Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter

Прегласувањето ќе решава за најмалку десет пратенички места

Прераспределба на мандатите најмногу ќе има меѓу ДПА и ДУИ, а коалиција на ВМРО-ДПМНЕ може да загуби 1 место

Светлана Унковска

Прегласувањето што ќе биде спроведено в недела во Првата, Втората и во Шестата изборна единица на вкупно 193 гласачки места со запишани околу 170 илјади избирачи значително ќе влијае на мандатите на новиот пратенички состав. Комбинаториките за тоа колку повтореното гласање ќе влијае на бројките и на соодносот на партиите се многу, но со оглед на тоа што промената на мандатите зависи и од процентот на одѕивот на гласачите, теоретски бројката од 170 илјади гласачи може да влијае на избор на дури 20 пратенички места. Но, ако се земе предвид дека просечниот одѕив на гласачите изнесува од 50 до 60 отсто, најверојатно, ќе може да се очекува во прашање да бидат околу 10 пратенички мандати. Сепак, прераспределба на мандатите најмногу ќе има на изборните конта на двете албански најлути противници ДПА и ДУИ, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да изгуби едно пратеничко место. Дополнително ќе се знае и дали бројот на избирачките места каде што ќе се прегласува ќе биде поголем откако и Врховниот суд ќе одлучува по жалбите на партиите.

Засега е сигурно дека најмногу поместувања на мандатите ќе има во Шестата изборна единица, каде што, најверојатно, двете партии на Албанците ДПА и ДУИ видно ќе го изменат досегашниот резултат. Во тетовско-гостиварската изборна единица ќе се прегласува на 127 избирачки места, каде што има околу 110 илјади избирачи, што би можело да решаваат најмногу за десетина пратеници, а тоа значи дека во оваа изборна единица засега сигурни остануваат мандатот на исто толку пратеници, во кои не се очекува да има промена и на освоените пратенички места на коалициите од македонскиот блок партии, во која коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои три мандати, а „Сонце“ еден мандат.

Во албанскиот блок партии, каде што и најмногу се калкулираше кој е победник и кој има освоено најмногу пратеници, по пребројувањето на гласовите на 1 јуни неофицијалниот број на пратеници беше по 13 за ДУИ и за ДПА и уште еден пратеник за ПДП, но со повтореното гласање се очекува разликата на бројот на пратеници да отскокнува.

„По 15 јуни, очекуваме да стигнеме до 20 мандати, а бројот на пратениците на ДПА ќе се намали на осум, а најмногу може да стигнат до девет“, вели Абдулаким Адеми од ДУИ. Ваквата прогноза тој ја базира на тоа што на местата каде што ќе се прегласува на ДПА и' се поништени околу 58 илјади гласа, кои, како што вели Адеми, се добиени со полнење на кутиите, а не како израз на волјата на гласачите. ДУИ поднесе жалби до Врховниот суд за уште осум избирачки места, од кои седум се во Шестата изборна единица во Тетово и во уште едно избирачко место во „двојката“ во Љуботен.

И од ДПА тврдат дека по прегласувањето ќе бидат апсолутни победници, затоа што повтореното гласање се врши онаму каде што тие на 1 јуни освоиле најмногу гласови, а сега очекуваат граѓаните уште помасовно да гласаат за нив. Неофицијално, во партијата на Мендух Тачи се прогнозира дека по повтореното гласање, ќе освојат уште околу 60 илјади гласа, што заедно со гласовите кои ги имаат ќе освојат најмалку 15-16 места, додека за својот политички ривал ДУИ очекуваат да остане најмногу со 11 пратеници. Од ДПА велат и дека до Врховниот суд ќе ги обжалат сите оние избирачки места кои им се одбиени од ДИК. Извори од партијата истакнуваат и дека најавата за повлекување од прегласувањето се' уште останува како опција, но за тоа ќе реши откако ќе видат како одлучил Врховниот суд по нивните жалби.

И во Првата и Втората изборна единица ќе има извесно поместување на мандатите. Во Првата, скопска изборна единица, повторно ќе се гласа на 26 избирачки места со околу дваесетина илјади гласачи. Во теоретска можност од околу стопроцентен одѕив на гласачите, може да дојде до промена и на три мандати од првичната неофицијална бројка пратеници.

Во Втората изборна единица на повтореното гласање својот глас ќе имаат можност да го дадат околу 35 илјади гласачи, што може да го измени односот на околу пет пратенички места. Во оваа изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат на прегласувањето да изгубат еден мандат, кој би се прераспределил во албанските партии.

Анализите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека освен во „двојката“, каде што од 12 ќе останат на 11 пратенички места, очекуваат да ги задржат другите мандати и тоа во „шестката‘ да им останат трите пратенички места и во „единицата“ со 11 мандати, со што изборното конто ќе биде 63 пратенички мандати. Од СДСМ очекуваат да го подобрат резултатот, и тоа во Шестата изборна единица, каде што сметаат дека е можно да освојат уште еден мандат и со тоа бројот на пратениците да го зголемат на два.







 


Статијата е прочитана 1893 пати.

Испрати коментар

Од: gestapo
Датум: 09.06.2008 07:20:47
Matematikata na Grueski , mu çestitam navistina bil dobar matematiçar.
Од: ZSS - Skopje
Датум: 09.06.2008 07:35:59
Mora da se napravi izmena vo Izborniot zakonik: 1. DIK da ja ima odgovornost za izbirackite spisoci, tie se netocni. Mnogu luge so divogradbi gi ima na spisocite vo mestoto od kade dosle. 2.Odgovornosta za izbirackite mesta od Ministerstvoto za pravda da se preseli kako odgovornost na DIK. 3.DIK da povede javna debata - dali izborniot model e dobar i dali treba da se podobri?
Од: seki
Датум: 09.06.2008 09:04:27
Se soglasuvam DIK vo celost da ja prezeme odgovornosta za izbormata postapka . Nemo`e vo ist kos da se stavaat i sluziteli i nastavnici a zgora na toa pretsedatelot da e od druga opstina i so sredno a e pretsedatel samo zatoa sto e drzaven sluzbenik ! Do koga diskriminacija na drzavni i javni sluzbenici ! Posle da se rascisti so polnacite i naracatelite !
Од: Da Vinci
Датум: 09.06.2008 09:10:34
Срамота е државни службеници да се малтретираат да одат на избирачки места кадешто на список има 30 гласачи, а пола умрени, пола иселени!!! Нека уди некој есап колку пари се фрлаат за ниту еден глас??? И, Законот предвидува ова, она...а, Законот предвидел ли дека треба да го казни Министерот за правда и сите други под него за неажириран избирачки список, а да не говорам за состојбата каде што стои дека ќе се гласа во основно училиште, а тоа не ПОСТОИ воопшто!!!! ДИК и МП да сносат НАЈГОЛЕМА одговорност а не службениците на државната и јавната администрација!!!!!!!!!!!!
Од: ??
Датум: 09.06.2008 09:24:42
Никако не можам да сфатам како знаат, овие што “гинат“ за демократија, кој колку гласа ќе освоел на кое изборно место?! На вас јасно ви е? Па нели изборите се ТАЈНИ?! Од каде знаат кој како гласа? Да не им оделе по куќи и правеле спискови? Да не им дишат у врат додека се гласа? Нели е забрането тоа? Како на друг начин може да знаат? Немаат ли право гласачите да го променат мислењето и да гласаат за некој друг в моментот на гласање или гласаат по директива? Катастрофа!? Господ да не чува!
Од: Пинг
Датум: 09.06.2008 09:35:44
Коментарите на денот по гласањето дека не се работи за кој знае колкав обем на неправилности не биле точни. Сепак се работи за значително голема бројка. Работите МОРА да ги прикажуваме онакви какви што се. Никој во државава не е наивен, а уште помалку оние “кои не посматраат“. Вистината секогаш, без разлика колку да е непријатна, помалку прави штета отколку вакви “екскурзии“ на оној портпаролот Ивица без Марица. Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: dimce
Датум: 09.06.2008 09:37:35
dobar tekst, no nedostasuva osvrt za mozniot tek na nastanite na 15 juni. dali ke se ponovi 1 juni ili ne. Koi konkretni merki ke prevzema vladata za popravnoto glasanje? Sudejki spored usmenata naredba od Nacalnikot na tetovskata policija za permanentno obezbeduvanje na Ali F. sopstvenikot na "Oriental AS" predvodnikot na site neredi vo Bogovinsko, smetam deka drzavata ke se izlozi na dopolnitelni trosoci bez nekakov efekt t.e.ke imame repriza na 1 juni
Од: A.Nikolov.
Датум: 09.06.2008 10:10:59
Kompanijata na Nikolaj e nauchena da se rasfrla so pari istovremeno polnejki si gi svoite dzebovi.Tie Makedonija ja vratija pred 60 godini.Zatoa drzavata ja nosat vo ednoumie.Tie poveke gledat na krv.Zatoa se trudat da unishtat se shto e stvoreno za vreme na socijalizamot.Svetot sekogash zapochnuva od niv,Samo dodeka ima ovci ke ima i volna..Izbirachkite spisoci ne se tochni,nemoze koga natalitetot e opadnat brojot na glasachi da raste.Nekoi znaat toa da go iskoristat i glasat na poveke mesta..Zatoa na odredeni glasachki mesta dpmne-ovcite glasat posle 17 chasot i stvarat guzvi .A pretpladneto glasale i na drugi mesta,tie imat dvojni dokumenti i adresiMinisterstvoto za pravda treba da gi proveri podobro spisocite.Barem denes toa e lesno.Nemoze da se poftoruva matichniot broj a so kompjuterot toa e mozno kako koga se plaka smetka kako ne prifaka poftoruvachki broj.Makedonski narode ako sakame da opstaneme treba da se svestime.
Од: promanalbanian
Датум: 09.06.2008 11:41:36
mislam deka preglasuvanieto ke se odviva super, i deka vo albanskiot blok DUI ce osvoi uste nekolku pratenicki mesta kako rezultat na politikata na Taci,koi 6to vece pocna da isteruva vraboteni od kumanovo sto se so dogovor na dello , zatoa sto vo Kumanovo izgubi so 7:1 , jas mislam deka Dui ce ima 19 do 20 pratenicki mesta , i deka ce e vo vlast zaedno so VMRO, i mislam deka prerodbata ce prodolzuva i graxanite na RM ce bidat mnogu iznenadeni od ova sovrsena vlast, serioznosta na G. Ali Ahmeti i na G. Nikola . G ce pridonesat za ovaa opstestvo i bez razlika na toa mediumite sto vikat ili gi plasat narodite VMRO i DUI se sovrseni ,, i deka Makedonia mnogu brzo ce dobie mandat za vlez vo NATO i posle godina dena i vo EU .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Процентите на Груевски
Ана Ивановиќ на тронот на Ролан Гарос и на ВТА-листата
Зденко
Трифун Костовски нов претседател на црвено-црните
„Атентаторот“ на Хашим Тачи бил обичен крадец
Прилог „Евро 2008“
Деветтиот услов стана деветтиот круг!
Сиктер дома пред полноќ!
Бугарија бара голема отштета од Турција
Турските газди на битолската пиварница се бараат со потерница
Татко и син загинаа од гром
Глас на безгласните жртви на трговија со луѓе
Трајко Велјановски нов спикер на парламентот?
Карикатура
Почина Шабан Бајрамовиќ
Вербатим