Жешката есен за спорот за името не разлади сите. По она што се случи, или подобро кажано, по она што не се случи во Њујорк за време на одржувањето на Генералното собрание на ОН, јасно е дека политичките лидери на Македонија и на Грција можат мирно да ја преспијат есента. А, и ние со нив.
Сега грчкиот премиер Јоргос Папандреу може релаксирано да ја започне својата предизборна кампања, ослободен од предизборен политички товар дека попуштил пред барањата на „другата страна“ или, не дај боже, дека ја симпатизира. Може дури и да демонстрира дека тој, како и сите негови претходници пред изборите, застанал на браникот на националните интереси на Грција. Тоа можеше да се насети по изјавите на грчките официјални претставници изминатите десетина дена, од шефот на дипломатијата Димитрис Друцас и неговата земеничка за опстојувањето на ерга омнес и црвената линија, дека нема тајна дипломатија, преку избегнувањето средба на Папандреу со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел, па се' до играта на зборови на грчката дипломатија за „испуштена“ средба во Њујорк. Таа, најверојатно, никогаш не ни била во план.
Во исто време македонскиот премиер може да се олабави и подготвено да ги пречека годинешниов извештајот на Европската комисија за Македонија и немањето датум за преговори, како и самитот на НАТО во ноември, со изговор дека се' е исто како лани поради тоа што „другата страна“ се' уште не сака решение за името.
Неговото тактизирање одам - не одам во Њујорк беше симптоматично од самиот почеток, особено што во јавноста со месеци наназад на патувањето во Њујорк се гледаше како на можен придвижувач на процесот за името. Се очекуваше на едно место „случајно“ да се најдат и Папандреу и Груевски и посредникот Метју Нимиц и да ги искористат декларираните затоплени односи меѓу двете влади за правење исчекор во спорот.
На тоа наведуваа и изјавите што стигаа од меѓународните претставници изминативе месеци дека атмосферата е позитивна и дека тоа треба да се искористи. Дури и Нимиц го „почувствувал“ тоа, бидејќи не постои друга причина за неговата изјава од неделата во која кажува оти чувствува дека страните сега зборуваат меѓу себе за работи што се во рамки каде што може да се видат некои очекувања оти евентуално може да се најде решение на проблемот.
Но, и Груевски и Папандреу ги изневерија сите. Откако изминатава година се гледаа, насмеани се ракуваа и фотографираа на сите можни средби каде што ќе се затекнеа заедно, прво успешно избегаа да се видат во Брисел минатата недела, а пред Њујорк се „скараа“. Повторно во стариот и веќе познат манир на препукување преку медиумите си порачаа дека другата страна избегнува средба и не прави ништо да се реши спорот, секако, фалејќи се самите себе си колку се конструктивни и нестрпливи да го решат спорот. Ракавиците се извадија за потребите на внатрешнополитичките цели на секоја од двете влади. Џентлменскиот договор дека за време на избори прашањето се става под мраз, очигледно се почитува. Да не знаевме дека двете страни се „лути“ противници, можеби ќе помислевме дека се ова дела од едно исто сценарио.
И по се', ентузијазмот спласна. Њујорк не донесе ништо, освен уште едно разочарување за можно придвижување и потврда дека наредните месеци ќе ги пречекаме на исти позиции и растојание, па можеби и подалечни...
Ако ништо друго, барем не мора да се плашиме дека натпартиските интереси проработеле кај која било од страните. Изборите, сепак, остануваат приоритет.
Се плашам дека ова erga omnes е уште една замка од јужниве.Еден ден ќе речат:_Вие прифатете геограfска одредница пред Македонија,а ние ќе се откажеме од севкупна употреба.Демек,попуштаат,а ние с а м и си го менуваме името!А штом с а м и си го промениме името светот ќе ја “почитува“ нашата волја и ќе ни се обраќа со името кое с а м и ќе го прифатиме!
Од: jovan
Датум: 23.09.2010 13:05:11
Za spienje ke spieme i te kako, samo kolku ke bide mirno spienjeto e prasanje. Najinteresno ke bide budenjeto.
