Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Кредити за граѓаните може, за фирмите тешко

Банките не им попуштаат на компаниите. Се' уште држат строги услови и бараат издржани проекти

Соња Маџовска

Банките не им попуштаат на фирмите. Тие се' уште т��шко одобруваат кредити за нив, додека се малку омекнати кон граѓаните.

Во делот на кредитирањето на населението има релаксирање и на условите и на интересот. Ова го покажува најновата анкета спроведена од Народна банка на Македонија меѓу банките во земјава.

Речиси сите банки укажале дека делумно се олеснети кредитните услови кај станбените и потрошувачките кредити, но дека за овие заеми е зголемена и побарувачката. И додека делот на кредитирањето кон населението бележи нагорна линија, фирмите тешко доаѓаат до банкарски заеми.

„Од аспект на кредитните услови, околу 75 отсто од банките укажаа на непроменети кредитни услови кај претпријатијата. За разлика од претходниот период, кога повеќе од половина од банките очекуваа делумно олеснување на кредитните услови, во третото тримесечје повеќе од 70 отсто банки не очекуваат поголеми промени. Зголемувањето на кредитната побарувачка продолжи и во второто тримесечје, при што најголем број банки, околу 72 отсто, очекуваат дека овој тренд ќе се задржи и во наредните три месеци. Сите банки укажаа на делумно олеснети кредитни услови кај станбените и кај потрошувачките кредити, при зголемена побарувачка за овој тип заеми. Околу 83 отсто од банките не очекуваат промени во кредитните услови за одобрување станбени кредити. Околу 45 проценти од банките очекуваат зголемување на побарувачката за станбени и за потрошувачки кредити, додека останатите не очекуваат поголеми промени, за разлика од претходно, кога сите банки очекуваа зголемување на кредитната побарувачка“, се наведува во објаснувањето од НБМ.

Не само во однос на условите при одобрувањето кредити, банките не попуштаат и кај каматите. По последното намалување на основната камата на 4,5 отсто, банките ги намалија само каматните стапки за штедните влогови, а не и каматите на кредитите.

Банките и натаму чекаат централната банка да ја намали задолжителната резерва. Тие велат дека не можат до тој степен да ризикуваат и да ги отпуштат кредитните стеги, во услови кога расте бројот на ненаплатени побарувања, кој се движи околу 10 отсто, но и тоа дека компаниите не бараат кредити ниту, пак, нудат добри проекти. И додека банките велат дека имаат пари за кредитирање и бараат фирмите да понудат издржани проекти, бизнисмените чекаат да поевтинат кредитите. Коморите обвинуваат дека на банките им е поисплатливо да ги пласираат парите во НБМ за благајнички записи, место во стопанството.

Банкарските пари замрзнати во НБМ

Аукциите на благајнички записи , кои се одржуваат секоја среда, покажуваат дека банките вријат од пари. На вчерашната аукција НБМ собра огромна сума од 132 милиона евра од банките. Тоа се случи и пред неколку недели, кога банките во благајнички записи вложија 136,5 милиони евра. Моментно во НБМ се депонирани 400 милиони евра банкарски пари.

Ова значи дека кулминира ликвидност кај банките, но место за кредити, нив поисплатлива и посигурна варијанта им е да ги чуваат парите замрзнати во централната банка, за камата од 4,5 отсто. Банките се правдаат дека не одобруваат кредити, бидејќи за нив мора да положуваат висока резерва во НБМ, а се' уште постојат ризици во економијата. И додека кредитирањето тешко расте, штедењето има постојано нагорен тренд. На банките им се натрупуваат вишоци пари, кои не можат неограничено да ги чуваат неискористени. Затоа банките овие пари ги инвестираат или во едномесечните записи на НБМ, или во државни записи што ги издава Министерството за финансии, обично, на почеток на секој месец, со камата од 4,7 проценти. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 1365 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.09.2010 13:22:02
Normalno. Bankite vo Makedonija se veke skoro site stranski. Koga ke dadat kredit na graganite, tie vednas odat so tie pari da kupat nesto, a toa nesto vo 99% od slucaevite e uvozna roba. Parite odat nadvor od drzavata, a dolgovite ostanuvaat ovde. Ako davaat krediti za firmite, togas se razviva stopanstvoto,pa namesto da se trosat pari za uvozni gluposti(sapuni,samponi,cokoladi,mastiki) seto toa ke moze i ovde nekoj da go proizveduva,pa nema da ima potreba od uvoz(primer Polska,kade sto skoro site brendovi na kozmetika,cokoladi,sladoledi i slicni gluposti se proizveduvaat licencno vo Polska).Jasno e deka na nekogo ne mu odgovara silno stopanstvo.Nekoj svesno go zadolzuva naselenieto,a naselenieto e srekno sto nekoj mu frla troski(i toa skapi)bez da misli deka si ja zagrozuva idninata.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 23.09.2010 15:24:54
ne molzat kako kravi od edna strana so toa astronomskite kamati i provizii, a od druga strana ni glumat ludilo deka za da zeme covek kredit e kao na mars bozem ke se odi.mizerija! a znaat da zemaat po 40-50 iljadi plata????

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Погрешна агенда
Иванов бара средба со Папандреу
Стечајците протестираа пред Синдикатот!
Лута на бившиот продуцент
Студен туш за жешката есен околу името
Водоводџии ни за лек, фризери на претек
Кацарска на судење, а предметот го нема никаде
Институционална (не)согласност за Бурмали џамија
Домашните војни на Обама
Тава „кинг-конг“ мој омилен специјалитет
Украдоа булевар!
Манчевски трет пат во трка за номинација за „Оскар“
Карикатура
Пченицата во амбарите, се чека повисока цена
Стил



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist