отсто. Ризиците околу растот се во надолна насока и се поврзани, пред се', со должничката криза кај периферните земји од еврозоната, со потенцијални последици за странската побарувачка, извозот, инвестициите и очекувањата. Се очекува за цела 2011 година инфлацијата да биде 4,5 отсто со тенденција на натамошен пад“, објави вчера гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

На вчерашната седница на Советот на НБМ било заклучено дека поволните макроекономски движења ќе продолжат, а основната каматна стапка ќе остане непроменета.

„Барањата на банките за намалување на задолжителната резерва и за корекција на коефициентите за ликвидност се разгледуваат. Најверојатно, ќе одиме со корекција на билансните ставки што ќе им ослободи на банките одредена ликвидност, а можноста за намалување на задолжителната резерва се' уште ќе ја разгледуваме“, додаде Богов.

Движењата во платниот биланс се во рамки на очекувањата. „Во второто тримесечје на 2011 година се проценува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 0,9 отсто од БДП (1 отсто во априлската проекција), во услови на позитивни движења кај трговското салдо, кај услугите и кај доходот. Истовремено, се очекува дека капиталните нето приливи ќе бидат пониски од априлската проекција и дека ќе изнесуваат 0,04 отсто од БДП, главно поради пониските странски директни инвестиции, помало нето-задолжување во странство, како и зголемена побарувачка за девизни средства на населението од банкарскиот сектор“, информираше Богов.

Се очекува дека дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања, до крајот на 2011 година, ќе изнесува 5,5 отсто од БДП, што претставува надолна корекција во однос на априлските очекувања.

Се планира девизните резерви до крајот на 2011 година да остварат посилен пораст со што нивното ниво и понатаму ќе обезбеди покривање на четиримесечниот увоз на стоки и услуги од наредната година.

„Ризиците околу проектираниот монетарен и кредитен раст, главно, се поврзани со темпото на заздравување на реалната економија и оцената на ризиците од банките, а како дополнителен фактор на ризик и натаму останува динамиката на инфлацијата во следниот период“, објасни Богов.

Советот на Народна банка го разгледал и го усвоил извештајот за банкарскиот систем во првото тримесечје од 2011 година. Заклучено е дека вкупната актива на банкарскиот систем продолжила да се зголемува и дека ќе оствари годишна стапка на раст од 14 отсто. Кредитната активност на банките пораснала и тоа со побрзо темпо во споредба со претходното тримесечје. Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити минимално се зголемило, а исто така се зголеми и учеството на кредитната изложеност во поризичните категории на пласмани. Од друга страна, на годишно ниво, овие два показатела бележат подобрување, преку зголемување на покриеноста на изложеноста од страна на банките со издвоената исправка на вредноста и посебна резерва.

Показателите за солвентноста и капитализираноста на банкарскиот систем забележале зголемување.

Во првите три месеци од 2011 година, поради намалените каматни приходи и зголемените оперативни трошоци кај одделни банки, финансискиот резултат на ниво на банкарскиот систем е негативен и изнесува од 80,5 милиони денари. Веќе во април 2011 година, банкарскиот систем прикажа добивка од 111 милиони денари.


#
Статијата е прочитана 1714 пати.

Испрати коментар

Од: zapad
Датум: 04.08.2011 00:14:58
jasno pomalku pracame i trosime vo mkd koga tamu e preskapo kako da ima dno so resteki...ili pak denarot e precenet vo sekoj slucaj cudno kako vo mkd se e poskapo od zapad.....
Од: vistina
Датум: 04.08.2011 04:23:30
kako chto izgleda rabotata sekoj den se pomalu pari ce ispracaat nachite od stranstvo.Pecalbata vo stranstvo vece nikade n e e kako chto bila i vo stranstvo techko se zivee.mnogu familii od nachite ne mozat da si gi placaat davackite a ne da pracaat vo makedonija.
Од: noname
Датум: 04.08.2011 08:23:12
sto ke prakam koga si gi donesov moite roditeli tuka. Jas sum roden vo kocani, ziveam vo italija, neznam dali ima uste nekoj tamu za na koj da pratam
Од: od aco
Датум: 04.08.2011 08:25:11
dragi nasi vie mislite ako na makedonskite pecalbari sto sme po svetot ni tece med i mleko se lazete pominaa tie vreminja koga gospod odese po zemja i se se mozese sega umre toa vreme sega edvaj ako mazot i zenata ovde na pecalba ne rabotat nema opstanok zatoa ne gajete iluzii deka ovde po evropa e rozovo pozdrav
Од: Goran
Датум: 04.08.2011 08:28:54
Resete go problemot so bankite i Pay Pal i dozvolete im na iljadnicite freelanceri vo Makedonija da donesat nekoe denarce ovde.
Од: goran
Датум: 04.08.2011 10:15:49
devizite vi otidoa za vadenje bugarski pasosi licni karti vozacki dozvoli i kupuvanje bugarski koli,studiranje vo bugarija
Од: Od mene
Датум: 04.08.2011 10:20:24
" Освен во овој сегмент, каде што се бележи негативен тренд, останатите делови што учествуваат во креирањето на поволниот економски амбиент покажуваат позитивни поместувања..." Ama vie moravte bas toj "segment" da go istaknete kako naslov. Aj malku glavata gore, namkori!
Од: od ostrijot
Датум: 04.08.2011 18:47:56
da nasite isprakat se pomalku pari a dalistese zaprasale zosto .odgovorot e preskapa i losa usluga na nasite banki toae faktot.razmislite.
Од: bezanec
Датум: 04.08.2011 19:35:53
По малку се праќа од причини што грујо не успеја да ја покрена економијата,во своето владење со популизам,ги оданочи еднаш оданочените пари од каде ги праќаат нашите синови,ќерки или родители .

Најди! во Утрински
Економија
Една куќа, ама само три стана
Домашната пченица на диво се носи во Албанија
Секој Германец должи 24 илјади евра
КХВ одобри 10. емисија акции на Халк банка од 25 милиони евра
Спогодбата за долгот недоволна за САД
Косово со строги економски мерки

"""