Извалкана кошула натопена со крв вчера ја засени агендата на министерот за правда, Михајло Маневски, за пром��ција на тазе варосаните простории во полуотвореното одделение во затворот „Идризово“. Свеченоста проследена со прошетка на високите гости, дипломатскиот кор и големата група новинари, ја засени темен облак на навидум мал инцидент што се случи пред железните затворски порти.
Осуденик во крвава кошула, само еден чекор од видните гости, се пожали дека е тепан и бараше средба со министерот. Обезбедувањето го тргна настрана за да не ја нарушува церемонијалната прошетка по реновираните објекти и новиот детекторски систем, кој треба да ја зајакне безбедноста во затворот. Настанот продолжи по планираната агенда. За крикот на осуденикот, никој не чул, никој ништо не видел!
Надлежните само половина час потоа се обидоа да го маргинализираат проблемот, прво објаснувајќи дека ништо не знаат, а потоа излегоа со целосен профил на „зависник кој излегол пред новинарите да демонстрира маица од наводен крвав инцидент“, а крвта воопшто и не била негова?!
Желбата да се потисне се' друго што не е во планираната програма за промовирање на реконструирани простории, кои, да биде иронијата поголема, за неколку години ќе се уриваат, уште еднаш покажа дека проблемите на малите, обични луѓе, едноставно, не се дел од агендата на политичарите.
Без оглед на тоа дали станува збор за зависник, човек кој боледува од некоја болест или за очајнички крик за внимание кога се телевизиските камери во близина, надлежните не смееја да си дозволат да го избришат настанот како воопшто да не се случил, затоа што не им се вклопува во планираната агенда.
Разбрав дека му е земена ДНК и се утврдило тоа што ,,независните,, новинари без помош на современата медицина со своето богато искуство открија чија е крвта.Неверојатно што значело да се потпираш на првиот поглед,можеби на вториот би се открило да токму министерот за правда предходно го изначукал.Инаку нетреба да се искоментира модернизацијата,случката е ептен важна.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 23.09.2010 12:19:18
A чива била крвта? И од каде крвави маици во Идризово? Стварно ова портокаливе не третираат како тотални морони. Повторно прашувам, ОД КАДЕ СЕ НАЈДЕ КРВАВАТА МАИЦА И ЧИВА БИЛА ТАА КРВ?
Сега ќе се јави ФЕЛИКС и ќе ни сложи прикаска, дека Б.Ц му ја подметнал.....
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.09.2010 13:37:07
Ајде да ве видам!Веќе подолго време околу затворите кружат разни приказни,кои во повеќето случаи се Сенишни!Самоубиства (и самодавења,со кофи и без кофи),натепани млекари („нарко-босови“),дилање дрога,мито,поткуп на чуварите...Пред неколку денови одекна сведочење за Коцкарница,ала Лас Вегас,во самиот затвор.Затвореникот бил нарко-зависник!?Па зарем тоа значи дека нема никакви права?Или,самата зависност го прави полош од другите?Сега,крвави кошули,утре-кој знае?Можеби и исечени глави!Молкот на институциите загрижува,но и рамнодушноста на новинарите,кои имале прилика да се запознаат со самиот настан на лице место!Молк....
Од: gimi
Датум: 23.09.2010 14:08:39
За што се не е спремна опозицијата и *проопозициските* медиуми само да се дојде до
ситни политички поени.Наместо да се каже дека во
претходните 20 години не е вложен ни еден денар
во затворите, а за што ги трпевме најголемите критики од мегународниот фактор и еве сега конечно и покрај економската криза се работи на тој план, гореспоменативе се обидуваат да
ја одвратат јавноста од тоа со конструкција на еден бизарен инцидент. Дали опозицијата и нејзините подржувачи се сеќаваат кога министерка за правда беше Мери Младеновска
и кога имаше бунт во затворот во Идризово, кога
затворениците 3 дена беа на покривот од затворот, кога тоа беше ударна вест за BBS CNN
и другита странски медиуми заедно со вестите од Авганистан и Ирак?. За* срека* тогашната власт. а сегашна опозиција* успешно* го реши тоа со помош на хелихоптери и снајперисти.