Разбиена огромна педофилска мрежа
Виена - Огромна педофилска мрежа е разбиена во Австрија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полицијата. Приведени се повеќе од 100 лица, меѓу кои и четворица учители и еден работник во детска градинка. Во претресите во 107 куќи низ цела Австрија биле одземени порнографски материјали. Акцијата била спроведена врз основа на информации што пристигнале од Луксембург. Уапсените мажи се на возраст меѓу 18 и 70 години и се со различно социјално потекло. Тие се осомничени за закачување порнографски материјали на Интернет, преку сервер стациониран во Луксембург.
|