Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Пченицата во амбарите, се чека повисока цена

БИТОЛА - Пелагониските земјоделци, производители на пченица, веќе не го продаваат својот род затоа што очекуваат зголемување на цената за килограм пченица од најмалку 60 проценти. Поради кризата со лебно жито во светот, особено во Русија, земјоделците се надеваат дека оваа есен цената на пченицата од осум денари за килограм ќе порасне на 13-14 денари за килограм. Дел од мелничарите веќе откупувале по оваа цена.

„Годинава е продадена само половина од пченицата во Пелагонија. Другата половина се наоѓа во амбарите или е на чување во млиновите. Одговорот е едноставен, нема пченица во светот. Изгоре пченицата во Русија, која е најголем производител. Многу места ги зафати суша. Затоа цената на пченицата во Македонија се зголеми на 14 денари за килограм“, коментира Драги Мицковски, претставник на здружението на земјоделци „Аграр“ од Прилеп.

Дополнителен фактор за пораст на цената на пченицата оваа година е и намалениот принос. Поради големите поплави се уништени речиси една третина од нивите во Пелагонија.

„Приносите се слаби. Некаде околу два тона по хектар, а лани беа околу три тони. Значи, над 1.000 килограми помалку од лани. Квалитетот е добар. Има површини што не се добри. Меѓутоа, тоа не е само кај нас, така е на цел Балкан“ вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Земјоделците реагираат на покачувањето на цената на лебот, велат дека мелничарите немаат основа за поскапување на лебот кога пченицата ја платиле по само седум-осум денари за килограм. „Сите мелничари и пекари, кои ја имаат зголемено цената, треба итно да ја вратат старата цена на лебот затоа што тие купија пченица по осум денари, а не по 14 денари“, вели Мицковски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Погрешна агенда
Иванов бара средба со Папандреу
Стечајците протестираа пред Синдикатот!
Лута на бившиот продуцент
Студен туш за жешката есен околу името
Кредити за граѓаните може, за фирмите тешко
Водоводџии ни за лек, фризери на претек
Кацарска на судење, а предметот го нема никаде
Институционална (не)согласност за Бурмали џамија
Домашните војни на Обама
Тава „кинг-конг“ мој омилен специјалитет
Украдоа булевар!
Манчевски трет пат во трка за номинација за „Оскар“
Карикатура
Стил



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist