Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Не се плашиме од нови предизвици

Дела од Росини, Моцарт и Хајдн вечерва ќе прозвучат на концертот на Македонската филхармонија

Тина Иванова

Македонската филхармонија претставува уште еден концерт со симфониска програма, уште еден во низата настапи што не отстапува од класичната репертоарска матрица. Вечерва на сцената во Домот на АРМ во 20 часот, македонската публика ќе има можност да ги чуе Увертирата од операта „Севилскиот берберин“ од Џоакино Росини, Симфонијата бр. 36 „Линц“ од Моцарт, како и виртуозниот Концерт за виолончело и оркестар бр. 1 од Јозеф Хајдн, во изведба на еден од најдобрите хрватски инструменталисти од помладата генерација, виолончелистот Стјепан Хаусер, за кој критиката ќе рече дека е „вистински мајстор на неговиот инструмент“. Диригент на вечерашниов концерт е Борјан Цанев, главен диригент на Македонската филхармонија, кој вели дека, со оглед на различниот концепт и различната содржина, секој концерт, па така и вечерашниов, треба да се третира на посебен начин.

„Вечерашниот концерт на Македонската филхармонија е посветен комплетно на кла��иката, во потесна смисла на зборот“, вели Цанев. „Тоа се добро познати дела од врвните мајстори Росини, Хајдн и Моцарт. Популарниот концерт во Це-дур од Хајдн од пример, ќе го свири Стјепан Хаусер, со кого лани настапив во Хрватска. Росиниевата увертира ’Севилскиот берберин‘ дефинитивно е една од најпопуларните воопшто во светската литература. И токму делата од класичниот репертоар, бараат неверојатна прецизност и стилска издржаност, што е навистина тешко да се постигне. Таму се е кристално јасно, така што нема зад што да се скриете. Во тоа е и убавината на тој стил - чист и проѕирен како бистра часа со вода“, истакнува Цанев.

Она што е фокус на Македонската филхармонија во новата сезона, се новите, премиерни, како и ретко изведуваните дела, што е предизвик не само за публиката, туку и за оркестарот и диригентот. Цанев вели дека допрва програмата на Македонската филхармонија ќе биде збогатувана со премиерни изведби на светски, но и на македонски автори.

„Тоа особено ме радува и секако, многу е корисно за оркестарот. Но, ќе повторам. ’Железниот‘ репертоар не го забораваме и го негуваме, бидејќи врз него се темели еден симфониски оркестар. Тој е базата врз која се надградуваме. На некој начин, класичните дела се ’етиди‘ за оркестар, без кои не се може и мора да се практикуваат заради одржувањето на кондицијата“. За новата музичка литература, Цанев вели дека тој отсекогаш сакал таков вид на предизвици, докажувајќи го тоа многу пати до сега. „Има една многу убава изрека: ’Стравот од неуспех не треба да ве поколеба да продолжите да се обидувате‘. Мислам дека многу коректно се справуваме со новите предизвици и дека со смената на генерации, која во моментов се одвива кај нас, оркестарот на Македонската филхармонија ќе израсне во еден зрел и сериозен музички ансамбл“, вели Цанев.

Токму таа смена на генерации, неопходна за секој музички ансамбл, го регенерира нервот, звучниот пулс на Филхармонијата. Но, колку и како таа напредува во компактноста на звукот, Цанев вели дека за тоа е потребен навистина долг пат. „Тоа е плод на долгогодишна работа и труд. Секако, тука спаѓаат и уште многу фактори кои влијаат, на пример, традицијата, самите оркестранти, диригентите, солистите, кавлитетните инструменти, добрите концертни сали...“ Полскиот диригент Јануш Пшибилски, кој е чест гостин диригент на Македонската филхармонија, неодамна кажа дека македонските филхармоничари не ги читаат нотите како математика, туку тие се обидуваат да ја разберат музичката клима. На прашањето, дали се согласува со мислата на маестро Пшибилски, Цанев вели: „Тешко на оркестарот што се обидува буквално да ја изедначи музиката со математиката. Нормално е во тие ноти да има многу музика, така што апсолутно се согласувам дека и македонските филхармоничари тоа го прават“.

Во исчекување на новата зграда на Македонската филхармонија, оркестарот во Домот на АРМ, како и во годините наназад, и моментно се справува со несоодветни услови за работа. Во овие змиски денови, пробите течат без парно. Но, Цанев вели дека музичарите во Македонската филхармонија се професионалци и можат да се справат со секакви предизвици во текот на работата, па така и со условите во кои работат. „За тоа сум многу горд на целиот оркестар“.

Темата за изградбата на новата концертна сала за Филхармонијата не згаснува особено во музичките кругови. Петиција за таа што поскоро да ја види светлината на денот има и на социјалната мрежа „Фејсбук“. Но, Цанев вели дека, иако оваа тема во последниов период е премногу елаборирана, за интензитетот на градбата на новата концертна повеќе знаат надлежните институции и оние кои ја градат салата. „Но, како диригент и како музичар, единствено што можам да кажам е дека со нетрпение го чекам моментот кога просторот на новата концертна сала ќе биде исполнет од звуците на македонските филхармоничари“, истакнува Цанев.


#
Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар

Од: patriot
Датум: 27.01.2011 13:15:23
Какви нови предизвици,тоа е чиста класика,опасна ,кристално јасна.Од страв не се свири оти се гледат слабостите на оркестарот,поради изведби на смешни програми претходно.
Од: muzicar
Датум: 27.01.2011 17:09:37
ha-ha:-)) ovoj pratriotov izgleda mnogu golem strucnjak za klasicni dela e...me zasmeva so komentarot

Најди! во Утрински
Култура
Клод Моне - најпосетена изложба во последните 40 години
Комичната опера „Љубовен напиток“ со гости од Србија
„Жолтата роза од Тексас“
Стереотипен филм за болката и за загубата
„Блесок“ го објави романот „Сон за љубовта и смртта“ на Филип Давид