Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter

Трајко Велјановски нов спикер на парламентот?

Иако е најбројна пратеничка група, во ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека изборот за челната позиција во собранието е стеснет

Оливера Војновска

Новиот парламентарен спикер најверојатно ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која на изборите освои најмногу мандати - 54, а нејзината „портокалова“ коалиција - 64 места, велат извори од владејачката партија. Сепак, иако е најбројна пратеничка група, во ВМРО-ДПМНЕ во неформални разговори признаваат дека изборот за челната позиција во парламентот е прилично стеснет. Како најсериозен кандидат за наследник на Љубиша Георгиевски ( кој е еден од малкутемина пратеници кои премиерот Никола Груевски не ги стави на кандидатските листи), се споменува Трајко Велјановски, кој се става, пак, и во комбинациите за министер за правда. Пред две години, се говореше дека спикер ќе биде Гордана Јанкуловска, меѓутоа Груевски тогаш во последен момент се премисли и и' го довери министерското место во МВР. Сега се тврди дека Јанкуловска ќе ја задржи оваа позиција.

Партијата на Груевски моментно е сконцентрирана на прегласувањето на проблематичните избирачки места со доминантно албанско население и оттаму нагласуваат дека за сите други прашања, вклучувајќи го и тоа кој ќе раководи со парламентот, ќе се знае по 15 јуни. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува нивни пратеници да ги мониторираат избирачките места каде што минатиот пат имаше насилство и пукотници, со цел репризното гласање да помине фер и достоинствено. „Ќе се направи се' за да не се повтори грдата слика од изборите на 1 јуни. Тоа не смее да се случи, бидејќи може да биде причина за пролонгирање и на конститутивната седница на Собранието и на изборот на Владата“, велат партиски извори.

Инаку, не се исклучува до крај можноста втората по важност функција во државата да одигра значајна улога во распределбата на власта. Во коалициското друштво има многу апетити, владиниот колач е премал за да може да ги задоволи сите кои се вртат околу Груевски, а се' уште не се знае и која партија од албанскиот блок ќе влезе во владината коалиција. Така што спикерската фотелја во ��арламентот може да биде искористена како џокер во комбинациите за поделба на власта.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема некаков отпор оваа функција да му припадне на коалицискиот партнер, што ќе ги претставува Албанците. Напротив, велат дека биле задоволни како Бесим Догани во минатиот парламентарен состав раководел со седниците, дека „се покажал повешт од Георгиевски“. Додаваат дека и во пратеничката група на ДУИ, исто така, има личности кои може да застанат на чело на парламентот. (Теута Арифи минатиот пат се спомнуваше како еден од кандидатите за претседател на Собранието.) За ВМРО-ДПМНЕ дилемата е во нешто друго. По пукотниците и инцидентите на гласачките места во кои се инволвирани членови, но и високи функционери на ДПА и на ДУИ, размислувањата се во правец на тоа дали може да се има доверба и на споменатите партии да им се даде оваа државна функција.

Овој шести парламент ќе има прилично едноличен состав. Во Собранието ќе има само четири пратенички групи: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Дел партиите кои беа дел од двата блока „За подобра Македонија“ и „Сонце - коалиција за Европа“ обезбедија влез во парламентот, но недоволно пратеници - минимум пет за да формираат пратенички групи. НСДП и ЛДП имаат по четири пратеници, СПМ - двајца, ДС, ОПР, СРМ, ДПТ, ДОМ, ЛП, Нова алтернатива, Демократската лига на Бошњаците, ПЕИ и, најверојатно, ПДП по еден пратеник.

 


Статијата е прочитана 3911 пати.

Испрати коментар

Од: Дордо
Датум: 09.06.2008 02:24:37
Од познатиот француски државник Ш. де Гол остана, меѓу другите, една изрека „Le francais sont de veaux„ или ФРАНЦУЗИТЕ СЕ ЈУНЦИ! Но, оваа позната изрека на Де Гол е апсолутно неупотреблива за нас. Ние, или најголемиот дел од нас, сме си ОВЦИ. На слепо се следи само овцата пред себе, а за овцата предводник и да не зборуваме!
Од: brav
Датум: 09.06.2008 02:45:33
Ne sum edna od "ovcite" ama ne se mislev mnogu. Megu NEDOVOLNOTO sto go ponudi koalicjata "Za Makedonija" I epten malkuto (skoro NISTOTO) sto bese nudeno "odozgora" od neboto - SONCETO. Prema Dordro ovde ispagja deaka gubitnicite se JU7NACI. Neka im e se nazdravje narednite 4 junacki godini, belkim ke imaat vreme da smislat nesto novo i odrzivo za Makedonija...
Од: do Dordo
Д��тум: 09.06.2008 03:37:45
Ubavo sto si priznavas za sebe deka si OVCA prijatelu!!!Oti toa sto go pisuvas nema vrska so statijata!!!Inaku smetam deka pozicijata spiker e odgovorna funkcija i treba da i se ponudi na visoko moralna licnost,prisebna i vo sekoj slucaj nepristrasna.
Од: Goran
Датум: 09.06.2008 05:39:51
Sega po formiranjeto na vladata vo sobranieto i koga ke bide odrzana prvata sednica bi bilo najdemokratski da nasiot pretsedatel Gospodin Branko Crvenkovski odrzi govor za naseto ime i za pregovorite so Republika Grcija i za poziciite sto ke se prevzemat vo ponatamosnite odlucuvanja za sto i kade so nas nasiot narod i nasata zemja, kako ke se vika odnosno dali i ponatamu ke treba da ja stavame vo situacija vo koja site nie ne znaeme kako se vika nasata zemja ili ne sme sigurni za imeto ili kako e podobro.daj konecno da se razjasni i zeme edna strana pa ako treba i so nasa izolacija so nekoi zemji sto znaeme deka ne se site pa taka da bideme so sigurnost koi i se prijatelite i so koi zemji ke treba da si vodime ekonomska politika za nas razvoj i napreduvanje.Neka pobara podrska od site novi pratenici i neka se glasa za ova ako e potrebno, a megudrugoto i Premierot Nikola Gruevski da se izjasni i se na cisto da bide i da se prodolzi so razvoj na ekonomija kultura zemjodelstvo i se drugo.
Од: Dok
Датум: 09.06.2008 05:42:41
A da ne treba da go sledime primerot na francija a gospodine, se sekavash laska godini kolku nemiri imase vo francija radi siromastijata, i sto im donese toa pogolema siromastija i pogolem rasisam, nemoj da tropas bez vrska ako komentiras komentiraj, ako zalish za porazot togash odi pali sveka vo crkva za tvojot SDSM a ako si ti ovce pa togash nemoj d azborash vo ime na celiot makedonski narod nauci kultura malku
Од: GLASACKA
Датум: 09.06.2008 07:41:48
Edna preporaka do premierceto! Najdobaro bi bilo za spiker da go stavi Amdi Bajram . Mislam deka i za toa go zema so sebe, mnogu e sposoben covekot.
Од: Македонија
Датум: 09.06.2008 09:42:04
Сем Трајко Вељаноски не знам никој друг кој би можел да биде претседател на Собранието.Тале знае и да набоксува,само да беше малу поголем па да воведеше добро однесуванје.И прошлиот пат беше проблем претседател да се најде така и сега,плус тоа треба и говорник да биде.Господ на помош кој и да биде нека му е со срека.
Од: A.Nikolov.
Датум: 09.06.2008 09:54:20
Vo mnogu komentari dosega spomnuvav deka vo koalicijata lazno filuvana so imeto 'Za podobra Makedonija" nema sposobni luge.No toa shto se sluchi na 1 juni se sluchi nema kaenje nema vrakanje nazad.Mozno e ako opstaneme za kratko vreme povtorno da ima izbori.Teshko ovaa koalicija da dade rezultatiNe za dzabe Nikolaj propagira deka treba da se uchi,slab e so intelektualni sposobnosti.Od svoite redovi teshko moze da izberat spiker,zatoa prethodnite dve godini go imaa ovoj klovnot.A za ministri sigurno ke uvezuvaat.Dobro bi bilo i za premier da uvezat.Interesno mie i ovie od treta izborna edninica shto ochekuvat od detevo so dolga kosa.Shto im obeka pred dve godini i shto im ispolni a shto sega da ochekuvat od nego.Da im otvori fakulteti i toj da im bide profesor ,da gi zadrza da studirat do 30 godini,za da nemat problem so vrabotuvanjeto.Ke se vodat studenti.A vo chetvrta izborna edinica dali ke mu gi vidat ochite na Stavrevski.Ili reketot kwe go vrshi prekyu telefon.
Од: realen
Датум: 09.06.2008 10:22:19
Ne mi se veruva deka taka brzo ke dojde vremeto koga ke go barame Georgievski da se vrati. Prerodba, nema sto!
Од: realist
Датум: 09.06.2008 11:03:26
Sto ocekuvte gospodo? Pa tie i onaka se moj do moega pocnuvajki od "glavniot".

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Процентите на Груевски
Ана Ивановиќ на тронот на Ролан Гарос и на ВТА-листата
Зденко
Прегласувањето ќе решава за најмалку десет пратенички места
Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните
„Атентаторот“ на Хашим Тачи бил обичен крадец
Прилог „Евро 2008“
Деветтиот услов стана деветтиот круг!
Сиктер дома пред полноќ!
Бугарија бара голема отштета од Турција
Турските газди на битолската пиварница се бараат со потерница
Татко и син загинаа од гром
Глас на безгласните жртви на трговија со луѓе
Карикатура
Почина Шабан Бајрамовиќ
Вербатим