|
|
|
|
|
|
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
По „жолтиот поход“, власта веќе не ќе може да биде ноншалантна, сметаат аналитичарите
Оливера Војновска
Се разбуди ли, конечно, опозицијата од летаргичниот сон и дали протестниот марш и „Патриотска метла“ се најава за зимска офанзива врз власта? Изминатиов период опозиционерите на разни начини се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста и да и' го нарушат мирот и на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
По митинзите во Прилеп и во Штип, социјалдемократите и нивните коалициски партнери маршираа по улиците на главниот град. Во Собранието распалија за буџетот и за проектот „Скопје 2014“, а и за интерпелацијата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Министерката ја преживеја интерпелацијата и барем засега нема да ја почувствува симболиката на метлите со кои се појавија пратениците од СДСМ. Сепак, на нејзините плеќи ќе стежне горчината од „преродбата во барок и романтизам“.
Во меѓувреме, Собранието расправаше и за распуштање на парламентот, а на седницата дискутираа и реплицира сите опозициски пратеници. Откако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека не е време за предвремени избори, беше јасно дека исходот од седницата нема да биде во корелација со паролата „Доста е! Избори!“, испишана на жолтите маички и на картоните што деновиве беа дел од имиџот на опозицијата. Но, според аналитичарите, исто така, е јасно дека по жолтиот опозициски поход власта веќе нема да може да биде рамнодушна и ноншалантна.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека протестниот марш во Скопје и' дал нов елан на опозицијата. „Опозицијата се разбуди, нејзината летаргична фаза е завршена. Поднесуваат иницијативи, отвораат афери на кои власта мора да одговори со аргументи. Не може како досега да се потпира само на бројките во парламентот и да не чувствува потреба да даде отчет“, смета Муслиу. Тој е уверен дека опозицијата нема да дозволи да го изгуби овој момент, туку ќе го зграпчи.
Според него, дополнителен мотив за тоа ќе и' бидат предвремените избори. „Независно што не помина нејзиното барање, факт е дека опозицијата излезе со таква иницијатива, а Владата ја одби. Со тоа, на некој начин, падна ореолот на власта дека кога сака може да распише избори и да ги добие - импресија што произлегуваше од анкетите“, вели Муслиу. Прогнозира дека сега ќе се смени и атмосферата во Собранието. „Опозицијата ќе се охрабри и ќе дејствува поамбициозно и поагресивно. Дебатата ќе биде поквалитетна и посуштинска, а власта ќе мора да биде повнимателна“, смета Муслиу.
Потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ, вели дека воопшто не се обесхрабрени што не помина нивното барање за распуштање на парламентот. „Имавме добра дебата, за жал, мнозинството се обиде да испровоцира инцидент преку Амди Бајрам. Но, не успеа. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за дискусија, меѓутоа говореа само Илија Димовски и Зоран Петрески. Другите се откажаа од дискусија и цело време провоцираа и ги повторуваа истите реплики. Цел им беше да ја девалвираат расправата“, вели Макрадули и нагласува дека битката за симнување на власта продолжува. Додава дека опозицијата ќе го засили притисокот во парламентот. Притоа, посочува дека на нејзина иницијатива се дебатираат за состојбите во здравството, а на 27 декември за измените на Изборниот законик, кои беа предложени во пакет со барањето за предвремени избори. За него е симптоматично тоа што „против“ распуштање на парламентот гласале само 64 пратеници од владиното мнозинство. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ контролира вкупно 82 пратеника (заедно со Фијат Цаноски од ПЕИ), па, како што вели тој, оние што не биле во салата за да ги притиснат црвените копчиња, можеби, сепак, не се задоволни од политиката на Владата. Сепак, други опозициски пратеници (од помалите партии) во ова не гледаат некаква драма. „Гласањето беше доцна вечерта, па некои си заминаа, а има и неколкумина што се болни“, велат тие.
Инаку, спомнатата иницијатива доби поддршка од само 29 парламентарци од опозицијата. Вклучувајќи ги и четворицата пратеници на ЛДП, кои пред една година го расипаа сојузништвото со СДСМ и оттогаш жестоко се конфронтираат. |
#
|
Статијата е прочитана 1931 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: љубица |
Датум: 17.12.2010 12:36:08 |
|
Да , можеби навистина се буди опозицијата , но , само за да си го залечи комплексот на ,,малцинство,, , а не и да направи нешто вредно за народот .
Нивниот спасувачки појас е преголем залак за малкуте ,,илјадарки ,,-нивни истомисленици.
Во намерата да го одвлечат вниманието од себе
се повикуваат на ,,Скоп��е-2014,, , ,,маршови, ,,метли ,, ,,состојбите во здравството,, ,што ли ќе биде следно ?
Ја праќаат мечката во комшии , со надеж дека нема да дојде кај нив да ги папа....
Со која ли доблест мината година му дадоа право на Фрчковски да се кандидира за претседател кога истиот сакаше да го продаде името за милион долари на нашите ,,соседи,, ?
И што всушност, (не)направија за да ги заменат своите столчиња со оние на власта !?
