Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Репеша: Губиме поради Балканот, но ќе ја совладаме Германија

„Може да се загуби играта, но не и главата. И кога не ни оди мора да останеме ментално цврсти, а не на противникот да му дадеме четири слободни фрлања и топка од страна. Тоа е преголем подарок за Французите, кои навистина играат убаво и добро. Сакав да го добиеме овој натпревар, но не следи некој проклет балкански менталитет. Кога не ви оди се правите во грч“, изјави разочараниот селектор на Хрватска Јасмин Репеша, чија репрезентација по водството од 46:41 на полувремето на крајот загуби од Франција со 79:87. Но, не губи надеж дека неговиот тим ќе биде меѓу осумте најдобри во Европа.

„И натаму не гледаат како лузери, што според, резултатите засега и сме. Но тврдам дека ако денеска играме вака против Германија сигурно ќе победиме. Првото полувреме ми дава надеж“, додава Репеша.

Но и на другата страна вриска од оптимизам. Претседателот на Кошаркарската федерација на Германија, Инго Веис, и покрај тоа што неговата репрезентација има само една победа на ова ЕП (против Русија), смета дека „панцирите“ се кадарни да ја победат Хрватска.

„Момчињата потфрлија против Македонија, но разговарав со нив и сите горат од желба да ја победат Хрватска. Не само што сакаат, туку тоа и ќе го остварат!“, посочи Веис.


СловениЈа остана и без ДрагиЧ

Словенија игра одлично на ова ЕП, но среќа со повредите нема. Откако остана без Матијаш Смодиш, најверојатно до крајот на првенството, не е неможно да остане и без одличниот кошаркар на Феникс, Горан Драгич. Тој во мечот со Литванија доби удар во коленото и неговата повреда не е така наивна како што се чинеше на прв поглед. Во досегашниот дел на турнирот Драгич беше еден од најзабележителните играчи во словенечката селекција. Во четирите меча просечно играше 22 минути, уфрли 9,3 поена со 2,8 скока и имаше две украдени топки по меч.


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
Едиторијал
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Петар Арсовски
Мислења
Мимоза Ристова

Свет: фото сторија
Сиднеј прекриен со црвен прав
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува