Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Водоводџии ни за лек, фризери на претек

Малкумина сакаат да станат плочкари, тапетари, слаткари или пекари, велат во Занаетчиската комора

Жаклина Хаџи-Зафирова

Каде ќе бара помош премиерот и��и шефот на државава за пет или десет години доколку му пукне цевка во тоалетот или, пак, му е потребна итна интервенција во водоводната мрежа кога оваа професија во државава изумира. Голем број фирми бараат водоводџии, а во последниве две години за таков профил во нашите училишта нема доволен интерес. Ретко некој сака да стане плочкар, тапетар, слаткар или пекар, велат во Занаетчиската комора, но затоа автомеханичари има се' повеќе.

„Сите сакаат да станат правници, компјутерџии или банкари, а никој не сака да се занимава со занает“, се жалат од средните стручни училишта, кои секоја година се се' попразни со заинтересирани деца, но и со стручни кадри. Оние, пак, што завршуваат, бараат шанси да заминат во странство каде што им се нудат високи плати. Голем дел од нив си бараат друга работа, бидејќи не сакаат да работат по струка, затоа што е слабо платена.

Занаетчиската комора на Македонија од годинава почнува кампања за заживување на занаетчиството, кое, како што тврдат, не изумира. Сепак, на терен сликата покажува нешто друго. Учениците се разочаруваат уште од првиот ден кога ќе тргнат на практика во фирмите или во занаетчиските дуќани, бидејќи ретко ги плаќаат, иако газдите имаат законска обврска да им обезбедат надомест. Среќни се доколку од газдите ќарат барем појадок.

Годинава нема интерес за упис на водоинсталатери, кои ја следат наставата на македонски јазик во Средното стручно училиште „8 Септември“.

„До пред две години се јавуваа од ЈП „Водовод и канализација“ и ни бараа дипломирани водоинсталатери, но последната генерација што ја имавме заврши пред две години. Се откажаа кога видоа дека нема интерес за такви кадри. Од Агенцијата за привремени вработувања ни бараа бравари и заварувачи, но учениците што завршуваат вакви профили работат нешто друго. Или одат во странство или не сакаат да работат по струка“ вели Елизабета Младеновска, директорката на „8 Септември“.

Годинава е послаб интересот и за оние што учат за месари и за пекари, но затоа пополнети се местата за фризери козметичари, маникири и педикири во училиштето „Димитар Влахов“, кои се многу барани на пазарот.

И сервисите за автомобили се тепаат за автолимари, автолакери, механичари. Тие, буквално, се грабаат за најдобрите ученици, кои АСУЦ „Боро Петрушевски“ ги праќа на меѓународни натпревари.

„Ние сме единственото стручно училиште каде што немаме проблем со заинтересираноста. Ги бараат профилите каросериски механичар - што е споен профил од автолимар и автолакер. Според моите информации, повеќето од учениците што одат на практика во сервисите остануваат таму“, ни објасни Игнат Доневски, заменик-директор на „Боро Петрушевски“. Според него, сервисите се заинтересирани да ангажираат и автомеханичари, автоелектроничари и автотехничари - мехатроничари.

„Генерално, стопанството има потреба од технички кадри“, смета Ефтим Пејоски, директор на Средното стручно „Михајло Пупин“, кој додаде дека отвореноста на фирмите за кадри од училиштата е се' поголем. Тој појасни дека нивните пет образовни профили од електротехничката струка се барани на пазарот. Пејоски тврди дека голем дел од електричарите се нестручни лица, кои се земаат буквално од улица. Нивните кадри ги бараат во МРТВ, „Виталија“, Видеодата“..

Снежана Денковска, извршна директорка во Занаетчиската комора на Скопје, вели дека има недостиг од квалитетен кадар од сите профили и незаинтересираност за упис во училиштата. Од училиштата, според неа, излегува кадар што не може теоријата да ја примени во практика.

„Најмногу недостигаат кадри од завршните градежни дејности, како што се водоводџии, плочкари, паркетари, електроинсталатери, но проблемот е сивата економија. Безработицата прави со овие професии да се занимава секој. Со 40 отсто сива економија, секој што ќе остане без работа се снаоѓа и мисли дека без проблем може да ви направи инсталација“, истакна Денковска.


#
Статијата е прочитана 1562 пати.

Испрати коментар

Од: Pozarnikar
Датум: 23.09.2010 12:14:15
E kako ke stanat koga site ke studiraat? Zarem doktori, inzeneri, advokati, ekonomisti ke vi lepat tapeti, ke vi popravaat cesmi, ke vi farbaat...?
Од: Ali-Skopje
Датум: 23.09.2010 12:18:23
Site stanaa doktoranti i akademici
Од: risto
Датум: 23.09.2010 17:31:25
Па како да има такви занаети,кога1995 владата на Црвенковски ги уништи таквите занаети со затварањето на фирмите и криминалната приватизација.Ги понижија таквите занаети .Јас лично можам многу добро да го работам тој занает.Но лугето особено работодавачите не се подготвени да платат доволно за таквите услуги.Бараат услугата да им се заврши бесплатно повикувајки се на својата позиција во државата.Е па сега нека ни е со среќа!!
Од: Od animiran junak
Датум: 24.09.2010 08:03:50
Ednostavno i prosto treba da se plati toj sto raboti od lepenje plocki i mestenje patosi se zavrsuva na bolnica so losi kolena ako sakas kvalitet treba da platis e sega doktori so kupeni diplomi i administracija i taka nareceni akademci neka rabotat
Од: Мите
Датум: 24.09.2010 09:30:30
чекајте само да влеземе во ЕУ, да може да се работи легално во странство, тука ќе останат само неспособни паразити, политичари и канцелариски стаорци, банкари и лихвари...но проблемот е општ, поефтино е да се донесе кина нов кинески фуш отколку да се произведе квалитетно нешто

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Погрешна агенда
Иванов бара средба со Папандреу
Стечајците протестираа пред Синдикатот!
Лута на бившиот продуцент
Студен туш за жешката есен околу името
Кредити за граѓаните може, за фирмите тешко
Кацарска на судење, а предметот го нема никаде
Институционална (не)согласност за Бурмали џамија
Домашните војни на Обама
Тава „кинг-конг“ мој омилен специјалитет
Украдоа булевар!
Манчевски трет пат во трка за номинација за „Оскар“
Карикатура
Пченицата во амбарите, се чека повисока цен��
Стил



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist