Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Косово со Тачи на тенок мраз

Како ќе успее Хашим Тачи сега да направи влада кога е толку многу оцрнет во европската јавност

Димитар Чулев


Хашим Тачи неделава патува во Хаг, но не по барање на Трибуналот и во врска со сомневањата дека бил замешан во монструозната трговија со човечки органи, туку да се види со некогашниот соборец Рамуш Харадинај, кој чека судење за направени воени злосторства. Средбата, наводно, е со цел Тачи да побара поддршка од Алијансата за иднината на Косово, партија чиј лидер е токму Харадинај, околу изградбата на платформа пред претстојните преговори на Приштина со Белград.

Неофицијално, иако во Алијансата го негираат тоа, Тачи оди во Хаг по „дил“ за формирање идна влада, што е особено значајно во момент кога меѓународната јавнос�� и особено западните сојузници испраќаат студени сигнали кон искомпромитиранот Тачи, но и кон Косово, кое неполни три години по прогласувањето независност, западните медиуми го опишуваат како максимално корумпирана држава-џунгла. „Скандалот со шверцот на човечки органи ќе го блокира обидот на која било влада на Косово да го трасира патот на новата балканска држава кон ЕУ“, напиша деновиве британски „Економист“.

Извесно е дека Тачи ќе има проблем да најде сојузници за составување нов кабинет. По пукањето на коалицијата со Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) на претседателот и лидер Фатмир Сејдиу што доведе до предвремени избори на 12 декември, нов брак од интерес на Демократската партија на Тачи со ДСК би бил политичка перверзија. Тачи веќе го заобиколи кога во саботата направи договор за формирање идна влада со мултимилијардерот и лидер на Алијансата ново Косово, Беџет Пацоли, кој мина како петтопласиран на вонредните избори. Но, на 33,5 отсто гласа на Тачи, седумте отсто од Пацоли се премалку, оттаму многу е извесно дека Тачи смета на гласовите на четвртопласираната Алијанса на Харадинај, но и на ситните гласови на поситните партии, како што е Демократскиот сојуз на Дарданија.

Колку ќе успее да ги приклучи во евентуално идната влада сега откако доби багаж на потенцијален злосторник што раководи со шверцот на наркотици и оружје, треба да се види, но договорот со Пацоли е ветувачки. Најбогатиот Албанец на светот, кој вели дека собрал „доволно пари да го купи Косово“, не ги крие своите намери од бизнис да се префрли во политиката. Во влада во која неговата мала партија би добила силно место (премиерско, на пример) неговите амбиции ќе почнат да се остваруваат. Тоа му одговара и на Тачи, кој иако се' уште не е ни почнат процесот за докажување на неговото криминално минато, е драматично дискредитиран.

Во играта „состави ја новата влада“ сигурно ќе нема место за третопласираната партија Самоопределување на вечниот бунтовник без причина, Албин Курти, студентски лидер во втората половина на 90-тите со стаж на српски затвореник по 1999 и контраш на сите политички опции во Косово. Курти не е подобен, бидејки е против присуството на меѓународните сили на Косово, кои ги смета за колонизатори, а во последно време отворено се залага за спојување на Косово со Албанија, нешто што со планот на Марти Ахтисари беше посочено како прва и основна невозможност. Токму оваа големоалбанска платформа му донесе 17 отсто од гласовите на Самоопределување што дебитираше на овие избори. Но, и името Вилијем Вокер, 75-годишниот американски дипломатски ветеран, чиј извештај за наводниот српскиот масакар врз албански цивили во селото Рачак во 1999 створи бришан простор за 78-дневното НАТО бомбардирање на Србија. Вокер, случајно или не, беше надлежен за изборната кампања на Албин Курти.

Како овој ангажман на поранешниот клучен човек на посматрачката мисија во Косово се посматра во САД, тешко е да се процени. Извесно е, како што коментираат некои весници, дека Вашингтон и ЕУ елегантно сакаат да се дистанцираат од политичките фигури со проблематично минато „и со барут на рацете“, но дали нови луѓе од калибарот на нестабилниот Курти и со големодржавни амбиции треба да бидат алтернатива?

Некои аналитичари Албанци во Македонија деновиве излегоа со став дека Курти и не е незначајна фигура, а неговата програма не е неостварлива. Ако никој во 90-тите не верувал во отцепување на Косово, а пред 2007 никој не веруваше во можно осамостојување, сега, исто така, невозможно изгледа формирањето заедничка држава на сите Албанци! Што не значи дека на тоа не се работи и покрај декларативните официјални изјави од Тирана и Приштина дека се тоа глупости, зашто Албанците на Балканот и без тоа ќе се обединеле во рамките на ЕУ!

Напротив, жестоките напади врз Тачи и косовските институции по извештајот на Дик Марти, можат да имаат обратен ефект и да се претворат во катализатор за нова хомогенизација на сите Албанци на Балканот и во дијаспората. „Доказите што ги откривме се најважни, бидејќи се разликуваат од вообичаените слики на ОВК, како герила што се бореше да ги одбрани правата на својот народ на Косово“ – пишува Дик Марти во извештајот.

Но, колку ќе биде посилен притисокот однадвор, толку ќе биде посилна мобилизација во албанските редови. „Најдобро решение засекогаш да бидат разјаснети сите обвинувања и клевети е соработката со националното и меѓународно правосудство“, порача албанскиот премиер Бамир Топи. Силната (и богата) заедница на Албанците од Швајцарија (200.000 лица официјално) го побара истото…

Случајот Тачи, меѓутоа, ништо нема да измени околу статусот на Косово, кое веќе е признато од над шеесет држави. Стекнатата сувереност не може да се доведе под прашање колку и да е тешка вината на еден премиер. Свесни за тоа, во Србија на скандалот реагираат воздржано, а Белград нема ни да се обиде да ја обнови потерницата по Хашим Тачи.

Но, повеќе од јасно е дека во дијалогот Приштина-Белград, што е еден од предусловите за европските амбиции на Србија, ќе има „дополнителни моменти“. На пример, како што проценува Тагесцајтунг „ниту еден Србин нема да се согласи да седне на преговарачка маса со Тачи. Но, без него (како победник на изборите) ќе биде речиси невозможно да се формира влада во Приштина“.




#
Статијата е прочитана 737 пати.

Испрати коментар

Од: Nevidena hipokrizija na Zapadot
Датум: 21.12.2010 13:06:50
Kosovo e dete na kriminalen abortus na pred se SAD i Zapadnite evr. zemji koi rabotea po diktat na SAD< Zatoa da ne ve cudi sto e vistinsko leklo i osilo na zlocini i kriminal. Stvoren e na zlocinacki i kriminalen nacin so amni na Zapdot i sega postana prevata mafijaska drzava. Zatoa SAD i Zapadot neka ne prodavaat licemerie. Site nejzini prestavnici navo Kosovo(: Voker Ahtisari, Kusner i dr. debelo bea korumpirani so okrvavenite pari na kriminalcite na OVK od droga , covecki organi i prodazba na ludje. Pa Zarem ne geldate deka 80 % od kriminalot vo Evropa go pravi albanskata mafi8ja , a Kosovarite se najistaknati vo tie raboti. A za sonot na goleme aAlbanija ne s zalazuvajte. Pa nasiot Taci javno izjavi deka ne postoi albanec jkoj ne go, sonuva sonot za Golema Albanija , a toj sto kazuva poinakum laze.
Од: od gv-zh
Датум: 21.12.2010 15:46:28
"navodniot srbski masakr vo recak" se sluci navistina i koj si ti taka narecen novinar da go negiras toa .Fkt e deka megu site zrtvi bese i eden nas bratuced
Од: jokanovski
Датум: 21.12.2010 18:32:22
Ete sto prizna Makedonija za drzava.Sramna odluka, sramno priznavanje.A uste poloso i za samata Makedonija sto separtistickiot proble postoi samo kako vremeno ugasnat konflikt, a taa toa go ozakonuva koga se raboti za prviot sosed.Marionetski i servilen odnos kon SAD i nekoi zapadnoevropski zemji go napravija svoeto.Ne ce me cudi ako polno zemji go povlecat svoeto priznavanje .Ova seto samo ja dokaza hipokrizijata i, licemerieto i dvojnite standardi sto gi sproveduvaat nekoi zapadni zemji.Togas se se doveduva so polno pravo pod znak prasanje, Racak na Kosovo, Markale vo Sarajevo.....Sramni i podli raboti vo 21 vek.
Од: remi
Датум: 22.12.2010 00:17:10
Pa site ste tolku prosti za da mozhete da poveruvate deka tranplantacijata na çoveki organ e tolku lesna rabota. Coveçki organi bre lugje ne se nosat vo kesi,,,koj vo momentov ima uslovi za transport i za transplantacikja na çovecki organi na Balkanot,???!!! Da reçeme druga mafijashka rabota,,,,ama vo Ballkanot site nashi politiçari se korumpirani do ushi,,pa ne gledam koj moral mozheme da mu dademe na Thaçi koga nashata zemja veçe 20 godina e vo bezdna poradi mafijashkite dejnosti na site politiçari,,,

Најди! во Утрински
Свет
Приведена опозицијата во Белорусија
Светот згрозен од најскапата елка
ЕУЛЕКС не знае дали е надлежeн за злосторствата
Помирливи тонови од Северна Кореја
Америка затечена
Безвластите во Слоновата Коска
Разбиена огромна педофилска мрежа
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks