Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Комичната опера „Љубовен напиток“ со гости од Србија

Утре со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена комичната опера „Љубовен напиток“ од Гаетано Доницети под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. Режијата е на Гордан Драговиќ-Черногорски од Србија. Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Цуцковски (Неморино), Олгица Милевска (Адина), Ристе Велков (Белкоре), Владимир Саздовски (д-р Дулкамара) и Катерина Бошковска (Џанета).

Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите ги дизајнираше Љупка Арсовска, додека автор на кореографијата е Тања Поповиќ од Србија.

Операта „Љубовен напиток“ ја создал авторот во 1831 година, а својата премиерна изведба ќе ја доживее една година подоцна во театарот во Милано. Во 1840 година Вагнер ќе направи од оваа опера аранжман за соло-пијано. Дејството се случува во едно мало италијанско село кон крајот на 18 век.


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Клод Моне - најпосетена изложба во последните 40 години
Не се плашиме од нови предизвици
„Жолтата роза од Тексас“
Стереотипен филм за болката и за загубата
„Блесок“ го објави романот „Сон за љубовта и смртта“ на Филип Давид