Се покажаа пред лицето на народот и подобро би им било преку ,,лебот да не бараат и погача ,,затоа што и тоа им е многу, ако повторно се запраша народот . |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 17.12.2010 13:18:47 |
|
По квалитетните расправи кои беа водени во собранието,од народот кој разбра разбра.Ако не нека одат да го барат продавачот на јаболкови семки.Важно е дека долниот веш на владата беше изваден на виделина.Тоа се гледа и по тоа жто владеачкото мнозинство мораше да ги разбуди и пратениците кои служеа само за притискање на копчиња,кои мора да читат напишани реплики.Нормално дека тие нема да се за предвремени избори,нивните шанси се толкави да понатаму собраниските седници ги гледат преку телевизија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 17.12.2010 13:24:13 |
|
Жолтите лисја паѓаат,а сдсм-овците се свесни за своето понатамошно паѓање ја одбрале жолтата боја.Бидејќи изгледа немаат да понудат ништо ново се определија за циркузантски штосеви,што авторот амбициозно ги нарекува офанзива,па човек се прашува да ли во оваа партија има возрасни луѓе или ќе си останат деца.А некогаш беа “сериозни луѓе за сериозни времиња“. |
|
|
|
|
|
|
Од: nenad |
Датум: 17.12.2010 14:37:01 |
|
„Во намерата да го одвлечат вниманието од себе се повикуваат на ,,Скопје-2014,, , ,,маршови, ,,метли ,, ,,состојбите во здравството,, ,што ли ќе биде следно ?“ Љубице, ало! Па власта е центарот на вниманието а не опозицијата! За што зборувате Вие, со опозицијата ли треба да се занимаваме во оваа држава кога владеачкиве ја имаат сета можна власт за да прават што сакаат? Неверојатно! |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 17.12.2010 14:37:32 |
|
Љубице оди читај си Вечер душо и лечи си ги комплексите од СДСМ!!!
Не читај Утрински оти гледам се нервираш.Што се однесува до малкуте илјадарки (како што ти, госпожа ги нарекуваш 60.000 -те илјади луѓе), и самата знаеш дека не е така и затоа велиш дека се малку. Многу сме Љубице што не гледаме со портокалови очила, не сме малку!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 17.12.2010 14:42:49 |
|
Sega ke se tesat so tie sto si zaminale porano i sto bile bolni pa ne mozele da glasaat. Uste li ke se macat so ovie obidi da ja simnat vlasta, pa neli vidoa deka ne gi biduva.Neka si go podberat opasot i da si sedat mirno zatoa sto navistina vakvi tragikomedii ne im dolikuvaat.Tie neka si bidat poambiciozni i poagresivni vo debatite no ne tamu kade sto ne treba.Esenta veke zaminuva a so toa i zoltata boja poleka se gubi od prirodata, taka i ovie zoltite naskoro ke bidat minato. |
|
|
|
|
|
|
Од: no name |
Датум: 17.12.2010 14:57:14 |
|
E navistina ovoj narod, poagajki od nekoi komentatori, e ovca....
Mala rabota bile site aferi vo zdravstvo, obrazovanie, pravda, kultura.... Pa nema resor kade nema aferi, a komentatorive velat : "SAMO TOA"...
A uste kolku treba??? Zarem ne gledate deka go doprevme dnoto? arem se uste gledate portokalovo? Tolku li vi e lesen i lagoden zivotecot vas? Tolku li vi e toplo okolu dusa koga seto odokolu e zamrznato i studeno? E togas site vie mars na plostadot vo Skopje da se toplite i voshituvate na lavovite, baroknite gradbi, dupkite za portata, pardon Trijumfalnata Kapija.... Ako barem malku znaevte matematika ke presmetavte deka tamu e hranata za bolnite, lekovite, aparaturata vo bolnicite, popravkata na patistata, ucilistata, ogrevot za seto toa i uste mnoooooogu.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Ne tersi JOVAN |
Датум: 17.12.2010 15:57:11 |
|
Daj barem zborite za teksot, ne za rekla kazala, kako edna i edinstvena osobina na DPMNE da se zbori za se drugo osvena za aktuelanta tema. Ne go "davie" poveke narodot. Dosta e! |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 17.12.2010 16:05:59 |
|
Aj, aj, i kaj nas ke imame makedonski Remetinec; samo trpenie, |
|
|
|
|
|
|
Од: Biba |
Датум: 17.12.2010 16:52:35 |
|
Zoltiot pohod e veke minato na koe ne veruvam deka se gordeat i graganite od redovite na opozicijata, a da ne zboruvam pak za metlite sto e golem rezil, no kako i da e vlasta prodolzuva seriozno so reformite na site polina sto ke bide od golem interes za site graganii na R.M. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 17.12.2010 20:31:34 |
|
Комедијата продолжува но сцената нее иста.Може да им се честита на опозицијата за осетот на промена на времето.Така на време го направија маршот додека времето беше потопло,а сега сместени во загреаното собрание прават маскенбали.Прво промена дресот,беше жолт,вероватно прањето ќе ја задржи бојата,па вежби со подскокнување а со фотографии,и третото реквизит во вид на метлата,дали ќе јаваат ќе видиме наскоро. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 17.12.2010 21:35:23 |
|
Ne ve razbrav dobro "Biba", sto od ovoj posledniov slucaj na ocigleden kriminal vo min. za kultura graganite ke imaat korist? Objasnete. |
|
|
|
|
|
|
Од: flying-monaco |
Датум: 18.12.2010 11:06:47 |
|
Barem nesto seriozno da slusnevme od opozicijata, ke imavme nadez za vrakanje na vlast. Nivnite potezi nitu decata ne gi cenat za seriozni. So koj um barat predvremeni izbori?Nekogas kako deca se raduvavme so zolti maicki dobivajki gi za veligden. Se raduvavme kako sega SDSM,.Dosta e Prekinete so gluposti fatetese za rabota,samo taka se rusi vlada... |
|
|
|
|
|
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|