Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Живот на чинија

Тава „кинг-конг“ мој омилен специјалитет

Ирена Петкова

Дел од водителскиот тандем на популарната емисија „Тротоар“, зборува за својата страст кон храната

Бојан Шашевски

Исхрана во детството „Се сеќавам, до трето одделение не бев по јадењето… Знам дека ме тераа да јадам сосила. Кога отидов на летување со децата од училиште на Јадран, таму учителот не ни дозволуваше да станеме од маса ако не изедеме се'… Па така некако се навикнав да јадам буквално се', па кога се вратив од одмор, моите не можеа да ме препознаат. Во периодот додека активно играв одбојка, интересно е тоа што бев многу стрвна, сакав од се' да пробам… Па така, многу често со другарките коментиравме дека кога ќе бидам бремена, многу ќе се здебелам… Ама, за среќа, тоа не беше така, се поправив само 13 килограми“.

ПоЧеток на денот „Денот најчесто ми почнува со кафе, кое почнав да го пијам на „стари години“. Бидејќи појадокот е најважниот оброк во денот, се трудам да појадувам, но некогаш се случува и ништо да не јадам до 15 часот. Кога јадам наутро, тоа најчесто се некои ѓевречиња, кифли, пити, банички со јогурт, кои ги обожавам во сите варијанти“.

Брза храна „Поради динамичниот начин на живот исполнет со многу обврски, се случува понекогаш да јадам и брза храна. Денес здравото мени не е тешко да се состави, но тешко е да се примени секојдневно...“



куЈна „Не сум пребирлива во јадењето. Јадам се', освен јагнешко месо. Сум пробала многу кујни досега - италијанска, мексиканска, шпанска, грчка… Во последно време преку прилозите за храна што одеа во рамките на „Тротоар“ пробав интересни, вкусни, специфични специјалитети од Индија, Шведска, Иран, Јордан, Германија, Ирска итн. Тоа беше вистинско уживање. Секако, не смеам никако да ја заборавам и нашата македонска кујна“.

Салати, зеленЧук, овошЈе „Сакам многу салати, ама да бидам искрена, некогаш ми е тешко да ги сечкам состојките… Јадам шопска, грчка, таратур, мешана како прилог, а знам добро да се најадам од салата „цезар“, пилешка, салата со туна... Многу често салатата е дел од нашиот оброк. Инаку, повеќе сакам зеленчук отколку овошје - имаме среќа што живееме на ова поднебје каде што виреат најубавите домати, пиперки, краставици итн“.



Омилено Јадење „Хм... Тешко прашање… Не можам да издвојам нешто посебно и омилено. Уживам во храната и секогаш од се' се воодушевувам…Имам среќа што имам добар метаболизам, па пробувам од се' без ограничување“.



готвење „Порано мислев дека готвењето е нешто тешко, комплицирано и дека никогаш нема да научам да готвам. Но, не било така, се' се учи. Знам да готвам и сакам да експериментирам, но тоа го правам многу ретко, бидејќи Марин и Дарјан сакаат едноставни јадења без многу сосови, преливи, состојки. Подготвувањето на јадењето и не е нешто комплицирано, но времето потребно за подготовка на состојките и по јадењето за расчистување на целиот неред, е тоа е она што одзема околу три часа во денот... А за тие три часа можат да се направат можеби други покорисни работи…“



Рецепт „а ла Ирена“ „Јадење што најчесто го правам, а што го сака моето семејство и пријателите е тава „кинг-конг“. Се прави едноставно, иако се потребни повеќе состојки. Еве како можете да го подготвите: се пропржуваат пилешки мевца исечени на коцки. Оризот претходно се вари и во него се додаваат испржени свежи печурки, пченка, свежа пиперка, малку цвекло. Сето тоа добро измешано се додава во пилешките мевца, се додава вегета, кари и - тавата „кинг-конг“ е готова. Верувајте, многу е вкусно“.



Благо „Не сум многу по слатките производи, не само јас туку и моето семејство. Доволно ми е преку сила еден ред чоколадо по јадење и толку... Имам многу пријатели, кои буквално се тресат за слатки и мислам дека имам среќа што не сум една од нив“.


#
Статијата е прочитана 1256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Погрешна агенда
Иванов бара средба со Папандреу
Стечајците протестираа пред Синдикатот!
Лута на бившиот продуцент
Студен туш за жешката есен околу името
Кредити за граѓаните може, за фирмите тешко
Водоводџии ни за лек, фризери на претек
Кацарска на судење, а предметот го нема никаде
Институционална (не)согласност за Бурмали џамија
Домашните војни на Обама
Украдоа булевар!
Манчевски трет пат во трка за номинација за „Оскар“
Карикатура
Пченицата во амбарите, се чека повисока цена
Стил



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist