Клиничката болница во Битола доби нов имуноанализатор
БИТОЛА - Одделението за нуклеарна медицина при Клиничката болница во Битола доби целосно автоматизиран имуноанализатор од најновата генерација „имулите 2000“ на производителот „Сименс“.
„Новиот апарат вреден 80.000 евра и единствен од ваков тип во земјава, ќе придонесе за зголемен квалитет и обем на анализите, туморните маркери, алергените и другите софистицирани испитувања“, изјави д-р Златко Петровски, помошник-директор за дијагностика во битолската Клиничка болница. (МИА) |