Ејми Вајнхаус
Лута на бившиот продуцент
На својот профил на „Твитер“, Британката Ејми Вајнхаус му се настрвила на бившиот продуцент Марк Ронсон и поради тоа што сакал да си ги зг��леми своите заслуги за успехот на нејзиниот албум „Црно на црно“, напишала дека тој за неа е мртов. „Ронсоне, за мене си мртов. Јас ќе напишам еден албум, а ти сакаш да преземеш половина од заслугите и да направиш кариера од тоа? Е, не може!“ реагирала Ејми на интервјуто на Ронсон.
„Кога, да речеме, соработувате со некого како што е Ејми Вајнхаус, тогаш тоа изгледа така што односната доаѓа во студио само со песна на акустична гитара, а вие мора да го смислите ритамот, аранжманот и уште многу други работи. Сепак, тој процес се разликува од изведувач до изведувач“, изјавил Ронсон во емисијата на Јоолс Холанд, кога водителот го замолил да му ја објасни улогата на продуцент. Освен на споменатиот албум, Ејми и Марк соработувале и на песната „Валери“, која на Ронсон му ја донесе Британската награда за најдобар машки уметник во 2008 година. |