Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter

Тенис

Рафаел Надал и Ана Ивановиќ на врвот на Ролан Гарос

Ивановиќ на тронот на Гарос и на ВТА-листата, Надал заедно со Борг единствени со последователни титули

Web Update

Рафаел Надал му се придружи на Бјорн Борг во тоа да бидат единствените да освојат две последоватлни титули на на францускиот Гренд слем. Тој во финалето го совлада Роџер Федцерер со 6-1 6-3 6-0. Тој изјави дека изиграл речиси перфектен натпревар, и дека, сепак, Федерер направил повеќе грешки од вообичаено. 

Текст од печатеното издание:

Во финалето во Париз таа славеше над Сафина за нејзин прв Гренд слем трофеј во кариерата

Србија го доби првиот тениски херој, поточно, во случајот хероина, а светот го доби најубавиот женски шампион. Ана Ивановиќ стигна до крајот во Париз. Во неделата на нејзината кариера го освои премиерниот Гренд слем трофеј во животот, оној на Отвореното првенство на Франција во тенис, но ја презеде и водечката позиција на ВТА листата. Во финалето на годинашниот Ролан Гарос таа славеше над Русинката Динара Сафина со 6:4, 6:3 за што и' беа потребни 98 минути. Сафина се наоѓа во извонредна форма и сосема заслужено стигна до мечот за титулата во Париз. На патот до него елиминира дури три тенисерки од топ 10, сите три Русинки (Дементиева, Шарапова и Кузнецова), но во финалето направи премногу грешки за да може да се надева на позитивен исход во дуелот со 20. годишната белграѓанка. За Ивановиќ ова е трета победа во четвртата меѓусебна пресметка со Сафина.

„Ова е фантастичен момент во мојот живот, момент кој ќе го паметам засекогаш. Уште како дете, кога со велосипед одев на тренинзите, сонував за ова. Ова е неверојатно. Конечно ми се исполни сонот. И јас и Сафина игравме нервозно, но на крајот сепак успеав да остварам извонреден резултат. Мило ми е што успеав колку-толку да ја задржам смиреноста до крајот. Пресреќна сум“, рече по мечот Ивановиќ, која за победата на Ролан Гарос доби еден милион евра.

Реално, Ивановиќ е најдобрата светска тенисерка во моментот. Тоа го потврди со презентацијата против Сафина на це��тралниот терен на Ролан Гарос. Одигра одлично и пред се' паметно. Напаѓаше кога чувствуваше дека е погоден момент за тоа, но не атакуваше безглаво. Играше трпеливо, чекајќи на грешки на Сафина. Откако Белгијката го објави своето повлекување од светскиот тенис пред 24 дена светот веднаш погледна во Ивановиќ како наследничка на дотогаш неприкосновената Анин.

Во финалето Ивановиќ освои 41 директен поен, четири повеќе од нејзината противничка и имаше дури осум двојни сервис грешки помалку. Одлучи квалитетната игра напротив сервисот, српската тенисерка имаше девет брејк можности од кои искористи пет. Искуството од поразите во Париз лани и Мелбурн во почетокот на оваа година и' беа од голема помош за оваа победа.

„Поразот од Шарапова во Австралија беше тежок за мене. По него минав неколку бессони ноќи меѓутоа извлеков поука од него. Овојпат навистина се обидов да не мислам на тоа и се фокусирав само на мојата игра“, рече Ивановиќ и дополни:

„Забележувајќи ја Анин ја во публиката ме направи да се чувствувам многу добро и самоуверено. Си помислив дека можам да бидам како неа и да ја освојам титулата. Страшно бев возбудена кога од нејзини раце го примив трофејот на Ролан Гарос“.

Иако загуби, задоволство изрази и нејзината противничка, Сафина.

„Ова беше големо искуство за мене. Не сум разочарана туку напротив научив многу и првенствено на самата себе си докажав дека можам, а тоа го забележа и светот“, порача Сафина.

Финале, жени: Ивановиќ (2., Србија) - Сафина (13., Русија) 6:4, 6:3.

Ја гледала Селеш и го засакала тенисот

Родена на 6 ноември во 1987 година во Белград. Тенис почна да игра на петгодишна возраст, откако ја гледаше Моника Селеш на телевизија. По 14 роденден замина во Швајцарија да се доусовршува, а професионален статус стекна во 2003 година. Во првата сезона (2004) заврши меѓу најдобрите 100 на ВТА ранг листата. Првата ВТА титула ја освои во 2005 година во Канбера, кога за првпат се најде во главната ждрепка на еден Гренд слем турнир (Австралија опен). Во Мелбурн парк тогаш стигна до третото коло, подоцна на Ролан Гарос играше во четвртфиналето, а сезоната ја заврши во топ 20. Меѓу најдобрите 20 во светот беше и во 2006 година. Во 2007 година оствари три турнирски победи (Берлин, Лос Анџелес, Луксмебург) и играше во своето прво Гренд слем финале (Ролан Гарос) во кое загуби од Белгијката Жастин Анин. На Вимблдон лани настапите ги заврши во полуфиналето, а на крајот на сезоната играше и на завршниот Мастерс во Мадрид. Во септември минатата година запиша универзитетски студии по финансии. На почетокот на оваа година по втор пат играше во едно Гренд слем финале (Австралија опен), но овојпат доживеа пораз од Марија Шарапова. Тоа ја однесе до втората позиција на ВТА листата што тогаш беше нејзин најдобар ранкинг во кариерата. На Пацифик Лајф опен во април ја освои шестата ВТА титула по победата во финалето над Русинката Светлана Кузнецова. На Ролан Гарос во 2008 година по третпат се избори за Гренд слем финале во кое ја совлада Динара Сафина со 6:4, 6:3 и за првпат се искачи на првото место на светската ВТА ранг-листа.


Статијата е прочитана 818 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Процентите на Груевски
Зденко
Прегласувањето ќе решава за најмалку десет пратенички места
Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните
„Атентаторот“ на Хашим Тачи бил обичен крадец
Прилог „Евро 2008“
Деветтиот услов стана деветтиот круг!
Сиктер дома пред полноќ!
Бугарија бара голема отштета од Турција
Турските газди на битолската пиварница се бараат со потерница
Татко и син загинаа од гром
Глас на безгласните жртви на трговија со луѓе
Трајко Велјановски нов спикер на парламентот?
Карикатура
Почина Шабан Бајрамовиќ
Вербатим