Број 3326  среда, 07 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

И годинава „Топол културен бран“

По трет пат во земјава Министерството за култура, овој пат во соработка со 34 општини ќе ја реализира манифестацијата „Топол културен бран“ која ќе биде отворена на 20 јули во Кичево. До крајот на јули ќе се реализира првиот дел од предвидените над сто културни настани, а вториот дел е планиран за периодот од 20 до 31 август.

Предвидено е на граѓаните од урбаните и во дел од руралните средини да им бидат презентирани, како што вчера најави министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, вистински културни вредности, а и да се анимира населението во летното секојдневје.

На вчера одржаната прес - конференција во Министерството за култура, присуствуваа градоначалниците на Штип, Валандово, Чашка, Неготино и заменик градоначалникот на Чаир, каде што меѓу другите општини ќе се одвива годинешниот „Топол културен бран“. Беше посочено на фактот дека и општините учествуваат во реализација на манифестацијата со обезбедување на логистичка и финансиска поддршка.

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов најави гостување на театарски ансамбли од Задар и Вараждин, Хрватска, а градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски изрази уверување дека и годинава, како и минатата ќе има голем интерес за предвидените настани во оваа помала општина.

И руралната општина Чашка, според најавите на градоначалникот Горанчо Бановски е подготвена за манифестацијата, иако во неа не постои дом на култура и настаните ќе се одвиваат во училишните сали. Старата скопска чаршија која потпаѓа под општина Чаир и настаните кои во неа ќе се реализираат на отворено, ќе бидат во фокусот на општината Чаир, најави заменик-градоначалникот Шаиб Зенели. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
На дното
„Скопско лето“ со изложба и модна ревија
Џуд Лоу ја освои публиката во Карлови Вари
Изложба на минијатури во Вевчани