Од: demokrat
Датум: 23.09.2010 13:56:56
Deka vlasta nema strategija za odbrana na ustavnoto ime, toa mi e od poodamna jasno. No stavot na opozicijata e uste postrasen. Zamislete Frckoski bara garancija za identitetot, nebare toa e kredit pa se bara zirant. Branko, pak, od druga strana veli: "Ako se najde nekoja dodavka ili pridavka koja nema da udira vo nasiot identitet dogas moze da razgovarame za promena na ustavnoto ime". Vo prevod toa znaci: Ako ostanam ziv i bez vidni posledici, togas ke dozvolam da mi pukaat vo srceto. Nie sme Makedonci i toa treba da ostaneme. Od druga strana vo Grcija postojat isto taka Makedonci koi se razlikuvaat od nas. Toa mora da go prifatime i da gi definirame razlikite na pregovaracka masa. Edinstven fer kompromis e "Republika Makedonija" napisano na kirilica. Toa e naseto ustavno ime koe go otslikuva nasiot vistinski identitet! Se drugo e vodenje inat i frlanje prav vo ocite na javnosta.
Од: Elena
Датум: 23.09.2010 14:08:22
Ne razbiram, sto e poentata na tekstot? Vo nekoja sledna prilika bi sakala da procitam nekoja analiza na grckite histerii: demek Papandreu dobriot i vospitan, a Drucas - prostakot kazuva na glas sto vospitaniot misli. Ke moze li za promena - namesto plukanje po sopstvenata zemja da se osvrnete na grckite ulavi baranja. Se otepaa od vikanje.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2010 20:13:36
Драга моја Елена се можеш да очекуваш но од опозицискиот блок топтан со се коментаторите од типот на Феличита и останатите нема да го доживиш да тие му се истурат на јужниот сосед.За нив црвените соседни линии се сосема во ред,едни ги одобруваат,други се прават кога ќе ги прозивам да ептен сум неразбирлив и т.н Само барам да покажат елементарно патриотско чуство кон сопствената земја.Не чукање во гради туку осуда на максималистичките барања на соседот.Ништо повеќе,ништо помалу.Осудете ја симулацијата ако има смелост.
Од: karokan "gambit"
Датум: 23.09.2010 21:46:10
Se razbira deka si "razbirliv" g-dine Felix,samo vremenskata distanca ne ni ovozmozuva "uste
podobro da se razbirame".Ne sakam da razberam
razmisluvanja od 19-tiot vek i porano,sakam da
spodelam,pa makar i so sprotivni viduvanja,razmisluvanje na vlezot na 21 vek.
Ostavi go romantizmot na vremeto koga se pojavil i
bil aktuelen,osven ako ne mislis deka tokmu sega e vremeto na nekoj si neoromantizam.
Samo znaj deka ce se cita samo vo del od
toa parce zemja,koe ti,tokmu na takov nacin go
"branis".(Kamo da ne go branese).
Taka kako sto ti sugeriras na branenje na
naseto (da se obratam i da im vikam na moite soigraci "Gledajte tie ja sutiraat topkata samo vo aut") eden den samo ce konstatirame:"Grcija postavi dobra strategija.Timot (ekipata) ni e na ispagjanje".
Mesto da se vrtis na terenot i so prst odnapred
go obelezuvas vinovnikot (za da se amnestiras
samiot)-igraj i igraj.Ako vece mozes!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Феличита
Датум: 24.09.2010 08:36:06
Среќко,за грчките ставови нека мислат грчките даночни обврзници.Сакам да го чујам нашиот став и тоа искажан во Њујорк и Брисел а не во Пробиштип и Чешиново.Илинденска,нека ја отвара Тинексот (и за Коце е тоа понижувачки) а игралише во Чешиново и Облешево тамошниот градоначалник.Место да се крие во глувчешка дупка и изигрува Калимеро,нека го каже нашиот став во лице,а не надвор да клима со глава и гордо носи беџ ФИРОМ,а дома да глуми патриот.Нажалост,тој веќе не е приман ни од вториот помошник на третиот потсекретар!
Од: Mitre
Датум: 24.09.2010 09:46:32
2001 EU i USA napravija vestacka vojna i ni go nametnaa Ohridskiot dogovor, demek toa e eksperiment za multinacionalen sozivot koj sekade ke se upotrebuva...toa ne se ostvari Bugarija i Grcija ne priznavaat nikakvo malcinstvo, a najnovo e i konflikti vo EU okolu Romite, tuka e i raspadot na Belgija, a posebno i kataklizmata vo Grcija. Problemot so imeto e samo frlanje magla. Nashata crvena linija da bide NE za EU dodeka ne se reshi Haosot vo Grcija, ne za NATO dodeka ne se reshi Avganistan i Iran