Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Македонското жито го меркаат грчки мелничари

Земјоделците не ги продаваат резервите од лани, а Грците се интересираат за купување пченица

БИТОЛА - „Тракторите не можат да се движат во кал. Поради големата влага во почвата не можам да влезам во нивата и да засеам пченица“, се пожали земјоделецот Пеце Стојановски од битолското село Логоварди.

И оваа есен дождот донесе многу проблеми во Пелагонија, која е најголем производител на леб во државата. Со оваа мака се соочуваат најголемиот дел од земјоделците чии површини се во низинскиот дел на Пелагонија или покрај теченијата на реките Црна и Шемница. Дождовите што изминатите недели наврнаа во овој регион толку ја наводенија почвата што уште на самиот старт ја одложија есенската сеидба.

Проблемот е уште поголем затоа што калта е пречка за жнеење и на сончогледот. Родот почна да скапува по нивите или да го јадат птиците. Земјоделците стравуваат, ако не се подобрат временските услови во наредните две недели, наместо добивка за својот труд ќе пресметуваат само штет��.

Луѓето што се занимаваат со земјоделство во своите амбари имаат одредени количества резерви на пченица и на пченка, но не помислуваат да ја продадат се' до подобрувањето на времето. Во оваа ситуација житото станува привлечно за грчките мелничари.

„Есенската сеидба отсекогаш била од Крстовден до Петковден. Речиси еден месец по Крстовден само 15-20 проценти од планираните површини се засеани под пченица. Секој ден се молиме да не заврне. Стравуваме дека сеидбата ќе се одложи за в зима. Дали е можно на студ и на снег да сееме пченица?“, прашува загрижено земјоделецот Стојановски.

Со истите проблеми се соочуваат и земјоделците од прилепскиот дел на Пелагонија.

„Нивите пливаат во вода. Лани од планираните површини засеавме 50 проценти, а годинава само десет отсто. Имам 150 хектари ниви што треба да ги посеам со пченица, а планирав да добијам род од 300 до 500 тони. Очигледно климатските промени го прават своето“, вели Драги Мицковски, земјоделец од прилепското село Загоране.

Актуелната состојба во Пелагонија го загрижи и Сојузот на земјоделци. Оттаму велат дека ситуацијата е најкритична во Пелагонија, за разлика од другите региони во државата.

„Падна многу дожд. Во долниот дел од Пелагонија, околу Црна Река не може да се почне со сеидба на пченица и на јачмен. Досега се посеани само две-три илјади хектари со пченица, а планирани се 17-18 илјади хектари во ЗК ‘Пелагонија‘ и во приватниот сектор. По јачмен треба да се засадат од четири до пет илјади хектари. Сеидбата ќе се помести за декември ако не се подобри времето. Да се надеваме дека и доцната сеидба ќе даде добри резултати“, истакнува Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Земјоделците не помислуваат на продажба на пченицата од пролетната сеидба. За тоа постојат две причини. Првата е што чекаат зголемување на откупната цена на житото, а другата е што стравуваат од исходот на есенската сеидба, па не сакаат да ги продадат резервите.

„Цената на пченицата е 13,5 денари за килограм. Јас родот се' уште не го продавам. Пченицата ја чувам во силосите на ‘Млин Стојчев‘. Во резерва имам 150 тони пченица и не помислувам да дадам ниту зрно. Не сум сигурен дека со ваква есенска сеидба ќе имам нова пченица. Ако врнежите продолжат, пченицата нема да се посее и ќе ја нема в година“, предупредува искусниот земјоделец од Загоране.

Сојузот на земјоделци нема релевантни бројки колкави количини жито се непродадени и се наоѓаат во амбарите и во силосите, но потврдува дека за пелагониската пченица се' повеќе се интересираат грчките мелничари.

„Грците бараат пченица и пченка. Значи, аграрот во Македонија не може да биде тринаесетто прасе. Како што сега има глад за нафта, за кусо време ќе има глад и за храна“, предупредува Тантаров. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 602 пати.

Испрати коментар

Од: troa skolovan
Датум: 27.10.2010 17:52:42
za gospodata sto ne sakaat da ja prodadat psenicata a do nekni baraa drzavata da zabrani uvoz i ne znam kakvi rezimi da vovedi sto treba sega taa ista drzava da stori da se prehrani ovaj narod.zatoa parite sto se davaat kako stimulacii se luk i voda samo da se zakuti rajata a ne da se sprovede reforma a i taka nikoj ne kazuva rezultati postignati so taa stimulacija.Inace gospodinot od Zagorice e eden od najgolemite patrioti vo ovaa zemja kako sto go sledam site ovie godini pogotovo od koga dobi zemja pod koncesija od drzavata.

Најди! во Утрински
Македонија
Болниците се' уште работат незаконски?
Ракот коси во Прилеп
Учебниците со грешки засега ќе преживеат
Дефект на далновод го остави Тетово без струја






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000