Домашните војни на Обама
Претседателот бил фрустриран од воените команданти, кои барале само повеќе сили во Авганистан
Претседателот Обама во минатата година итно бараше повлекување од војната во Авганистан, вршејќи притисок врз неговите највисоки воени советници за план за излез, што тие никогаш не му го дадоа, според белешките од тајниот состанок и документите наведени во новата книга на новинарот Боб Вудвард.
Фрустриран од неговите воени команданти поради постојаното нудење само на опции што бараат забележително повеќе сили, Обама, конечно, изработи сопствена стратегија, диктирајќи доверлив „семестрален труд“ на шест страници, во кој се бара да се ограничи инволвираноста на САД, информира Вудворд во „Војните на Обама“, која треба да излезе на пазарот в понеделник.
Боб Вудвард, кој стана славен со откривањето на скандалот „Вотергејт“ од страна на претседателот Ричад Никсон, напиша возбудливи серии книги за претседателот Буш и војната во Ирак, па неговата најнова книга „Војните на Обама“ се очекува со големо нетрпение во Вашингтон.
Според забелешките на Вудворд од поединечните средби и меморандуми во врска со ревизијата на стратегијата за Авганистан во 2009 година, претседателот избегнал за зборува за победа кога ги опишуваше своите цели. „Ова треба да биде план, затоа ние ќе ја предадеме контролата во нивни раце и ќе излеземе од Авганистан“, беше цитиран Обама додека ги изнесуваше причините за дополнителните 30.000 војници во краткорочната ескалација. „Се' што правиме треба да биде фокусирано на тоа како ќе дојдеме до точката кога ќе можеме да го намалиме нашиот ангажман. Тоа е во интерес на нашата национална безбедност. Тука не може да има никаков простор за маневрирање“.
Обама го отфрли барањето на армијата за 40.000 војници како дел од обемна мисија, која нема предвидлив крај. „Јас не работам 10 години“, им кажа тој на секретарот за одбрана, Роберт Гејтс, и државниот секретар Хилари Клинтон на состанокот одржан на 26 октомври 2009 година. „Јас не правам долгорочна изградба на нацијата. Нема да трошам билиони долари“.
Во книгата на Вудворд се прикажани Обама и Белата куќа дека постојано се опсипани со предупредувања за закани од терористички напади на американска земја и се соочуваат со тешкотии во нивна превенција. За време на интервјуто со Вудвора во јули, претседателот изјави: „Ние можеме да апсорбираме терористички напад. Ќе сториме се' што е во наша моќ за а го спречиме тоа, па дури и 9/11, дури и најголемиот напад досега... го апсорбиравме и сега сме посилни“.
Но, поголем дел од книгата се концентрира на ревидирање на стратегијата, и расправиите, недовербата и борбата за власт што го разорува тимот за национална безбедност на Обама додека беше заглавен во жестока и емотивна борба околу насоката, целите, распоредот, нивото на силите и изгледите за успех во војната, која речиси со сигурност ќе биде еден од дефинирачките настани на неговото претседателствување.
Обама е претставен во несогласувања со неговите униформирани воени команданти, особено со адмиралот Мајк Мален, началник на Генералштабот на здружените сили и генералот Дејвид Петреус, прв човек на американската централна команда за време на ревизијата на стратегијата во 2009 година и сега највисок командант на американските и силите на НАТО во Авганистан.
Вудворд ги открива нивните конфликти низ детални информации од дваесетина состаноци зад затворени врати за стратегијата и речиси 40 приватни конверзации меѓу Обама и членови на кабинетот, клучни помошници и официјални претставници од разузнавачките служби.
Тензиите честопати станувале лични. Советникот за национална безбедност, Џејмс Л. Џоунс, приватно политичките помошници на Обама ги нарекувал „водени бубачки“, „политбиро“, „мафија“ или „група за кампања“. Петреус, кој се почувствувал исклучен од новата администрација, му кажал на помошникот дека смета оти повисокиот помошник на претседателот Дејвид Акселрод е „комплетен креатор на имиџот на политичарите“. За време на еден лет во мај, по испиена чаша вино, Петреус им кажал на луѓето од најблиското опкружување дека администрацијата е „(пцовка) со погрешен човек“. Гејтс беше доведен во искушение да ја напушти средбата во Овалната соба откако беше навреден од коментарите дадени од заменикот на советникот за национална безбедност, Томас Донилон, за генералот, кој не е именуван во книгата. (Вашингтон пост) |