Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Светот згрозен од најскапата елка

АБУ ДАБИ - Луксузниот хотел во Абу Даби, што се фалеше со божикна елка вредна 11 милиони долари декорирана со злато и скапоцени камења, призна дека можеби претерал со празничниот дух. Во соопштението од хотелот „Емиратс палас“ се наведува дека жали за „обидите да се претера“ со традицијата за китење на божикната елка со нејзино разубавување со првокласни украси вклучувајќи злато, рубини, дијаманти и други скапоцени камења од хотелскиот јувелир. Соопштението е редок пример на рефлексија на обичајот да се претерува во Заливот.

Божикната елка беше откриена минатата недела со фанфари во хотелот, кој има сопствен автомат за продавање златни прачки и нуди еднонеделен пакет во вредност од еден милион долари, што вклучува излети со приватен авион низ Блискиот Исток. Меѓутоа, менаџментот на хотелот, очигледно, почна да пројавува сомнежи откако се поведоа прашања околу тоа дали луксузната елка е само добра празнична намера или несреќен лош вкус.

Хотелот жали за „обидите да се претера со традицијата што ја почитуваат повеќето хотели во земјата, со значења и конотации што не се во согласност со професионалните стандарди на хотелот“, се наведува во соопштението објавено од државната новинска агенција ВАМ.

Иако официјално е муслиманска земја, Обединетите Арапски Емирати покажуваат голема почит кон Божик поради големата странска популација во земјата. Светилки, божикни песни и украси се забележуваат во речиси секој трговски центар.


#
Статијата е прочитана 1366 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 21.12.2010 14:09:11
Несреќни :-))
Од: Komentator
Датум: 21.12.2010 17:25:54
Ziv dokaz.. deka so pari pamet .obrazovanje moral i taka nataka ne se kupuva...!! Ubavo e sto i muslimanite go prifatile hristijanskiot Katolickiot obicaj da kitat elka za BOZIK....zosto da se razbereme.. ne postoi NOVOGODISNA ELKA tuku BOZIKNA....i ne postoi DEDA MRAZ...tuku BOZIC BATA HRISTMAN..kako go narekuvaat vo EU..Amerika i taka nataka...I ajde toa da go stavime na strana ..ABU DABI...napravi najskapa i naj KIC elka vo istorija na slavenjeto na Bozik...!!!

Најди! во Утрински
Свет
Приведена опозицијата во Белорусија
Косово со Тачи на тенок мраз
ЕУЛЕКС не знае дали е надлежeн за злосторствата
Помирливи тонови од Северна Кореја
Америка затечена
Безвластите во Слоновата Коска
Разбиена огромна педофилска мрежа
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks