Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
3462

Софија сака партнерство, а не пријателство со Македонија

Портпаролката на бугарското Министерство за надворешни работи, Весела Чернева, порача вчера дека пријателство не се постигнува со потпишување договор и дека тоа не е она што и' е потребно на Бугарија од Македонија, туку вистинско партнерство засновано врз заеднички цели и вредности.

„Она што ние го бараме повеќе е стратегиско партнерство, засновано на заеднички договорени вредности и цели. Пријателството не може да се потпише во договор. Партнерството што ние се надеваме да го развиеме треба да биде инструмент што ќе ја турка напред европерспективата на Македонија и на Западен Балкан. За таа да биде остварена сите земји- кандидати за ЕУ треба да ги исполнат барањата за членство, да се фокусираат на регионалната соработка и да развијат добрососедски односи“, изјави Чернева за „Утрински весник“ околу прашањето дали Софија крева раце од договорот за пријателство што и' го понуди на Македонија.

Одговорот е објаснување на интервјуто на бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Младенов, за софиско Ехо во кое изјави дека пред да се усогласат двете страни околу одредени прашања, нема поента да става потпис на договорот што лани Софија и' го понуди на Македонија. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1826 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 16.12.2010 14:03:31
Од `Братство` стана , братучедство па, добрососедство па пријателство па партнерство па сега познанство ќе стане. Очигледно со вакви договори и нечесни понуди од Бугарска страна односите само се влошуваат.
Од: Atanas
Датум: 16.12.2010 14:49:08
Za da bides partner pred se potrebno e da bides i prijatel, a nad se i covek,civiliziran, iskren, a ne licemer. Procitana prikaska ste i manete se sto podaleku.Nema od vas sto da se nauci i vidi, sem kriminal, tapoglavstvo, falenje i lazenje. Toa veke i Evropa vo lice vi go kazuva,samo izgleda za vas "tazi dupka ne e dupka". Zatoa, prijatno ili potocno zbogum i oci da ne vi vidime.
Од: BgMak
Датум: 16.12.2010 18:44:52
Aтанасе, како што би кажал Младен Србиновски, добро си jа научил "Илиjaнската Бугарија", но од "Славејковата" поим си немаш
Од: bodan
Датум: 16.12.2010 19:57:23
Какво партнерство сугерира Софија, може да се види од нејзината оркестрирана антимакедонска кампања. Каква координираност за влез во Европа, кога нејзините европратеници катадневно мешетарат во Брисел, со разни измислици и клевети, со намера да го засенат до попречување на македонското интегрирање во ЕУ.
Од: srebre
Датум: 16.12.2010 23:33:36
bugarite ni se edinstveni prijateli no sto koga ni e peren mozokot vo komunizmot bugarite ni se neprijateli ama koga gori pod noze samo bugarite pokazaa m..... da ni pomognat setete se samo na tenkovite i vakcinite...fala blgari znajtye ima cesni ludje vo maked koi ve sakat od se srce.....
Од: ivan nj USA do ATANAS
Датум: 17.12.2010 01:31:58
Ne sum Bugarin a ne sum ni bugarofil, Atanase ako ti taka mislis jas ne razmisluvam kako tebe , nemoj da mislis sveto se vrti okolu nas pa nie mozeme sami bez nikoj, ne sakas Srbi , ne sakas Bugari i Grci ili prvite se dobri ali ovie drugite B... losi.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Љупчо Поповски
Поглед
Сања Наумовска
Мислења
Слободан Најдовски
Мислења
Лазар Еленовски

Џони Деп
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка

Концерт
„Љубојна“ за Свети Никола во МЦМ

 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census