Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Учебниците со грешки засега ќе преживеат

Учебниците за основците што досега беа на проверка за евентуални грешки ќе се употребуваат до крајот на учебната година, најави вчера министерот за образование и наука, Никола Тодоров. Тој ретерираше од првичниот став дека од употреба ќе бидат повлечени најмалку два учебника откако почнаа да пристигаат извештаите од ревизорските тимови што ги скенираа грешките во учебниците. Ниту, пак, сакаше да открие повеќе детали на тема учебници. „Не ги кријам резултатите од суперревизијата, целта е да се ослободиме од влијанија и од притисоци. За да го избегнеме субјективизмот во оценувањето, ќе направиме интервју со авторите за чии учебници имаше мислење да се повлечат за што ќе формираме посебен тим од седум члена“, изјави Тодоров на вчерашната прес-конференција и додаде дека паралелно работат и на измени во законот.

Во врска со непотизмот на факултетите, министерот очекува најдоцна за еден месец да добијат слика за семејните вработувања на сите универзитети. Додека за статусот на Универзитетот Тодоров најави дека ќе разговара со ректорот на Скопскиот универзитет и со професорите. Министерот вчера ги промовира информациските системи за управување во образованието и за управување со човечки ресурси, ЕМИС и ХРМ. Преку нив ќе може да се има увид во комплетната состојба на училиштата, инвентарот, бројот на ученици... Сепак, овие податоци нема да може да ги гледа секој, туку ќе бидат селектирани за корисниците. Тодоров го најави овој проект како еден од најголемите проекти во ресорот образование. „Ќе нема злоупотреба со личните податоци“, уверуваше министерот Тодоров. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Болниците се' уште работат незаконски?
Ракот коси во Прилеп
Дефект на далновод го остави Тетово без струја
Македонското жито го меркаат грчки мелничари






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000