Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Стечајците протестираа пред Синдикатот!

Се пожалија дека немаат поддршка и изразија сомневање дека ССМ станал продолжена рака на власта

Маја Томиќ

Стотина стечајни работници од „Унит“ вчера го почнаа протестот во Скопје, со химни и свирежи пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде што продолжија пред Собранието и пред Владата. Побараа од новото раководство на ССМ поддршка за своите барања.

„Ве повикуваме да излезете, за да не се сомневаме дека сте продолжена рака на Владата. Ако не излезете за 15 минути, ќе заклучиме дека немаме независен синдикат, туку синдикат на Владата“, извикуваа стечајците пред Синдикатот, со кој, практично, треба да ја држат истата страна, контра владината политика.

На стечајците им се обрати единствено Драге Јовановски, кој е од поранешниот состав на Синдикатот и моментален противкандидат на Живко Митревски за претседател. Тој во изминатиот период од една година, откако стечајците почнаа со протестите, им даваше упатства и во нивно име ги водеше преговорите со владините претставници. Јовановски вчера посочи дека Владата на Груевски е неспособна во период од две години да го реши проблемот со стечајците и оти во Македонија треба да се применат европските директиви за оваа категорија граѓани и да добиваат паричен надоместок за да можат да преживеат.

„Со смената на Ванчо Муратовски и со доаѓањето на Живко Митревски за в.д. претседател, буквално сум суспендиран за да не ги водам стечајните работници“, рече тој.

Од ССМ вчера реагираа со соопштение до медиумите. Во него се вели дека

Синдикатот не се оградува од барањата на стечајците и оти нивниот проблем не е предизвикан од Синдикатот.

„Сметаме дека е потребно да се формира соодветно тело со цел да се усогласат барањата и тие да се презентираат пред институциите, за сите категории стечајци“, се наведува во соопштението. Во врска со изјавата на Јовановски, од ССМ реагираат дека се тоа негови лични ставови што ги пласирал без овластување од ССМ, со што го прекршил Статутот на ССМ.

„Се оградуваме од сите политички и партиски притисоци и од игрите на некои поединци и групи насочени против солидарноста на синдикалното движење и независност“, се посочува во писмото на ССМ.

Координаторот на „Унит“, Лилјана Георгиевска, вчера изјави дека стечајците, конечно, очекуваат да проработи свеста на Владата и да се обесштети оваа категорија работници.

„Прво бевме пред Синдикатот, бидејќи побаравме помош од него, да ни се приклучи и да не' заштити. Очекуваме поддршка од новото раководство на ССМ, а никој не излезе за јавно да ни каже нешто“, изјави Георгиевска.

Протестот продолжи пред Собранието, а потоа и пред Владата, каде што повторно ги доставија своите барања. Овие институции останаа без никаква реакција на протестите и на силните вербални навреди што до нив ги упатуваа стечајците.

Инаку, тие бараат месечен надоместок од околу 6.000 денари до пензионирање или до ново вработување. Тоа би се однесувало за жените со над 50-годишна возраст и со 15 години работен стаж, а за мажите над 53 години.

Од пролетта наваму стечајците речиси секоја недела протестираат пред Владата или пред Собранието, а претходно во Куманово бараа остварување на своите барања со штрајк со глад.

Владини претставници, како и премиерот Никола Груевски, неколку пати досега повторија дека немаат намера од буџетот да издвојат пари за остварување на нивното барање, затоа што паричниот надоместок за стечајците е веќе законски регулиран и плус затоа што оваа група стечајци била од ликвидирани приватни претпријатија, а не од државни.


#
Статијата е прочитана 739 пати.

Испрати коментар

Од: dasum
Датум: 23.09.2010 16:32:15
Koj bre sindikat , kakov sindikat?Zar vo ovaa drzava ima takvo nesto?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Погрешна агенда
Иванов бара средба со Папандреу
Лута на бившиот продуцент
Студен ту�� за жешката есен околу името
Кредити за граѓаните може, за фирмите тешко
Водоводџии ни за лек, фризери на претек
Кацарска на судење, а предметот го нема никаде
Институционална (не)согласност за Бурмали џамија
Домашните војни на Обама
Тава „кинг-конг“ мој омилен специјалитет
Украдоа булевар!
Манчевски трет пат во трка за номинација за „Оскар“
Карикатура
Пченицата во амбарите, се чека повисока цена
Стил



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist