Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

На Турчиња им предава на албански

Наставничка Албанка, која не го познава турскиот јазик, им предава на албански на петтооделенци во ОУ „Братство и единство“, во Охрид

Мики Трајковски


Охрид - За наставник по техничко образование во турските паралелки во Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид е назначена наставничка, која, иако е стручна за предметот, освен што не го знае турскиот јазик, мошне слабо го познава  и македонскиот, реагираат родителите. Тие велат оти нивните деца се пожалиле дека наставничката Лимете Амити ги грешела и кириличните букви. Таа не само што не може да предава на турски јазик туку воопшто не може да предава и на македонски литературен јазик, велат тие.

„Нашите деца, пак, не го познаваат албанскиот јазик. На првиот час наставничката почнала да предава на албански јазик, но кога видела дека децата не разбираат, се обидела да предава на македонски“, се жалат родителите.

Овој проблем се провлекува неколку години. Директорот на училиштето иако знае дека оваа наставничка не го познава турскиот јазик, а слабо и македонскиот, упорно во почетокот на секоја учебна година ја назначува да им предава на учениците што ја следат наставата на турски јазик. Очигледно, на директорот не му е важно учениците да научат, туку му е битно на наставничката да и' го исполни фондот на часови, велат родителите.

„Понижувачки однос кон нас родителите покажа директорот и кога побаравме да се отвори паралелка на турски јазик за првачиња во подрачното училиште што се наоѓа во населбата Лескајца, бидејќи тоа училиште им е поблиско до домовите на учениците што живеат во тој дел на градот. Директорот одби да го прими ова барање. Правото на образование на мајчин јазик е уставно право и не е подарок што може, според сопствена волја, да го даде или не некој директор“, додаваат загрижените родители.

„Родителите се обратија до нас затоа што наставничката не го познава ниту турскиот ниту македонскиот јазик. Сметаме дека наставата треба да се одвива на јазик разбирли�� за нив. Најбитно е предметот што го учат да го совладаат“, вели Филис Муфти Ариф, заменик-претседател на Советот на родители. Ариф најави дека ќе биде поднесено барање на часовите да присуствува и родител за да се види дали се точни тврдењата дека наставничката не ги познава турскиот и македонскиот јазик. Директорот Осман Османи го тврди спротивното. „Во недостиг од кадар се одлучивме  за вакво решение во интерес на децата. Вистина е дека назначениот наставник воопшто не го познава турскиот јазик, но ние друго решение немаме. Нема соодветен кадар на турски јазик и ова беше единствено привремено решение. Сметав дека предавањето ќе се одвива на македонски, а и самиот предмет е повеќе практичен отколку теоретски“, вели Османи, кој тврди дека наставичката добро го познавала македонскиот јазик поради тоа што се стекнала со образование токму во Република Македонија.

Со овој проблем е запознат и Државниот просветен инспекторат. Османи најави дека во наредните неколку денови ќе оствари средба со родителите на која ќе разговара за проблемите и ќе се бара соодветно решение прифатливо за сите страни. Доколку проблемот не се реши во најскоро време, родителите најавија дека ќе преземат и порадикални мерки.


#
Статијата е прочитана 1926 пати.

Испрати коментар

Од: kumanovo
Датум: 20.09.2010 12:25:42
asimilacija po sekoja cena toa e rabotava a ne nekakov glup izgovor poglednete go imeto na direktorov i se ke vi bidne jasno
Од: marjan.pp
Датум: 20.09.2010 12:32:43
celo obrazovanie e haos.vo prilep profesori od 1-4 odd. cekaat vo biroto za zaposluvajnje po 15-16 god.a tukusto zavrseni se zaposluvaat. lngilizov ova e stramota
Од: Komentator
Датум: 20.09.2010 12:41:06
Znaci na direktorot na ucilisteto ne e nekoj golem problem..Turcinjata namesto Turski da ucat Albanski...a za Makedonski ic i da ne se sekirame ke go naucat na ulica ..iako e prv zadozilten dzaven jazik ...E bas me interesira sto ima na ovo da kaze visokiot prtstavnik na EU gospodinot Fuere...ili veke nema vreme se zanimava so pakuvanje na kuferite....!!!
Од: bezanec
Датум: 20.09.2010 23:28:48
„„ Баравте гледајте„„ Се приклучивте кон вмро-дпмне,кој врши бугаризација на македонските граѓани а албанците на вас турците.
Од: pogled
Датум: 21.09.2010 07:24:14
Наставничката Албанка не го познавала турскиот и македонскиот јазик и била НЕСООДВЕТНА за предметот. Ама родителите и учениците нека не се грижат многу. Со текот на времето, наставничката од учениците ќе научи да зборува и пишува, и на македонски, и на турски, а ќе го совлада и преметот. А бидејќи времето се’ лекува, после некое време оваа “ болест“ ќе се излечи т.е. ќе се заборави за неколку дена. Само трпение! Знае директорот што прави!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Astibo
Поглед
Даниела Трпчевска
ЕДИТОРИЈАЛ
Тамара Грнчароска
Мислења
Назми Малиќи
Мислења
Мирослав Грчев

Ејми Вајнхаус
Лута на бившиот продуцент



"""