Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Клод Моне - најпосетена изложба во последните 40 години

Во изминатите четири години во Париз делата на мајсторот ги виделе 913.064 посетители

ПАРИЗ - Големата ретроспективна изложба на светски познатиот импресионист Клод Моне (1840 -1926) што во музејот „Гран Пале“ во Париз, на Елисејските полиња по четиригодишно одржување беше затворена завчера, се смета за најпосетена изложба во последните 40 години во Франција.

Ја виделе вкупно 913.064 посетители, а досега поголем број посетители 1, 2 милиони има евидентирано само изложбата посветена на фараонот Тутанкамон, што во 1967 година, во траење од шест години се одржала во Пети Пале. На најкомплетната поставка на изложбата од 1980 година, посветена на Моне, беа прикажани 170 слики што големиот мајстор ги создавал 60 години, во текот на 1860-тите години, од периодот на реализмот до почетокот на импресионизмот на почетокот на 20 -тиот век.

Посетителите имале можност да ги видат ремек-делата на Моне „Лотосови цветови”, „Катедралата во Руан” и „Полето со афион во Аржентеј”.Организаторите на изложбата успеале од музејот на Пушкин во Москва, да го позајмат делот�� на Моне „Појадок на трева”, а од Метрополитен во Њујорк делото „Терасата во Сент Адрес”. Околу две третини од делата биле дел од десеттина странски музеи и уметнички колекции од различни земји меѓу кои и од САД, Австралија, Русија и Бразил.

Иако во јавноста и меѓу критичарите беше оценета како голем успех, изложбата не можеле да ја заобиколат контроверзи. Имено, музејот Мармотан, кој содржи повеќе дела од Моне, вклучувајќи и неколку студии за серијата „Лотосови светови“ и познатата „Импресија: Изгрејсонце” од 1872 година, според која импресионизмот го добил името, одбил да позајми каква било слика, бидејќи паралелно организирал долго време планирана изложба.

Меѓу најпосетените изложби во главниот град на Франција се вбројува и изложбата „Пикасо и мајсторите”, но неа пред две години ја виделе 780.000 луѓе. (Танјуг)


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар

Од: Artemida
Датум: 27.01.2011 12:44:28
Ne znam od kade vi e prezemen tekstot, ama ocigledno se raboti za sosema nesoodveten prevod. Imeno, izlozbata bese otvorena vo septemvri 2010. Znaci, ne traela 4 godini!!!
Од: Керчев
Датум: 28.01.2011 09:03:35
„Појадок на трева” (Закуска на тревата) е от Едуар Мане

Најди! во Утрински
Култура
Не се плашиме од нови предизвици
Комичната опера „Љубовен напиток“ со гости од Србија
„Жолтата роза од Тексас“
Стереотипен филм за болката и за загубата
„Блесок“ го објави романот „Сон за љубовта и смртта“ на Филип Давид